Во среда мислам дека ќе имаме 25 поени рејт хајк и as usual вештачки квази прочитан hawkish Пауел, но пазарите ова ќе го дигестираат како крај на стегачката неуспешна мисија и почеток на Нов стимулативен серастечки циклус, шо во основа и е. Покачување на 25 поени наспроти враќање на целото QT во 24 саати не само што нема никаков офсет туку перење уста за неуспешните политики пред новинариве кои веројатно ќе го растргнат.
Шо и да направи Пауел во среда (секако само 50 поени ги апстрахирам од ова) Златото, Среброто, пазарите, МСЕ- најбитно, ќе одат во нови височини. ЕЦБ можеби се и истрча претходната недела од својот животен сопатник но ниту ЕУ ниту, светот ниту мсе нема да остане имуно на френзито шо не очекува.
Ситуацијава е исто како алкохоличар или хорсајла под ,,cold turkey'' коа после година дена ќе им ја ставиш целосната доза шо им фалела во периодот. Очекувам солидна ликвидност и кај нас. Зошо не КМБ пак до 13, 13.500, АЛК 19,20.000 или ТНБ над 30.000. Патем добра исприка и поклопување ќе биде и тоа шо сеа е претдивиденден период и услов за дивиденда од лани. Дабл вин. Парите во френзи световно опкружување не се ценат исто како сеа кога се стегаат.
Иако сево би личело на перфектен нов циклус истиот ќе заврши катастрофално на крај. Но за тоа е мнг мнг рано. Штедам зборови за лошата страна од причава пошо време е за преокупација околу идната повеќе месечна коњуктура во пазарите на капитал .