Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Треба понекогаш и вакви утакмици малку среќа на наша страна, имено тоа што го правеше судијата минатиот натпревар не може со ништо да се оправда,денес играта беше очајна и ме плаши тоа што може да се случи во ПЛ наредното коло, уморени се, имаме повреди, краток состав (играчи што можат да сменат нешто) за мене ако извадат барем 2 победи ќе е супер ние сме скроз различен тим без Касемиро, и тоа класи подолу.
Денеска не требаше со толку напаѓачи да излезе Ерик знаејќи дека средината е најтенка таму требаше да се фокусира, среќа заврши во наша полза.
Аут сме од ПЛ, ама во игра сме за уште два купа ЕЛ е реална опција, Фа куп потешко ќе е, како и да е со уште еден трофеј јас лично ќе бидам презадоволен
 
Мечов потсеќаше на очајот од ланската сезона. Хари Мегваер никогаш повеќе не треба да го заигра за Јунајтед. Дечкото не знае каде се наоѓа, се надевам ќе си сфати и сам и се ќе биде решено лесно на лето.

Санчо подобар во второ, но перформансот целокупно му е загрижувачки. Како да заборавил да игра фудбал. Никаква брзина, не е доволно директен и на моменти изгледа како да се плаши да финишира.

За Вегхорст џабе збориме. И него не му е јасно како се најде тука.
Се што треба да е Санчо моментално е Палестри, директен на дуел плус ниско тежиште има ко Меси, топка не му се зима. Малиот полека полека треба да се бутка напред и мислам дека подобар ке излезе од Гарначо
 
Тен Хаг ги пушира сега за да види баш со што располага, може е тешко ама победнички менталитет мора да создава, рано е да се каже уште сега задоволни или не, со уште еден трофеј може фан базата да биде задоволна, со два ќе биде до небото благодарна а без 2та може и критики ќе има така да се е можно до крај ама целокупно јас лично сум задоволен оти се гледа напредок и дека Тен Хаг знае што сака а и што прави има контрола врз тимот и тоа е најважно.
 
Играчи со најмногу мечеви во топ 5 лигите. Пола состав од Јунајтед. Касемиро ке имаше и повеќе, да не му беа овие суспензии.

Frkb-uJXsAAFxt8
 
Рашфорд нема да игра за Англија на пртстојните дуели, се повлекол поради повреда. Таман нека одмори малце.
Ајде и Бруно нека каже дека е повреден нека одмори и тој.

Инаку распоредот после паузата е прегуст играме на секој три дена.
 
Ајде и Бруно нека каже дека е повреден нека одмори и тој.

Инаку распоредот после паузата е прегуст играме на секој три дена.

Kaков мислиш дека беше до сега? :D
 
Kaков мислиш дека беше до сега? :D
Абе ајде оваа е ненормално, кој и да е ќе падне плус немаме доволно широка клупа.

Ајде белки Ериксен ќе се врати да го зачисти нередот во средината на теренот.
 
Многу ке фали Касемиро, тимов е друг без него. А ни претстојат заебани утакмици, со Њукасл особено, и Брентфорд. Ке играме против екипи кои играат 1 меч неделно, одморени целосно.
 
Се што треба да е Санчо моментално е Палестри, директен на дуел плус ниско тежиште има ко Меси, топка не му се зима. Малиот полека полека треба да се бутка напред и мислам дека подобар ке излезе од Гарначо
ќе ги "реши" сите овие Гринвуд ако го вратат од наредна сезона... ни Санчо, ни Антони, ни Пелистери ни Граначо ќе се видат...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
ќе ги "реши" сите овие Гринвуд ако го вратат од наредна сезона... ни Санчо, ни Антони, ни Пелистери ни Граначо ќе се видат...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk

Ќе ги реши само ако ги тепа ко ќе не му подаваат.
 

Абе далеку сме од glory days, има уште работа али на добар пат сме.
Да ги измаваме вампирите, да му дадат поддршка на Тен хаг новите газди и очекувам подобри денови.
 
ќе ги "реши" сите овие Гринвуд ако го вратат од наредна сезона... ни Санчо, ни Антони, ни Пелистери ни Граначо ќе се видат...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Различен профил е Пелистери од Гринвуд ама како и да е ако се развијат сите како што треба немаме гајле офанзивно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom