Осми март- осум мрачни женски биографии

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.885
Поени од реакции
42.570
:facepalm::facepalm::facepalm:
шо е поентата на темава, има ли модератор овде да глеа шо се дешава? @Луси @Zlatikevichius

на дечково му треба сериозен третман во институција, малце и жалничко е.
вистината не треба да ве боли, човекот споделува реалност, дека и жените прават зло, не само мужите како е популарно да се верува.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599

Кој вика дека само мажите прават зло? Буквално никој никаде нема нешо такво напишано, мислам членов ( а и очигледно некој попалени со слични мислења ко него ) веќе подолго време шири шовинизам и мизогинија на форумов. Никој нит го чепка нит го провоцира, едноставно си отвара теми и шири омраза во буквална смисла кон жените. Јас мислам крајно време е некој од модераторите да седне да се позанимава со тоа каква содржина се дозволува на форумов. Едно е споделување мислење, друго е ширење пропаганда.
 
тоа е само последично на вашиот однос и наметнување нови правила. Да немаше феминизам и феминистки ќе го немаше и него да отвара вакви теми. Знаеш, све има акција и реакција. Пробувајќи да направиме нешто, предизвикуваме нешто трето.

Вие ја раните мизогинијата кај мажите од ова што приметувам и тоа станува се позастапено. Ликови како Ендру Тејт што стануваат популарни преку ноќ не е за ништо. Вашиот феминизам ствара раздори меѓу односите на мажот и жената. Тоа буквално го немаше пред десетина години, но еве сега го има. Водење политики на поделби и желба за газење на спротивниот пол доведуваат до овие ситуации.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.141
Поени од реакции
5.722
шо е поентата на темава, има ли модератор овде да глеа шо се дешава? @Луси @Zlatikevichius
на дечково му треба сериозен третман во институција, малце и жалничко е.
Со агресивните ставови на „неподобниот“ ниту јас не се согласувам, ама уште помалку со вашите агресивни ставови „цензура и диктатура“...
Кога ќе погледнеме на форумов, какви теми опстојуваат и какви ликови коментираат, а никој не ги „казнува“, не разбирам зошто тогаш оваа тема би била цензурирана.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Со агресивните ставови на „неподобниот“ ниту јас не се согласувам, ама уште помалку со вашите агресивни ставови „цензура и диктатура“...
Кога ќе погледнеме на форумов, какви теми опстојуваат и какви ликови коментираат, а никој не ги „казнува“, не разбирам зошто тогаш оваа тема би била цензурирана.
Кои агресивни ставови? Никој не бара цензура ни диктатура, ама што е поентата на последниве теми и пропагирањето на вакви ставови, посебно во период кога секоја недела има нов случај со силувања и убиства како последица на семејно насилство? Па форумов никогаш немал понепријателска клима кон жените реално. Членов од кога е зачленат сите теми и мислења му се таргетирани и полни со омраза кон жените. Сум за здрава дискусија и издржани аргументи, ама некој да пуца на празно само затоа што влечи траума од некоја жена и да пропагира вакви шовинистички и прости мислења, не сфаќам која е целта. Сериозно мислам дека дел од изнесените ставови на одредени членови не се веќе ни смешни, туку бараат институциска помош. Кога ќе се осврнам на мислењата на неколку низ темиве, не е ни чудо што случки како силувања се се почести.
А никој не го провоцира, напротив. Воскресна еден куп теми кои со години не биле активни, и не престанува да отвара теми и да шири мислења со ироничен и навредлив тон кон жените.

Не знам искрено и какво е мислењето на модераторите/администраторите реално, ако поентата е да се отвараат теми без некоја позначајна дискусија, кај шо двајца без тројца ќе се тапшаат по рамо со хехенца, дај тогаш да почниме да си ги мериме сите и да отвараме глупави теми за да докажеме нешто. Ако веќе нема пилот во авионот.
Навистина ме интересира мислење од @Acid @Zlatikevichius и не знам кој е веќе надлежен.
 
Дека „човеков“ си има проблем со женскиот пол е толку очигледно, но искрено, за овој пост не можам да му најдам примедба до сега. И ако навистина биде тргнат постов од администраторите или модераторите, тогаш по реципроцитет треба да се санкционираат и сите оние членови кои најотворено и со најгнасни зборови се обраќаат кон женските ликови на овој форум. Е, мислам дека тогаш ќе го избришат половина од форумов...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.115
Поени од реакции
23.590
Дека „човеков“ си има проблем со женскиот пол е толку очигледно, но искрено, за овој пост не можам да му најдам примедба до сега. И ако навистина биде тргнат постов од администраторите или модераторите, тогаш по реципроцитет треба да се санкционираат и сите оние членови кои најотворено и со најгнасни зборови се обраќаат кон женските ликови на овој форум. Е, мислам дека тогаш ќе го избришат половина од форумов...
Dobro odsega ke pisime samo hvalospejki za zenskiot rod. Nesto vo smisla zena, majka, kralica posto mnogu osetlivi bile.
Ili uste podobro sekoj nareden post vo bilo koja tema da pomini na pregled kaj emceto objektivnata na odobruvanje, pa ako e podoben ke bidi odobren, ako ne nisto.
P.s po reciprotitet togas ke treba site temi kade se zbora loso za mazite da bidat izbrisani i site zeni koi se ogresile vo pisuvanheto da bidat isto izbrisani. E toa e reciprotitet a ne toa sto ti go predlagas ;)
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.431
Поени од реакции
13.492
Се создава нетрпение на темава.

Некои чупиња со нивните ставови иако се оградуваат од споменатите фашистичките чупиња, го тераат човек да помисли дека ги бранат, оти биле жени.

На тој начин креираат мислење дека сите жени се исти, што не е тачно.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.286
Темата е на место нема дамка и е насочена кон овие осум дундици а не кон сите жени.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Кои агресивни ставови? Никој не бара цензура ни диктатура, ама што е поентата на последниве теми и пропагирањето на вакви ставови, посебно во период кога секоја недела има нов случај со силувања и убиства како последица на семејно насилство? Па форумов никогаш немал понепријателска клима кон жените реално. Членов од кога е зачленат сите теми и мислења му се таргетирани и полни со омраза кон жените. Сум за здрава дискусија и издржани аргументи, ама некој да пуца на празно само затоа што влечи траума од некоја жена и да пропагира вакви шовинистички и прости мислења, не сфаќам која е целта. Сериозно мислам дека дел од изнесените ставови на одредени членови не се веќе ни смешни, туку бараат институциска помош. Кога ќе се осврнам на мислењата на неколку низ темиве, не е ни чудо што случки како силувања се се почести.
А никој не го провоцира, напротив. Воскресна еден куп теми кои со години не биле активни, и не престанува да отвара теми и да шири мислења со ироничен и навредлив тон кон жените.
Емче, зошто си нервозна? Мислам дека нема да се сложиме околу неколку точки. Ќе започнам од климата која владее на форумов, не знам кое е мерилото на нетрпеливост, дали тоа е квантитет на теми, навреди, провокации, мислења кои циркулираат или соодносот на мажи и жени (иако се е во драстичен пад). И како климата која владее на форумов се рефлектира врз општеството и предметот на дискусиите во ова општество? Немам намера да изигравам адвокат на оваа платформа, но ќе одам со една компарација со еден наш, друг, форум- Фемина, каде ако јас и ти бевме таму членови, јас ти напишев “Здраво, како си?“ во приватна порака, и ти ме пријавеше, тоа веројатно ќе резултираше со мој бан. Ако не ми веруваш, прочитај ги тамошните форумски правила. Тоа е доминантно женски форум каде нетолеранцијата пука од секоја форумска пора. Сега, ако тоа ни биде некоја почетна точка на размислување, затворање на сите теми кои не ни се допаѓаат, дали следната точка ќе биде забрана на пристап на членови кои не се согласуваат на темите кои ќе останат затоа што “секојдневно има силувања, напади, семејно насилство...“? Зборувам за општи теми каде и нема некои аргументи сем напади на општество, заедницата, мажот, законите, институциите, и оправдувања во смисла историската почетна точка и сл. Тука и историската положба, законски, е променета, од подредена кон рамноправна кон надредена со сите привилегии кои ги уживате. Истите се добиени на картата “историска жртва“ и сега ќе се прошират и во Законот за Влада и кон Кривичниот законик.

Сега за силувањата, се сеќавам дека, пред неколку години, го опфативме овој сегмент на форумов, каде се преувеличуваше овој сегмент и излезе дека во Македонија има околу 40 пријавени силувања на годишно ниво. Проблемот е што немаме резултати од (вон)судските исходи, дали сите пријавени силувања навистина биле силувања, а не го знаеме ни процентот на непријавените, но можам да се кладам дека има повеќе непријавени силувања над мажи отколку од жени. Зборувам од аспект на жртвата, а не од аспект на сторителот, конкретно за затворите кои се сива зона каде не постои ниту регулација, ниту доволен надзор и секојдневно при рациите се наоѓаат телефони, цигари, и наркотични средства. И 40 се многу, но тоа е кривично дело и општеството се здружува со жртвата, а не со сторителот (со ислкучок на педофилите и на сексуалните претстапници кои првично се претстапници, а потоа и жртви на силување. тие се и најголема таргет група во затворите и за нив има посебни затворски одделенија). Тука е и онаа меѓукатегорија, која се запоставува од сите политичари, а тоа е злоставувањето на децата. Децата се најголеми жртви на семејно насилство. Треба и мора да се промени наративот и фокусот. И ако се тргне кон (обид за) решавање на овие проблеми, пристапот не смее да биде “сузбивање на родово базираното насилство“ (и тука има грешка, затоа што родот е лингвистика, а полот биологија), туку сузбивање на насилството затоа што сите можат и се жртви на некоја форма на насилство.

Некој член, пред години, во ДК напиша дека форумов е Македонија во мало. Така не треба да се очекува некоја интелектуална дебата со издржани ставови на секоја можна тема затоа што најголемиот дел од нас се лаици за најголем дел од темите, па и онаму каде сме најкадарни, секако дека не можеме да знаеме буквално се или ги заобиколуваме затоа што сакаме оздишка и се втурнуваме во некоја категорија на забава или порелаксирана дискусија. Секако, има и членови кои се за провоцирање, тролање и навредување, на дел самите админи им даваат ветер во едрата, но убавината е во тоа што можеме некого да игнорираме, можеме да ги бираме темите кои ќе ги читаме, а можеме да ги бираме и соговорниците со кои ќе дебатираме.

И дап, колку повеќе реагираш, толку повеќе ќе те провоцираат и нервираат.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Нема проблем Емке, нема на што, повели и другпат.
Отворив тема за мракот на женскиот дух, тема за којашто е невозможно да се види или прочита било што освен ако не копаш низ нетот по специјализирана литература на пр. клиничка психологија и дури и тогаш е многу веројатно таа литература да биде цензурирана од џебни хитлерици на штикли- и наместо “благодарам” добивам “пичка ти матер” во форма на тих бан преку преместување на темата на форум што никој не го чита.
Зошто е важно да се испита мрачниот дел од колективната психа? За да се загосподари со тој мрак, за да имаш власт врз него, а не тој врз тебе. Зашто ако немаш власт врз сопствениот мрак, тој тебе ќе те води и ти ќе го сметаш за своја судбина.
 
Член од
5 март 2023
Мислења
431
Поени од реакции
1.748
Феминацистичкиот став е "ова не ми се свиѓа-cancel-ирај го" , не смее да се зборува за ултра-токсичните женски особини, не смее да се зборува дека постојат жени сериски убијци, не смееш да критикуваш жена, не смееш да си со спротивен став од неа, они се секогаш у право за се. Нив не им требаат мажи, они се strong independent women (освен кога ќе им се дупне гума на автомобилот, кога има пожар, кога ќе им затреба полиција, хаусмајстор, куќите,зградите и патиштата се изградени од мажи, итн. итн.). Кога жена ќе ја соочиш со факти и ќе и докажеш дека не е у право одма врти на мизогинија, Ендрју Тејт, тебе треба да те банираат.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Емче, зошто си нервозна? Мислам дека нема да се сложиме околу неколку точки. Ќе започнам од климата која владее на форумов, не знам кое е мерилото на нетрпеливост, дали тоа е квантитет на теми, навреди, провокации, мислења кои циркулираат или соодносот на мажи и жени (иако се е во драстичен пад). И како климата која владее на форумов се рефлектира врз општеството и предметот на дискусиите во ова општество? Немам намера да изигравам адвокат на оваа платформа, но ќе одам со една компарација со еден наш, друг, форум- Фемина, каде ако јас и ти бевме таму членови, јас ти напишев “Здраво, како си?“ во приватна порака, и ти ме пријавеше, тоа веројатно ќе резултираше со мој бан. Ако не ми веруваш, прочитај ги тамошните форумски правила. Тоа е доминантно женски форум каде нетолеранцијата пука од секоја форумска пора. Сега, ако тоа ни биде некоја почетна точка на размислување, затворање на сите теми кои не ни се допаѓаат, дали следната точка ќе биде забрана на пристап на членови кои не се согласуваат на темите кои ќе останат затоа што “секојдневно има силувања, напади, семејно насилство...“? Зборувам за општи теми каде и нема некои аргументи сем напади на општество, заедницата, мажот, законите, институциите, и оправдувања во смисла историската почетна точка и сл. Тука и историската положба, законски, е променета, од подредена кон рамноправна кон надредена со сите привилегии кои ги уживате. Истите се добиени на картата “историска жртва“ и сега ќе се прошират и во Законот за Влада и кон Кривичниот законик.

Сега за силувањата, се сеќавам дека, пред неколку години, го опфативме овој сегмент на форумов, каде се преувеличуваше овој сегмент и излезе дека во Македонија има околу 40 пријавени силувања на годишно ниво. Проблемот е што немаме резултати од (вон)судските исходи, дали сите пријавени силувања навистина биле силувања, а не го знаеме ни процентот на непријавените, но можам да се кладам дека има повеќе непријавени силувања над мажи отколку од жени. Зборувам од аспект на жртвата, а не од аспект на сторителот, конкретно за затворите кои се сива зона каде не постои ниту регулација, ниту доволен надзор и секојдневно при рациите се наоѓаат телефони, цигари, и наркотични средства. И 40 се многу, но тоа е кривично дело и општеството се здружува со жртвата, а не со сторителот (со ислкучок на педофилите и на сексуалните претстапници кои првично се претстапници, а потоа и жртви на силување. тие се и најголема таргет група во затворите и за нив има посебни затворски одделенија). Тука е и онаа меѓукатегорија, која се запоставува од сите политичари, а тоа е злоставувањето на децата. Децата се најголеми жртви на семејно насилство. Треба и мора да се промени наративот и фокусот. И ако се тргне кон (обид за) решавање на овие проблеми, пристапот не смее да биде “сузбивање на родово базираното насилство“ (и тука има грешка, затоа што родот е лингвистика, а полот биологија), туку сузбивање на насилството затоа што сите можат и се жртви на некоја форма на насилство.

Некој член, пред години, во ДК напиша дека форумов е Македонија во мало. Така не треба да се очекува некоја интелектуална дебата со издржани ставови на секоја можна тема затоа што најголемиот дел од нас се лаици за најголем дел од темите, па и онаму каде сме најкадарни, секако дека не можеме да знаеме буквално се или ги заобиколуваме затоа што сакаме оздишка и се втурнуваме во некоја категорија на забава или порелаксирана дискусија. Секако, има и членови кои се за провоцирање, тролање и навредување, на дел самите админи им даваат ветер во едрата, но убавината е во тоа што можеме некого да игнорираме, можеме да ги бираме темите кои ќе ги читаме, а можеме да ги бираме и соговорниците со кои ќе дебатираме.

И дап, колку повеќе реагираш, толку повеќе ќе те провоцираат и нервираат.
Делумно не се согласувам со твојот пост. Да почнеме од климата на форумов последниве неколку месеци.
Дотичниот член може да си отвара колку сака безвезни теми, факт е дека се безвезни и се нонсенс и дека човекот има некој психички проблем. Зошто жените се шминкаат, на мажите не им се потребни жените, 8 мрачни женски биографии за да се докаже дека не само мажите се гомна, башка секое мислење во секоја тема кај шо постирал е - Жените се криви. Него не му смета феминизмот, него му сметаат жените. Му смета што некоја го откачила, му смета шо може има жена шеф на работа, му смета шо жена вози кола, едноставно најсреќен би бил доколку не снема.

Темите и немаат основа за некоја релевантна дискусија освен рант на неколку истомисленици околу тоа колку ги мразат жените. На темата за Латас се наредија 20 страни и се посраа со релативизирање "Ох, колку поголеми проблеми имаме во нашата држава, ние се фатиме да дискутираме РЕДЕНКА на некое курвиче од пред 50 години". Истите луѓе кои пишуваа такви коментари на тие теми, се први да дадат гнасен коментар на овие квази теми. Па хехенца фрчат, тоа е, ливадарки, караконџули, курвичиња, секаков речник фршти по темите. Одеднаш другите проблеми во државава се важни ко ланскиот снег, важно е да се потенцира колку се жените за никаде и дека не ги бива и дека се уствари основа на сите проблеми во општеството. Како беше, феминацистки? Е за ваква клима зборувам. Кога на ваков аудиториум ќе му дадеш неограничена слобода, само небото е граница.

Е сеа не е проблем кога има еден, два вакви изолирани случаи, проблем е кога се штанцаат вакви мислења и се будат некој подзаскриени идеали кај грото од машката популација. Добиваат ветар во грб, а со фактот што очигледно администрацијата на форумов не реагира на навредлив речник освен ако не е по пријава, можам и да ги сфатам зошо добиваат толку залет. Си имаат плодна почва на форумов и си жнеат. Ронче дури и вчера се најде угнетен, ќе го брани Тејт. Обвинет за трговија со бело робје. Има изјави во кои ги споредува жените со куче, па не требало жените да возат, не требало да се едуцираат, биле сопственост на мажот. За жената се зборува ко буквална стока. И вакво токсично размислување се прелива за жал и надвор од кајгана, секако со голем замав пошо се тапшаат тука дечките по рамо по цели денови колку е ок така да се размислува. Пак ќе повторам, во период во кој се драстично зачестени силувањата/обидите за силувања и насилство врз жените.
А и не можам да не спомнам дека темата за Јавна соба на форумов не беше отворена како последица на медиумската прашина што се дигна ниту па беше осудена, туку првично беше отворена со цел да се бара прием во истата. И се ова не подлежеше и уште не подлежи на санкции од администрацијата на форумов, која ми изгледа тотално незаинтересирана за тоа што се дискутира на форумов, се додека има сообраќај нека пишува кој шо сака.

Е сега на темата за мажите и насилството поврзано со нив, до некаде се слагам дека постои стигма на пријавување насилство врз мажите и надвор од затворите ( за жал креирана во голем дел од самиот машки пол ), и никој не го оспорува фактот дека истото постои, никој не ги глорифицира жените дека се светици или безгрешни суштества, но кој треба тоа да го поправи и да каже дека постои како секојдневна појава? Ако Моралниот и неговата банда се осеќаат угнетени што жените си ги бараат своите права и се борат и зборуваат против вакви социјални појави, што би бил следниот логичен чекор? Да кукаат на кајгана дека жените им ги зеле сите права ( божем од небо ни паднало тоа ) и буквално да шират омраза кон истите, или да почнат здрава дискусија за да вакви проблеми не се маргинализираат? Ама лесно е да се лае само, кога треба да се дејствува сите си собираат главчињата. Некој друг нека ја води таа борба, целта на овие ликови е во нивната мизерија да ги повлечат сите останати.

Мене ми е јасно дека крајности постојат од двете страни, постојат и крајно десни феминистки со сфаќања кои не ги поддржувам, ама па ова шо се дешава на форумов е скроз друга, поопасна крајност.

Толку од мене, одам да го чистам снегот од пред двор во име на рамноправноста.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom