Врчак

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Имам уште половина саат од видеото, ама некои вистини конечно овде беа кажани. Досега од виденото и слушнатото сум презадоволен. А и научив некои работи.

Научив дека Врчак е против правење робства на животинчиња. Секој што прави робства на животинчиња, според Врчак, а по видеово и според мене, треба да престане да прави робства на животинчиња и така ќе биде среќен, само најубави работи ќе му се случуваат.
Научив дека најголем промотор за правење робства на животинчиња била некоја единка стара миљарди години позната како Господ. Таа единка цело време правела саботажи и ги убедувала луѓето да прават робства, ама не како порано кога имало еден завет у кој уште појако биле приморани луѓето да прават робства, ама единката го укинала тој завет, шо значи дека на добар пат била скроз да се откаже од правење робства на животинчиња.

Еве илустрирано (ова е со нарација од Врчак во видеото) какви методи користела единката стара миљарди години позната како Господ за да ги тера луѓето да прават робства на животинчиња:
Screenshot 2022-12-25 165036.png

Научив дека Врчак снимил албум во Америка, во најдобрата продуцентска куќа на некој црнец. Ама бил загрижен дека заради неговата ревносна борба против правење робства на животинчиња(за која борба во Америка херој го направиле), единката стара миљарди години позната како Господ, преку нејзините слуги, религиските причемени, можела да го саботира.
Screenshot 2022-12-25 171322.png

Не знам, запрепастен сум. Мислам дека ова е тоа отварање очи што ни требаше и ова е човекот кој поседува и извонреден музички талент(што му недостасуваше на Тино Кајшаров) и духовен сензибилитет(што, за жал, му недостасуваше на Глоријан) за конечно, преку музиката и активизмот да не извади колективно од калта.
Ја, после видеово, не знам шо ќе правам. Ништо не ми е интересно веќе. Ни јутјуб видеа, ни филмови, ни серии. Седам така у соба, инертен. Чекам да се стемни...
 

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
Јас просто уште не можам да си дојдам на себе после ова со Врчак.
Ај ќе го тргнам видеото и сето тоа на страна. Песната! Има голем потенцијал, ама на што личи тоа? Каква е таа продукција? Зошто така? И ред други прашања кои ми се мотаат низ глава.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.342
Јас просто уште не можам да си дојдам на себе после ова со Врчак.
Ај ќе го тргнам видеото и сето тоа на страна. Песната! Има голем потенцијал, ама на што личи тоа? Каква е таа продукција? Зошто така? И ред други прашања кои ми се мотаат низ глава.
тоа е студио во Холивуд ја праело песната. Истото студио каде што Ариана Гранде, Бруно Марс и компанија праат музиката.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
" И викаш не знаеш ти зелник да сукаш а? "
...зелникот се учи и се сука дома, ако веќе ќе излезам јавно да го рекламирам или ќе направам снимка на јутјуб за натпреварувачка реклама ќе се потрудам да научам и како се прави, а и да немам грешки во пишувањето на таа реклама.:toe:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
...зелникот се учи и се сука дома, ако веќе ќе излезам јавно да го рекламирам или ќе направам снимка на јутјуб за натпреварувачка реклама ќе се потрудам да научам и како се прави, а и да немам грешки во пишувањето на таа реклама.:toe:
Мислев за сликата од Врчак, како меме.
Не за тебе лично
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378

По многу долга пауза, а поради како што вели неброени пораки што ги добивал постојано, Раде Врчаковски- Врчак, на крајот од минатата година се врати на музичката сцена со нова песна со интригантен наслов, „Да ме лизнеш“. Врчак е феномен, без оглед на тоа што музички не беше активен, тој ги задржа своите стари фанови, а доби и нови, во сегашните генерации на млади што му ги слушаат песните. „И повторно сам“, „Пред да заспијам“ и многу други се и денес хитови.
За Женски магазин, Раде искрено зборува што правел сите ове години, за љубовта поради која живее, за она што го научил од татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски, за албумот кој го снимил во Америка со соработниците на Бруно Марс, и за научните откритија кои се негови дела, запишани се во книга, и верува дека светот наскоро ќе слушне за нив. Врчак за себеси вели дека тој е ненадминлив гениј на свој начин, но сепак е скромен човек кој никогаш не живеел за славата.

*Те молам раскажи ни ја целата порака на новата песна „Да ме лижнеш“, која е доста впечатлива и коментирана, што всушност раскажува твојот нов сингл?
-Новата песна ја направив потикнат од иснстирања на неизброени, неизброени пораки кои ми стасале од луѓе само во последните неколку години со молења да правам нови песни. Новата песна ја направив на смеа и со огромна радост, а целта на новата песна е да се привлече внимание на се сите теми кој се опфатени во воведот на самата песна, а се од важност за секој човек да ги чуе барем еднаш во животот. Во воведот има и информации до Светската Здравествена Организација и од најнови медицински истражувања кои секој човек треба да ги знае, и да имаме поубав, подолг, поздрав живот, како и иднина без ропства на планетата Земја.
*Што правеше сите овие години додека јавноста не знаеше речиси ништо за тебе?

