Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
За поголема ликвидност на берзата и во суштина нејзината функционалност требаат и малите инвеститори не само големите. Не гледам ништо лошо што некој продал 10 акции. Мислам реакцијата е што ги продал евтино и ја кутнал моменталната цена на УНИ.
 
Денес се на црвено освен телеком, кому 380 ден од денес е 12 месечен максимум.
Следи црвен период веројатно за повеќето.
 
Задоцнет цунами бран во Европа. Потоп на банките, запрено тргувањето за BNP, SGeneral и Commerzbank, поради пад поголем од 10%. Credit Suisse пропадна 20%, се продава за 90 денари акција.
 
Задоцнет цунами бран во Европа. Потоп на банките, запрено тргувањето за BNP, SGeneral и Commerzbank, поради пад поголем од 10%. Credit Suisse пропадна 20%, се продава за 90 денари акција.
И не само банките...
 
Credit Suisse моментално на -30% само поради пусти страв и паника, немаат никаква директна поврзаност со пропаднатите американски банки, ама сепак го ебаа ежот во грб. Нашиве банки чисто за да бидат во тренд ќе спуштат некои 2-3% (освен УНИ која може со 1 акција да се игра плус минус 10% секој ден).
 
1678957500473.png

Каков наслов. Каква слика.

Во овој момент, можеби подобро е да си изолиран од глобалниот пазар на капитал, и воопшто да не си вклучен во некој ETF, и да немаш странски инвеститори и алгоритми кои за време на панични напади би распродале без разлика на цена.
 
УПС

На прв поглед би се рекло, давеникот спасен, но еден столб колку и да јак не држи цела куќа, еве утрово потонаа сите позиции на CS во азија, а вонредно заседава и швајцарската влада, што е мнооогу редок чин. После ова ако клапне пак, иде Дунав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom