Се сложувам со тебе но тоа не е гратис дојдено, има причина што е така.
Ќе се сложам дека советските и руските радари и ПВО рекети се традиционално помоќни и поефективни ама индивидуално гледано.
Во војна потребна е координација, тука најдобри се израелците со железно небо.
Мрежа на ПВО секогаш ќе биде подобра од индивидуални рекети. Патриот го прави ова, интегрирана ПВО одбрана, С-500 ѓоамити го прави истото, ама на телевизија само, за сега.
Америте тоа го прават слоевито и многу комплексно, ама затоа имаат многу добри командни софтвери кои се контролирани од подофицери. Сето тоа е многу добро интегрирано.
Америте имаат 4 командни центри ТОС
Гибралтар, Рамштајн, Авиано и Инџирлик, помогнати од Бондстил, Талин, Крит, Констанца и Нарвик. Ако јас летам дрон во Велес на свадба, оперативниот офицер во Нарвик ќе ја има таа информација достапна. Ќе имаат доволно време за 4 клучни чекори:
Детекција
Класификација (што летало е)
Препознавање (пријател, непријател, цивил)
Дејствување (што оружје ќе употреби, нема патриот на дрон да пука, ќе биде некој манпад)
Русите може да сонуваат за такво нешто
Лани ова време русите навлегоа во Украина со исклучено ПВОза да не куткаат свои летала
Фан факт, интегрираната НАТО ПВО има и С-300 и С-400 во своите слоеви