-Јас си живеам супер стерилно, несакам да се експонирам многу многу, и несакам да ми се меша никој во приватноста. Мајка ми ми вели “многу си убав сине, чувај се, ќе те урочи некој”, јас се смеам на ова ама вистина е дека поубаво е помирно да си живее човек и затоа приватноста си ја делам само со сите најблиски. Во целосниот вовед на новата песна, кој трае речиси два часа, раскажувам и за сè приватно а интересно што се случуваше во изминатите години, и сè на што работев. Премногу нови работи, меѓу кои се следниве: Во државата ни се случија најголемите научни откритија во историјата на планетата велат луѓе, сè во поле на физиката и асторфизиката. Научни откритија кои поминаакако точни на сите професорски ревизорни комисии и беа објавени на единаесетата Меѓународна Научна Конвеција за меѓународни научни трудови при Европскиот Фкаултет во Скопје. Сè поврзано со научните откритија е со поголема вредност од што може човек да сонува, во ова ќе се увери секој човек во иднина. Сè ова е мое дело. Ќе излезе и книга на оваа тема во Америка, книгата е со наслов I LOVE YOU BABY, а научните откритија се дел од книгата. Направив и скратена ebook верзија од книгата која е сега за сега само за кај нас во државата, и може секој да ја најде на www.iloveyoubabybook.com. На англиски е книгата затоа што е американска.

Јас сум супер активен цело време и како мравка вредно работам. Пред да се случи сè со научните откритија, студирав и добив диплома од Беркли во Америка за професионална музичка продукција, во Америка завршив и средно пред да почнам со студиите на Медицинскиот факултет кај на.Брат ми заврши одличен светски познат факултет за компјутерски науки и со години живее и работи во Америка, Американец е пратично, живее во самиот центар на Њујорк, а и мене сè ме влече да си работам во Америка.

Америка ми е во срцето како „мелтинг-пот“ на љубов од културите низ целиот свет, Америкаците како нација се луѓе кои посакуваат најубава иднина на сите луѓе на целата планета. Америка ме асоцира на здрав живот и љубов. Во Америка супер актелни се сите теми против глобалното затоплување, против ропства на животичња, јас речиси цел живот имам вегетаријански начин на исхрана кој е и медицински докажано најздрав за телото и јас сум против било какви ропства кој се прават на животичиња, а херој ме направија на оваа тема кај нас oд најголемата организација која се грижи да нема ропства на планетата, и ми дадоа многу љубов и елан и од срце им помагам и ќе им помагам и кај нас и во Америка.

Паралено со сѐ ова, во прегратка на најголемата љубов, снимавме и албум во Америка со продуцентот на Бруно Марс во Парамаунт, вo Холивуд, со одлични артисти од Лос Анџелес. Америкаците се воодушевени од песните и велат дека албумот одлично ќе помине во Америка. Држете ни среќа, ако успееме со албумот во Америка, ќе успееме дојдеме до внимание низ целата планета, да имаме поубав, подолг, поздрав живот и поубава иднина на планетата земја. Секој тоа го посакува.

Јас сум си ненадминлив гениј на свој начин, додека сутудрав на Беркли имавме еден студиски предмет целосно поврзан со технологиите во музичката продуцијата, и од огромното лично мое искуство на овие теми, дојдов до начини за прочистување на аудио и видео сигналите, со кој се зголемуваа квалитетот, а истовремено значително се штеди енегија во домовите на милијарди луѓе низ целата планета, со што се намалува и глобалното затоплување. Држете ни среќа да успееме во Амрика и да го споделиме ова низ цел свет. Во воведот на новата песна која излезе кај нас пред новата 2023 година раскажав сè на оваа тема, и приложени физички примери, а и раскажав сèи за научните открија, како се случија, и ги објаснив, и раскажав сè подлабоко и детално за американскиот албум кој го снимавме во Америка, со продуцентот на Бруно Марс и Џејсон Деруло, и како се случи, итн. Секој човек може да чуе се во целосниот вовед на новата песна.

*Што се смени во македонската музика сите овие години според тебе, одиме кон полошо или подобро?
-Јас не ни знам што се случува во Македонија и на македоската музичка сцена, ама луѓе практично постојано ме молат да правам нови песни затоа што велат нема музика во државата, велат “тапа е сè”, со тие зборови.

*Што се смени општо, во нашето живеење, во луѓето, во начинот на однесување и размислување?

-Животот е преубав, топење во насмевки и најубави чуства, животот е речиси бесконечна љубов секој ден може да се каже, тоа сме и ние, а под тоа индивидуална е до секој човек перцепцијата за животот, општо во сооднос со средината во која секој човек живее.

*Kако изгледа твојот живот денес, за кои работи живееш, што те прави среќен?

Јас сум си “one of a kind”. Љубовта е врв над сè, а животот е бесконечна љубов, и тоа чуство сака човек да го сподели со сите. За секој човек кој талка по љубовта, или бара скратен пат до љубовта. може ова да го кажам: Малку треба за човек да е најсреќен на свет и полн со љубов, а тое е внатершно чуство кое е бесплатно за секој човек да си го постигне. Без разлика дали човек живее во палати или под ѕвездите, животот е постојано префинување во убавина и уживања во убавината на животот и љубовта, а љубовта и убавината се насекаде, најблиску до нас, сè во нас самите.

Да ужива во животот човек мора да е здрав, а да е здрав човек мора да се грижи за своето тело и да внимава на исхраната и на физичката активност. Вегетарианскиот начин на исхрана кој станува најактуелен низ цел свет е и медициски докажано најздрав за телата на луѓето, а истиот начин на исхрана придонесува во прекинивање на сите ропства кој се прават на планетата, и тоа чуство дава огромна љубов. 21век е, на Марс може градови да градиме хранејќи се со растелна храна а на Земјата е сè полесно, растелна храна има и во зима и во лето генерално во изобилство достапна за сите луѓе низ целата планета, а истата е и медициски докажано поздрава, затоа не постојат изговори ропства да се оджуваат на животиниња на планетата. Секој човек мора да се активира на оваа тема и да се приклучи против ропства на планетата Земја и да си има најубав и навкусен вегетариански начин на живот. Покрај здравата исрана секој мора да си се грижи и за телото. Телото е направено да се движи, дури и Светската Здравствена Организација има истакато дека секој човек мора да има барем 40 минути физичка активност во текот на денот. Јас речиси цел секој ден цел живот џогирам наутро, а обожавам и да пешачам, како пердув лесео и преубаво си се чустувам во телото и тоа чуство на секој му го посакувам. Да се пешачи секој ден на чист воздух препорачува секој доктор.Да се пешачи повеќе место да се возат коли придонесува и во намалување на гобалното затоплувње кое може да предизвика смртоносна опасност за сè живо на планетата. Татко ми и кога беше генерален директор на Државна Болица и кога имаше државен шофер да го носи на работа, одбиваше со кола да го возат со цел да си пешачи и да даде пример на сите доктори, барем докторите да се грижат повеќе да имаме чист воздух. Од татко ми оваа љубов ми е наследена. Во последно време ново ми е запознавање со нови Фејсбук пријатели и пешачење со нив на чист воздух (на секој човек ова би го препорачал), и разговараме на сите овие теми и сѐ оди напред одлично.

Сето ова споено како и на напредокот на ова поле, ми е мал вонприватен дел од сѐ најактуелно во моментов што ме прави најсреќен.




*Кога ќе се сетиш на златното време од твоите почетоци во тинејџерските години, што најмногу ти недостасува?
- Јас си живеам над сите тие работи, никогаш не сум имал амбиција да создавам музика, луѓето сами тоа ми го барале да го правам, и истото секогаш тоа ми било некое минорно хоби од моите средношколски диџејски денови кога сум правел мискови и ремиски на песни за во дискотеки и сѐ поврзано со музиката, некако излегло да има огромни успеси. Артистската работа ми е обврска мора да кажам, а на никој мислам не му недостасуваат обврски освен кога со љубов сака некој да направи нешто. Со љубов сѐ се прави, со љубов се прави и сѐ најубаво, љубовта е и инсприација, и муза, и сѐ. Мене бидејки менаправија херој од најголемата организација во државата против ропства на планетата, ми ја освжеија љубовта на ова поле, и да им помогнам, со огромна љубов го направив албумот кој го снимавме во Америка, за низ цел свет да дојдеме до внимание на ова поле кое е од важност за секој човек на планетата, и одлично излезе сѐ. Врв е американскиот албум, велат самите Американци, еден соработник кој е номиниран за Греми вели дека песните на албумот ни се врв, со можеби најубави текстови напишани во американската музичка историја (и во тоа во иднина ќе може секој човек да се увери).

*За каков точно материјал се работи, кога ќе можеме да го слушнеме овој американски албум?

-Албумот кој го снимавме во Америка е американски и е супер комерицален. Во текот на подготовките на албумот изби корона пандемијата низ планетата, а ние сите сме докторска фамилија и како секој доктор што би кажал, мора да се избегнуваат концертни настани и гужви во времиња на екстремно опасни падемии. Сега веќе корона кризата е во затишје и се надевам дека албумот ќе излезе во Америка до пред летото во 2024, а да се надеваме дека ќе е и порано. Длабоко поpецизни информации за сѐ поврзано со американскиот албум и како се случи да снимаме албум во Америка со продуцентот на Бруно Марс, има во целосниот вовед на новата песна “Да ме лижнеш” која излезе кај нас пред Новата 2023 година.

*Посакуваш ли и дали целиш кон тоа да станеш познат вон границите на Македонија, или славата сепак не ти е приоритет?
-Јас сум над сето тоа во животот, амбиции немам никакви, таков сум цел живот, и со никој жив не би се сменил. Искрено, јас како обожавател на одлична музка и одлични песни посакувам од сѐ срце одлично да помине албумот во Америка, и да пренесеме пораки низ цел свет, и за сѐе најбитно и да имаме поубав, подолг и поздрав живот - тоа и секој човек на планетата го посакува.

*Што мислиш, како успеа да останеш толку актуелен и баран и покрај тоа што долги години немаш нов музички материјал?
-Во нас постои енегрија која е својствена на душата на секој човек во однос на животот кој го живееме. Јас на пример сум одичен ученик, одличен спротист на ниво на виток професионален атлетичар, победнички дух имам со бесконечна љубов и тоа зрачи. Актерството во песни е актерство, ама енегијата на животот ни се пренеува преку продуцијата и енегијата во музиката, тоа се најчесто чувства на бесконечна љубов во длабочината на аранжманите кој секој сака да ги почустува. Мајсторијата во уметноста на продуцијата е исто е дел од магијата која заведува, јас во дискотеки израснав, одличен диџеј бев и сум, и тој сенс и таа магија на енегија во музиката и флуидност се пренесува низ продукцијата, и затоа и може денденес луѓе постојано ми велат дека моите песни во диско звучат најубаво, и за новата песна фантасични воодушевувачки кометари добив од илјадници луѓе.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Вчера го видов интервјуто. Си викам ај да го прочитам, може она со промоцијата на песната му беше некој маркетиншки трик. Кога читам, стварно скроз забегал овој. Ова не ми личи на интервју со човек на кој му се сите овци на број.

Види го само ова: Врв е американскиот албум, велат самите Американци, еден соработник кој е номиниран за Греми вели дека песните на албумот ни се врв, со можеби најубави текстови напишани во американската музичка историја (и во тоа во иднина ќе може секој човек да се увери). :facepalm:
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
Ова со Врчак ме потсеќа на една познаничка од средно, беше помала 2 години, се издруживме неколку пати и баш у тој период со другарките почнаа да фаќаат трава, им беше јако. Другаркиве и се опраија и го надраснаа моментот, али девојчето ваљда загази па почна да зема и други работи. Морам да напоменам дека беше елоквентна интелигентна особа, можеше да се направи нередовен муабет со нејзе за се и сешто.

У меѓувреме продолжи веројатно со тешки дроги и очигледно мозокот и стана пача, па почна да објавува видеа на фејсбук кај што игра на рандом песни, па почна со објавување неповрзани текстови на фејсбук, па фантазираше дека станала познат ликовен уметник објавувајќи цртежи што мало дете од 2 одделение би ги нацртало, плачеше кога и пресекоа дрво у дворот и погреб му организираше (сериозно), едноставано дереализација.

Пред некое време се слушна муабет дека починала од предозираност ама ја спасија и сега единствено нешто што и останува е љубовта од родителите па сеуште пробуваат да ја социјализираат, да ја изнесуваат да и ја вратат нормалноста но залудно е...

Премногу ме потсеќа на Врчак.. Го знам човекот и имам искомуницирано со него на доста журки кога настапувал пред 12-3 години. Човекот си беше на место, мирен, иако доста го мразеа тогаш беше премногу чил и малку наивен. Гарантирам дека на тој Врчак да му го покажеш текстов или ова што го проповеда ко расипана плоча едноставно би се убил или би се згазил од смеа.

И ова со продуцентиве од америка, посакувам да не сум у право, ама е вистинито само во неговата фантазија..

Не знам за која дрога или печурки се работи ама очигледно запаѓаат у некој лош трип, им се увртува нешто у глава и тоа е нема прешалтување назад.
Само се надевам дека неговите не се откажани од него и дека не е оставен сам.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
Леле го пуштив 2 мин видеоно, сеа со тој глас и оние психо звуци у позадина го читам текстот. Шо да рече човек ќе згреши
 

Kajgana Shop

На врв Bottom