Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
И Дрезден се ептен ултра десничари, а се збратимени со муслимани, Хорде Зла. Ултрасите во Германија се во најмала рака смешни, може имаат бројка, стадиони, кеш и менталитет за одење на утакмици и лојалност за своите клубови и градови, но и нивниот либерален поглед на политиките воопшто земено за сѐ, ќе го доведе на коленици многу брзо.
А од кога десничарите имаат проблем со муслимани? Кој им бил сојузник нив на балканот?
 
Едни Партизан и Црвена Ѕвезда имаат навивачи кои се крајно десно, што е дури малку смешно.
 
Во глобала(Балкан и источна Европа) најмногу ултра десни групи имаат баш клубови формирани за време на комунизмот
Можеби затоа што комунистите ги забраниле сите клубови од пред нивната ера, и формирале свои, затоа што сѐ потекнува од нив, нели.
Во Германија се смешни, а во Македонија се идеолошки пјуристи со славење на партизани и кукасти крстови :pos:
Иначе и хитлер бил во коалиција со балистите, така што нема ништо контрадикторно кај дрезденци (освен што цела историја на клубот биле полициски клуб во комунистички режим)
Споредба со Македонија нема! Овде сѐ е каша попара, не само во идеологијата туку во сѐ. А дека либералниве шваби се смешни, смешни се. За брзо ќе ја поминат и француско - африканската тифо сцена.
 
Можеби затоа што комунистите ги забраниле сите клубови од пред нивната ера, и формирале свои, затоа што сѐ потекнува од нив, нели.

Споредба со Македонија нема! Овде сѐ е каша попара, не само во идеологијата туку во сѐ. А дека либералниве шваби се смешни, смешни се. За брзо ќе ја поминат и француско - африканската тифо сцена.
Незнам за каква идеологија тука може да се разговара, праиме муабет за место каде што политика може да те натера да бидеш што они имаат у глава.
 
За една група да напредува константно или пак да одржува некаква константност, пред се е потребно големо замарање на поединци за организација на групата.
Ти колку сакаш имај навивачки потенцијал, фанови на клубот, луѓе кои пратат спорт особено во градови со единствена екипа која е симбол на градот и имаш далеку поголем број публика, ама се е џабе ако немаш помала група на луѓе која ќе ја води целата организација.

Групата се уништува, ако и го уништиш раководството, ако оние млади генерации кои треба да бидат идно раководство налетаат на балон период кога групите функционираат само со појавување на трибина, без ништо спектакуларно.

Јас одам на трибина сто години и ќе одам цел живот (може не со вакво темпо, согласно животните обврски), ама фаци како мене, како стариве чкембоси, сите оние (пред се од екипа пиво) кои редовно одевме на трибина без некаква најава (годината пред короната кога групата беше клинички мртва после цел тој период на политички оркестирани напади од сите страни) само да одржиме континуитет и од љубов кон клубот, не можеме да придонесеме за идно подигнување на групата, само со присуството на трибини. Да, ќе имаме почит кај помладите дека и на овие години сме навивачки активни, ќе учат од наши искуства, може нешто ќе помогнеме со идеи, АМА НЕ СМЕ ОНИЕ КОИ 24/7 ТРЧААТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА. Да се биде во организација значи да се откажеш од голем дел од слободното време, цело време таму да ти биде паметот, да трошиш многу време и пари во разговори со други за кореографии, носење материјали, акции, знамиња, договарање гостувања, а богами и да бидеш управа на клубот (како што е во моментот случајот со Комити). Место во петок да излезеш ко сите други, ти дремеш во некоја маалска сала, низ пола град шетате проектори за да ја направите кореографијата, ја сечете, лепите, ја пробувате, инструкции пишувате за да има добри 5 визуелни минути на утакмицата. И ретко кој ќе те толерира таков живот да тераш :D Сите ти пишуваат кај ќе се игра наредно коло, ќе има ли автобуси, кога ќе се трга на гостување, ти откажале комбињата, па молиш на сто страни. Правиш најави, пишуваш извештаи, си губиш неделни вечери да ги средиш клиповите што се снимале за да се долови поентата итн.

Ова што се случува е резултат на работата на помала група Комити кои напорно работат за да изгледаме како што изгледаме. Секоја група го доживува врвот кога има помала група на луѓе кои деноноќно се зафатени со организација и уште поважно кога истите немаат некакво задни намери и интереси од тоа што го прават, туку го прават од љубов кон клубот и групата и затоа што уживаат во ултрас животот.

Зошто напреднаа ФА во тој период? Да, маалските фаци секогаш ќе ги најдеш за да одат на трибина, ама ако ти немаш добра организација, ќе беа како село без кучиња. Ама цела заслуга беше на тие што највеќе се замараа од АРТ екипата, а веќе не одат на трибина.

ЦПБ со Гого ги имаше најјаките времиња. Кој ќе привлече нови членови? Овие мунгосиве партиски што им останаа?

Лозари како се издигнаа?
Затоа што имаат неколку членови што цела Европа ја шетаат на навивачки настани, имаат топ односи со членови на многу групи, учат од нив, ја протнаа идејата за мала група која ќе го обедини цел град, што ќе има топ изглед на трибина. Порано кога ќе се спомнеа Лозари, ми текнуваше на никаква дружина предводена од шерифот ( :D ), што беше поим за потсмев, со наведнати глави како ноеви поминуваа крај 10 Пирати. Види ги сега, имаат уникатни идеи (макар копирани од Фирма и други), топ пиро, фотограф кој е убееееедливо број еден за правење јаки слики, едноставно личат на група. Е сега бројката не е најсјајна, ама тоа е резултат на многу фактори, сепак организационо се одлични.

Чкембари личат дека имаат преродба?
Нормално, друго е кога ќе се растрчаат помладите членови, одма и изгледот им е далеку подобар, се очекува да растат во иднина.

Верувам исто е и со Рибари, гледам и таму има група на неколку души што ги трча сите работи.

Комити беа врв кога беа предводени од Екипа Корео (истата замисла од сега), ама тоа не им се допаѓаше на партиите и не срушија. Сега состојбата е уште подобра со оваа структура и уште поважно, меѓу постарото членство кое е активно на трибина, нема задни намери, не се партиски послушници.
Порано им правиш цел план, картите ги даваш да ги продаваат некои постари, пола си ги лапнале за нив, за групата ништо нема да остане. Сега со целиот начин на самофинансирање, групата си дозволува и да организира настани како прославата и да помага ПАРИЧНО во ФК Вардар.
Ама цел тој наплив на средства не е од небо, туку резултат на макотрпна работа на правење реквизити, налепници итн.
Плус се исчистија генерациите што беа научени на гага, сега секој без проблем плаќа карта, секоја утакмица.

Мора да издвојам дека сегашното раководство ги нема тие проблеми кои ги имаше Екипа Корео во тие години, а тоа беа однесувањето на постарите членови и нивното непочитување на работата на помладите. Едноставно толкав беше јазот во генерациите, што тие беа навикнати да групите бидат финснсирани од клубот, да на трибина бидеш прав индијанец, да се чаталиш на помали (пример пола трибина не пее, ама шамари јадат само најмалите, другарите твои не ги чепкаш, ако уста не отвораат), да те боли кур како помладите треба цел град да го поминат со автобус поминувајќи со реквизити сред непријателска територија, важно да се замастиш во кафана после утакмица, да го дрвиш со "во наше време вака онака". Немаше шанси да направиш ред на трибина, ќе ти се обесат на шипка или ќе дремат горе или ќе ја усерат кореографијата, пола тепачки меѓу себе за тоа се случувале.
Сега активните постари целосно следат инструкции на трибина, даваат поддршка на постарите, се грижат за помладите во смисла на транспорт и организација, буквално се растени во ваков навивачки филм што е предност за сегашното раководство.

Зошто Мајмуни и Винари се распашана команда?
Дека нема здраво водство, нема никакво водство. Они и 10000 ќе се соберат, ама џабе е, ќе личат на багра собрана онака.

Организацијата се гледа и по подгрупите на Комити.
Зошто од некои населби константно имаме највеќе членови? Затоа што има луѓе таму што организираат. Зошто Кисела Вода е нула во моментов, а има најголем потенцијал за мобилизација? Затоа што тие што организираа се иселија, дополнително убиството на Саздо го уби и ентузијазмот кај младината и отиде населбата. Да земе некој да организира, плус 50-100 луѓе би имале од таму уште на првата утакмица.

Многу труд треба за да се крене една група. За жал, си бара и резултати на спортски план, дуели со две навивачки групи, нешто што на македонските групи им е хендикеп. Дополнително не јаде масовната стапка на иселување на младите и голем број изгубени генерации во годините со најголема репресија од мвр (годините на Гоца).

Треба да се искористи моментумот кој го имаат македонските групи за да одат напред, браво за сите што се во организацискиот дел на групите.
 
Последно уредено:
И Дрезден се ептен ултра десничари, а се збратимени со муслимани, Хорде Зла. Ултрасите во Германија се во најмала рака смешни, може имаат бројка, стадиони, кеш и менталитет за одење на утакмици и лојалност за своите клубови и градови, но и нивниот либерален поглед на политиките воопшто земено за сѐ, ќе го доведе на коленици многу брзо.
Пукна тиквата помеѓу Дрезден и Хорде Зла, не знам само дали и официјално братството е завршено.

И јас порано мислев дека се смешни, ама далеку од тоа, организација, членство, тепачки, живеат прав ултрас живот. Единствено што се премногу лево ориентирани, тоа што си го пишал ти го имав и јас пишано пред неколку објави.
 
ЦПБ со Гого ги имаше најјаките времиња. Кој ќе привлече нови членови? Овие мунгосиве партиски што им останаа?
Тој што го спомнуваш си го глеал само на слики зошто во 2010 година твоите од дома не ти даваа да одиш на утакмици, затоа те замолувам поштеди не од твоето мислење стекнато на социјални мрежи. Тие што треба знаат колку и како е помогнато официјално и неофицијално. Поздрав сајбер рајдер и се гледаме :D
 
Една тема која не сме ја отвориле во поглед на колекционерството е собирање карти од утакмици на кои СТЕ ПРИСУСТВУВАЛЕ.

За жал, кај нас кога имавме сезонски членски карти не ни даваа карти на запад. Порано влезот беше гага и немаше карти, а па во поново време често сме плаќале само на влез, без да се даде карта.
Или една иста карта се дава цело време.

Затоа најголем дел од картите се од РК, каде што најчесто имало карти за европските утакмици. Се случувало некогаш да земам карта од јужна за успомен, пошто на запад немало карта. Има на сликите и карти од други клубови, на утакмици на кои сме гостувале или самостојно сум бил.

20230314_163026.jpg20230314_160919.jpg20230314_160601.jpg20230314_160004.jpg20230314_155245.jpg

Плус некои ливчиња од песни и инструкции :D
20230314_161158.jpg

Како и членските сезонски :D
20230314_161743.jpg
 
Една тема која не сме ја отвориле во поглед на колекционерството е собирање карти од утакмици на кои СТЕ ПРИСУСТВУВАЛЕ.

За жал, кај нас кога имавме сезонски членски карти не ни даваа карти на запад. Порано влезот беше гага и немаше карти, а па во поново време често сме плаќале само на влез, без да се даде карта.
Или една иста карта се дава цело време.

Затоа најголем дел од картите се од РК, каде што најчесто имало карти за европските утакмици. Се случувало некогаш да земам карта од јужна за успомен, пошто на запад немало карта. Има на сликите и карти од други клубови, на утакмици на кои сме гостувале или самостојно сум бил.

Прегледај го приврзокот 371630Прегледај го приврзокот 371632Прегледај го приврзокот 371633Прегледај го приврзокот 371634Прегледај го приврзокот 371635

Плус некои ливчиња од песни и инструкции :D
Прегледај го приврзокот 371636

Како и членските сезонски :D
Прегледај го приврзокот 371637
:cuc::cuc::cuc:
Затоа те кладовме воџа на Форум Кру :ojeaa:
 
Германците се многу поголеми ултраси од Балканците. И мн негативно мислење имат општо за Балканските групи, и за начинот на тепање на Балканците со користење на ножеви итн. Тие баш се тепат ферски и имат и повеќе тепачки а и многу помалку страдат од то. Ама јбг и стандардот му го дозволва, имат се и тоа му е начин на забава.
 
Ако сакаш да размениме некои билети слободно пиши ми. Јас имам исто голема колекција на билети со многу гостински карти од Вардар, а бидејќи секогаш сум имал сезонска карта на Вардар некои карти од домашните мечеви ми фалат во колекцијата
 
Можеби затоа што комунистите ги забраниле сите клубови од пред нивната ера, и формирале свои, затоа што сѐ потекнува од нив, нели.

Споредба со Македонија нема! Овде сѐ е каша попара, не само во идеологијата туку во сѐ. А дека либералниве шваби се смешни, смешни се. За брзо ќе ја поминат и француско - африканската тифо сцена.

Не би се согласил али во скоро сите Вар - Пак држави + Екс Ју скоро во секоја лига освен ми се чини во Русија и Србија оставен е по еден клуб кој предходно бил добар и актуелен да биде во сенка на новоформираните но притоа да се бори за првите неколку места. Сега дали се работи за некаков хир или не знам ама истражи види дека се води кон тоа погоре.

Германците се многу поголеми ултраси од Балканците. И мн негативно мислење имат општо за Балканските групи, и за начинот на тепање на Балканците со користење на ножеви итн. Тие баш се тепат ферски и имат и повеќе тепачки а и многу помалку страдат од то. Ама јбг и стандардот му го дозволва, имат се и тоа му е начин на забава.

Не знам колку си упатен во тематиката Германија, ама имам некој информации од прва рака и доста следам, На германските трибини плафон има ајде да речеме 1000 ако и толку има луѓе што се ултраси, другото е обични фанови кој од време на време даваат поддршка преку пеење песни, дали според цената на карти дали поради фактот што од време на време сакаат да викнат не знам. (Имаше парола пред десетина години само за слику сс обичну публику) Додека во балканските копови, пак зависи како го разбираш поимот Балкан 90% во секторите се навивачи сега дали се ултраси дискутабилно. Значи разговараме за сектори или трибини каде е забрането седење константно се анимираат сите луѓе и све што правиш за викенд на трибина. Освен во Бугарија таму полека станува тренд на навивачки трибини да има и цели фамилии све комплет. Според мене тоа тепање на ливади ми нема баш врска со ултрас, тие што учестуваат во тоа одамна не се поспремни навивачи него тренирани борци стрикно само за тоа, некако повеќе ми имаат смисла оние акции со упаѓање неколку часа пред натпревар во град па нема теорија да се избегне, некако ми е многу по навивачки тоа него ли ливада, ама секој има право на свој избор. Додека по репутација и кога се работи за гостување некаде чисто сумњам дека полицијата е на штрек и мобилност исто како кога гостува балканска група или кога гостува некоја од Германија. Ова е личен став поткрепен со доста текстови и ствари што сум ги читал па и извештаии од навивачки групи. Во европските фудбалски развиени земји навивачките копови се некако по природни со тоа и подобри на некој начин во пониските лиги, отколку во главните лиги. Причини за ова има доста пред се високите цени на билети, пропагирањето и набивање на нос на разно разни педерзими, клечење пред секој натпревар, играчите го гледаат дресот единствено како извор на пари без никакво чуство према клубот, безброј забрани за се и сешто итн. Овие причини и уште многу други едноставно голем дел на вистински ултраси ги оттргнуваат од стадион, нормално тие не прекинуваат да го сакаат клубот само послабо одат на трибина. Додека во пониските лиги, кој не се толку медиумски покриени на некој начин е полабаво. Е сеа зависи ова све може лесно да се генерализира но тука имаш Белгија, Австрија, Холандија каде има стварно опасно добри групи и во прва и во втора лига. Чисто како интересен пример за крај во доба на корона, ми се чини 4-та лига Австрија или Германија ама убеден сум дека беше 4-та дали беа први или меѓу првите баш тие почнаа да се бунат против сите мерките преку пароли и застави.
 
Znam deka Ckembari ne postavuvat pokje tuka izvestai, nema ni jas vo nivno ime, ama ednostvano od ovie dena moram da spodelam slikite i tolku od mene. Taka da momci ke mi izvinite za ova, ama morav da klam i da pisam edno golemo bravo! Samo prodolzete vaka! Na tribina gledam sliki imate navivaci iskusni, koj grupata ja drzele vo najteskite godini i pominale se i sesto,taka da ima od koj da naucite. Se gordeam so novata krv na ckembari, a ova e samo pocetok, daleku od to deka se e sredeno, ama samo borba deckiii i malce sport i ke bidi top!
Vervam deka imate odvrzani race i poddrska od postarote,zato i se gleda napredokot. Doprva ke gi vratite site na tribina.

Pozdrav do site tifozi od ova foto galerija!

2ED75711-EAFA-4EA1-8806-8926123F7041.jpeg
ED6E0E5A-BBBD-43B0-BBED-88BD3B94D208.jpeg
D3FEEAE3-B684-4A33-91B8-C4449452C821.jpeg
61717CDE-B611-4BB4-BD02-82F3E9528BFF.jpeg
313C3788-166C-4E3E-940C-1229B83AF490.jpeg
AFE8EBC1-1741-4494-B1BB-3C893067C1B3.jpeg
95F1A256-79C9-4C9B-BC9C-1AEC5706F603.jpeg
558ECDC5-CEDC-4AE4-82C7-1C2C0F9D7FDB.jpeg
7A2282BA-84CA-42AB-AE6D-4EAE89EA0BFF.jpeg
 
Пролетната офанзива кон Првата лига продолжува. Нема пауза!

Сите комитски екипи во недела мора да бидат во Кичево. За Вардар наш!

Собир: Железничка станица | 12:00ч
Поаѓање: 13:00ч
Цена: 200ден.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Поради одлуката дека на стадион ќе биде внесена само колоната која ќе тргне од Скопје со автобуси, групата не превзема одговорност доколку некој индивидуално тргне со сопствен превоз и не му биде дозволен влез на стадионот!

МОБИЛИЗАЦИЈА!
1f534.png
⚫️

1678905772719.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom