ЗБОГУМ на коцкањето

  • Креатор на темата Креатор на темата Миг1440@
  • Време на започнување Време на започнување

Верувам дека Миг1440@ :

  • ќе влезе во коцкарница, нема да издржи!

  • ќе влезе во коцкарница ама нема да се коцка.

  • ќе влезе во коцкарница и ќе продолжи со коцкање.

  • ќе го одржи ветувањето и нема да влезе во коцкарница и да се коцка.

  • не знам што ќе направи.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
И се извинувам на @коцка затоа што се поклопи насловот на темата со нејзе,
пробав да го сменам името но не знаев како некој ме пријавил и веќе е сменето и се извинувам уште еднаш...
 
Уште едно прашање ме мачи, зошто не се збори на телевизија за ова опсесивно компулсивно коцкање, дали е некој преќутен
договор на телевизиите и кладилниците воопшто да не се отвара оваа тема
 
Ако сакаме да има помалку млади што се коцкаат треба да се направи во коцкарници и кладилници влагање или онлајн само со членарина, членарина да се наплаќа 1000 денари а членарината да важи само за еден месец после месецот пак дај 1000 денари за членарина ако сакаш да влезеш и да играш.
 
Последно уредено:
На српска телевизија гледам на You to be еден дечко како се исповеда за коцката и он збори дека во Србија нема групи за поддршка за Коцкари со нивни приказни...
 
На српска телевизија гледам на You to be еден дечко како се исповеда за коцката и он збори дека во Србија нема групи за поддршка за Коцкари со нивни приказни...
Дали ти имаш проблем со зависност од коцкање?
 
Дали ти имаш проблем со зависност од коцкање?
Да имам,сакам да се откажам, до сега неколку пати се откажувам но пак се враќам...Највеќе што сум се откажал е шест месеци...
 
Да имам,сакам да се откажам, до сега неколку пати се откажувам но пак се враќам...Највеќе што сум се откажал е шест месеци...
Браво.....ти посакувам да собереш сила и да се спасиш од тоа зло.
Секој неуспех е почеток на патот кон успехот.
 
Да имам,сакам да се откажам, до сега неколку пати се откажувам но пак се враќам...Највеќе што сум се откажал е шест месеци...
Ако по некоја случајност не можеш да се откажеш од коцка учи како се тргува на берза со валути бидејки таму шансите ти се големи за добивки ако научиш како се тргува.
 
Ти Благодарам за поддршката
Можеш да го пишеш твоето искуство за тие успешни шест месеци пауза од коцката...на некој ке му затреба а и ќе биде добредојден и твојот совет.
 
не се дружи со коцкари и ќе надминеш. Почни да се бавиш со други работи најди си хоби, ако поминуваш покрај некоја улица каде што има апарати иди по друга, треба да си свесен тоа што го правиш дека не е исправно у глобала и да не се ставаш под искушенија. И евентуално ќе го надминеш тоа.
 
Совет нема да ти дадам... не го знам решението. Најверојатно е решението во твојот мозок, треба само да исплива на површина.
Ќе ти кажам само приказна за мој познаник кој беше голем зависник од коцка. Човекот беше вреден, но целата заштеда ја загуби на коцкање и по казина. Толку беше зависен, што подигна кредит од банката во вредност од 10.000 евра, и успеа и тие пари да ги прокоцка... му остана само кредитот.
И тогаш се случи... жена му го собра детето и го напушти. ТОА БЕШЕ РЕШЕНИЕТО. Во тој момент, тој изгледа ја препозна неговата зависност и неговата безизлезна ситуација. Ја молеше жена му да му се врати и и вети дека ќе престане да се коцка. По некое време и таа му се врати. Работеше прекувремено и успеа да го врати кредитот и не пипна коцка никогаш повторно.

П.С. Зборувам за случка од пред 20 години.
 
Можеш да го пишеш твоето искуство за тие успешни шест месеци пауза од коцката...на некој ке му затреба а и ќе биде добредојден и твојот совет.
Како го оставив коцкањето во тој момент...Нешто се прекрши во мене ,шетајќи на кеј со другар видов еден познајник, ми кажа дека се оставил со жена му, кога го прашав зошто, ми кажа дека го искоцкал станот затоа го оставила, се исплашив да не ми се случи и на мене истото...така го оставив шест месеци едноставно се исплашив да не ми се случи и мене да ме остави,што ќе ми е живот без семејство...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom