Просечен македонец

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Untitled.jpg
 
Просечниот Македонец не купува нови батерии на далинското кога се при крај. Стега на дугмињата со сета сила...

Просечниот Македонец не ги подмачкува пафтите на вратата кога чкрипи. Вика леле како ме нервират ова вратава што чкрипи маме му ебам...
 
Просечниот Македонец со работа од 30 дена како пекар/кувар станува поголем мајстор од тие со 30 годишно искуство...

Просечниот Македонец со една недела в теретана дели совети за исхрана и за правилно вежбање...
 
На просечниот македонец дома далинското му е залепено со селотејп или изолир трака
Просечниот македонец увек чува дома или у подрум некаков предмет со надеж дека ќе се најде за нешто ама никад за ништо не се наоѓа.
 
Просечниот македонец којшто заминал триеспетка, години ништо не работи ја чека платата/пензијата од тато и мама и евентуално доколку има живи баба дедо ја чека нивната пензија и критикува други луѓе од типот овој наполнал пеес години ни работа ни сабота...

Просечниот македонец едно кафе на гости да му одиш не ти вари, а ти дискутира што ќе беше оваа скржавштина од луѓево, абе гревот не си го даваат...

Просечниот македонец којшто ти е дојден на гости ти вика денеска нешто не ми оди пиењево, ама после тоа ти вика оди земи ми уште едно пиво од литар и пол...
 
Просечниот македонец кога оди на гости и кога ќе го понудат нешто да јаде вика не фала не носи ништо не можам само кафе и вода. дома доаѓа и се разјадува како цел ден да не јадел ништо.
 
Просечниот македонец што има норматив триста грама ракија и литар и пол вино дневно, дискутира за другите овој е хроник...
 
Просечниот македонец се прави јако дупачиште и ебачиште.

Ти вика јас брат едно пеесет женски во животов мој ги имам поминато... Јас брат женскиве ги вртам како шо сакам...

И после неколку минути ти вика: Дај бе брат најди некоја мести нешто како за мене“...
 
Просечен македонски старец не се качува директно на точкот одма со префрлање на десната нога преку шипката...

Прво ја става левата нога на левиот педал, и со десната нога прави три чекори наназад и потоа ја префрлува ногата...
 
Просечен македонец купува житет со 1 сечило, за еднократна употреба, ама со него се бричи 11 пати...

Просечен македонец - Во секоја фирма има по минимум двајца што се разбираат од поправка и средување на компјутери, ама пак на крај компјутерите во сервис ги носат...

Во секоја фирма има по двајца што се разбираат од поправки на точкој, скутери, коли, ама пак на сервис после ги носат...

Просечен македонец готви домаму на плин и тоа од најголемите боци, а ти оправа муабети колку е ризик кола со плин...

Просечен македонец најчесто пие пиво од литар и пол во пластика, а ти оправа муабети колку е штетна пластикава затоа све само болести имаме...
 
Просечен Македонец е експерт за Корона Вирусот...

На 100.000 жители ние имаме највисока стапка во светот на врвни аналитичари, експерти, научници, епидемиолози за Корона вирусот...
 
Просечен Македонец којшто е роден генерација (1988-1992) година иако еден ден не е служен војска, тој знае и за ЈНА војска како се служело и за нашава армија.

Просечен Македонец роден (1988-1992) година му кажува на некој што е роден 1946/1947 година што служел 3 години морнарица како било тогаш...
 
Ти бара пари на заем,му викам немаш .... Те пцуе дека си педер,наместо да ти рече извини брат шо ти пречам со такво прашање.

Класика македонска работа.
 
...просечниот Македонец во состојба е во еден ден да испие и дваесет кафиња ако му се гага! :несвест:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom