Квалитетот и должината на клупата се на нивна страна, дефинитивно. Во овие неколку години од кога застанаа на нозе, мислам дека никогаш не била волкава разликата во нивна корист. Но, што е тука е, сме направиле и поголеми подвизи. Ја победивме Барселона на Ф4 со 4 играчи кога ја освоивме втората европска титула, зошто да не и сега?
Домашниот терен речиси секогаш ни бил предност, да се надеваме дека исто ќе биде и сега. Играчите се тие кои што се, клупата е кратка, но она што мене ме загрижува дополнително е што Столе на последните неколку натпревари не играше (ако не се лажам последно играше на мечот со Партизан во Белград). Дополнитело, Лазаревски е подолго време повреден, па и таму сме пократки него претходно.