Баш затоа бе Јамајка се трагикомедија твоите навивања за Рускиот систем. Реферати пишуваш во другана тема за "неуспехот" на Русија во овој конфликт, а на мало дете ќе му е јасно дека нешто смрди во Руската тактика.
Ги фалиш руските факултети, инженери, а планираш бмв 7 да си купиш, додека мнозинството Руси ментално утепани, живеат на прагот на сиромаштија, иако ги имаат сите природни ресурси на нивна територија.
Јас во конкретнава ситуација сум за Русија, бидејќи договорите се прекршени од страна на Украина, областите кои Русија ќе ги добие, со векови се населени со Руси и нема никаква сличност со глупостите и споредбите со Косово, Македонија и Бугарија, што ги пишуваат Локван, Антон. Но со ова одолговлекување Путин потврдува дека е на страната на режисерот за глобалниот рестарт.
Ги правиш парите со САД, но ти друже реферати со многу глупи објаснувања се изнапиша, што не е можно да си толку ограничен. Значи посакуваш тоталитарни системи, а тоа те прави, рало, плуг, не си ни мултикултиватор, за трактор треба уште да кркаш.
Со оној копачот Ванчо, се ситите што империјата се распаѓа, ама не гледате дека замената ќе е уште пострашна. Значи нема да биде на комшијата да му умре козата, а нас две, туку ние целото стадо ќе го изгубиме во тој систем.
Прво и основно, кај пишувам јас дека посакувам да падне САД? Јас констатирам тоа што се случува со САД. САД е држава отуѓена од народот и поради тоа се дави во сопствената тиња. А и треба да се дави. Секоја држава што се одвојува од својот народ, судено и е да ја снема. Мене најмалку од сите тука тоа ми одговара. Јас не се борам за да Русија биде на тронот на светот, тоа е несомнено нешто што се случува, сакале ние или не. Јас не ја кажувам тука стратегијата на Русија од аспект на слеп навивач, туку од аспект поврзување на достапни информации и воена литература, која ја читам интензивно(може грешам, не викам не, ама јас моето си го кажувам без да се плашам дали роден ќе сере после нешто ако сум погрешил). Јас не кажувам за моќта на образованието на техничките факултети на Русија од аспект на Русофил, туку од аспект на вонреден асистент на постдипломски студии (работев 2 семестри на computer vision и ML) на еден од најстарите факултети во Европа.
Знаеш јас дека немам проблем на со начинот на практикување на власта, пошто знаеш дека сметам дека секој начин на крај станува коруптивен, како што е случајот со демократијата, која во моментов е можеби толку девалвирана како поим, што не вреди ни да се зборува околу тоа.
Јас не навивам за Русија, за да пропадне САД, ниту да пропадне никоја друга држава. Јас не го носам гневот на заслепените љубители на фашисти, од каприц на својата Русофобија. Јас не ги мразам Американците, Евреите, Британците. Па не ги мразам ниту Бугарите, Србите, Грците и Албанците. Јас ги мразам Нацистите, ИСИС, шарените куртони, агресивните шовинисти и сите оние кои ги подржуваат иако се свесни какво зло се.... без разлика која вера и нација се. Пошто тие се тие што го уништуваат светот, а не Путин. Јас навивам за Русија, за да се створи баланс, да не може некој си таму да си игра курот со кого стигне и да не тера да мењаме име, да ревидираме историја и слични небулози кои сме присилени да ги правиме. И ти имаш многу погрешна престава за Руското општество, едноставно кога немаа никакви правила, државата беше претворена во пустош. Па така сега, кој сака да живее во таа земја мора да ги поштува правилата. Никогаш, тие правила Русија нема да ги наметне на друга земја, времето на комунизмот одамна помина.
И на крај јас не верувам во предефинирано сценарио во светската историја, додека ти тоа предефинирано сценарио го имаш како премиса во своите толкувања. И да ти кажам околу приказната со козите и стадото. Дедо ми од многу се откажал во 1945, за да ја види Македонија на Македонците, па така ако треба и јас од све ќе се откажам, ако тоа ни го приушти, било Русија, било Америка, пошто очигледно ние самите без амин на големите, тоа неможеме да си го пришутиме.