Господо! Налетав на овие коментари. Навистина е ужасно да се коментира на ваков начин. Јас работев во оваа фирма, во два наврати, неколку години. Имам право да го дадам моето мислење, кое нема баш да се совпадне со наведените. Бев важна карика во синџирот на работењето на оваа компанија. Напуштив од мои причини. Тоа е компанија, која е ретка од овој вид. Компанија која работи на база на уникатен квалитет, точна испорака и високи побараувања од страна на клиентите. Тоа го постигна Саво! Од таа причина, во компанијата нема место за денгубење, блефирање, нестручност. Јас бев во одржување и често бев нервозен поради „децата" кои ракуваат со машините и кои можеби и до ден денес на научиле како се ракува со нив. Нормално е дека секој што ќе конкурира мора да помине обука. Нема место за седење во канцеларија и работење навидум нешто важно, а без резултати. Од таа причина и доаѓа до напната атмосфера. Голем број од луѓето кои продефилираа таму очекуваа дека денот ќе им помине и платата ќе стигне. Така беше во некогашните фирми во кои работев претходно. Од факултет во конструктивно одделение и као нешто се создава. Замислете личност на 50 годишна возраст, кој кариерата ја поминал цртајќи глупости и останал на тоа ниво, убедувајќи се дека создал нешто, а појма нема. Кај Саво кој ќе помине обука, барем ќе совлада практична работа и ќе научи нешто конкретно. Лошо е што многу често помеѓу вработените се прераскажуваат лоши работи и тоа зема замав, па се добива впечаток дека нешто не чини. На сите кои сакаат да конкурираат нека конкурираат. Таа фирма барем нуди работни места. Видете ги огласите кои се објавуваат. Само глупости. Овдека барем ќе имате прилика да работите во одржување, каде се бара умешност, искуство и огромно знаење, во КАМ станица, каде е потребна креативност брзина и точност или пак на производни линии каде се бара знаење и ангажираност. Се работи нормално. Најнормално како и во секоја фирма и подобро одошто од фирми каде газдите содзале малку, или со туѓ грб, а се однесуваат како да се нешто големо. Оваа компанија има што да понуди, но бара и ангажирање на вработениот. Бара дисциплина и сериозност. Ова ви го велам најискрено. Не сум поткупен од Саво. Дури имам и причина да зборувам лошо, но тогаш не би бил објективен. Навистина сум изненаден од лошите коментари за оваа компанија. Ваква компанија нема во околинава, односно таква идеја и таков развој. Јас одамна не сум таму, но објективноста ме натера да ви ја оставам мојава препорака. Кому не му се допаѓа, нека си замине или нека не конкурира. Но не треба да се пишува сé и сешто. И никаде не е идеално. Светот нема да ве гали. Излезете сами на ветрометината на бизнисот, па вработувајте несериозни луѓе. Да ве видам!