Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121
Без платно?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, имам едно прашање. Возач почетник сум, но ме застанаа со 0,7 промили, и ми пишаа казна 225€ и притоа ми ја зедоа возачката на лице место. На одлуката пишуваше дека ми е земена привремено, 24 часа и другиот ден си ја зедов. Но според закониве читам дека се одземала од 3 до 6 месеци, и плус почетник сум, но не ми рекоа ништо за на суд.. И сега каква е процедурата, треба да чекам покана за на суд ?! Малку ми е чудно што пишуваше дека е одземена привремено, 24 часа …
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.798
Поени од реакции
4.343

Ќе чекаш покана за на суд и секад се одзима привремено 24 часа оти си возел пијан.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ќе чекаш покана за на суд и секад се одзима привремено 24 часа оти си возел пијан.
Океј фала.. Од 0.5 -0.8 е 3-6 месеци одземање, дали дека сум почетник и нема толеранција на алкохол ќе важи истово или ја земаат на подолг период ?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.798
Поени од реакции
4.343
Океј фала.. Од 0.5 -0.8 е 3-6 месеци одземање, дали дека сум почетник и нема толеранција на алкохол ќе важи истово или ја земаат на подолг период ?
Нема разлика дали си почетник или не, тој период е.
 
Член од
13 септември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
9
Ај Здраво на сите, бев на Водно со девојчето и се седевме лабавевме у кола немаше никакви акции и у еден момент се појавија дечки од Полиција во униформа, излегов од возило мислејќи дека е некој пазач или манијак, али се испостави дека е Полиција. Ми побараа лични документи односно лична карта и возачка дозвола, целиот момент беше тоа што ме праушуваше едниот општо полициски прашања а другиот ја имаше мојата лична, додека се дешаваше оваа цела дешавка, едниот што ја имаше мојата лична као демек пишуваше у тефтер ама беше мртва темница односно не можеше он да види камо ли ја шо пишува и како. Другиот полицаец со кој што праев муабет цело време алудираше на тоа дека сум паркиран на зелена површина (што и бев), додека и ми збореше дека би идел на суд поради тоа што ме фатиле во шума. Како и да е ме пуштија говорејќи дека ми пишале казна од 180 евра ради паркираност на зелена површина, при тоа кога барав да видам што имаат напишано за да знам што би потпишал они ми викаа цело време дека ако сум сакал да видам шо потпишувам онда сум требал да потпишам или во случајот на домашна адреса ќе ми стигне, се натегавме и на крај нишо не дадоа да видам ме избркаа со викотница.
Имам три прашања
Дали станува за стара џандарска фора шо фората им беше само да избркаат?
Дали ќе ми стигне некаква казна, притоа додека едниот додека глумеше дека пишува беше мртва темница нишо не се глеаше?
Дали имаат напишано казна, при тоа што негираа да ми дадат да видам што имаат напишано пред да ставам потпис и доколу не се потпишам ќе ми стигнала казната поради тоа што според некој нивен протокол доколку дошле по пријава се запишувал тој што рушел јавен ред и мир или едноставно сум местен?
П.С кога барав да видам што имаат напишано не ми даваа бараа првин да се потпишам, а кога остапував од тоа да се потпишам директ алудираа дека ќе ми ја пуштат дома казната, друга работа колку што знам ако полиција ти пише казна ти даваат да си ја видиш казната и те насочуваат каде да се потпишеш.
Станува збор за полициска фора само да се исчистам со дрвојчето или стварно пишале казна?
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Ако сте се натегале, доволно матичниот да ти го запипшале, кај и да е ќе ти стигне казна...
 
Член од
13 септември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
9
Ако сте се натегале, доволно матичниот да ти го запипшале, кај и да е ќе ти стигне казна...
Не се натегав со девојчето зборот ми е за со џандарите десјтвието се одвиваше на брзина дали 5 минути.
Автоматски споено мислење:

Ако сте се натегале, доволно матичниот да ти го запипшале, кај и да е ќе ти стигне казна...
Плус дејствието беше пред ден два
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Не се натегав со девојчето зборот ми е за со џандарите десјтвието се одвиваше на брзина дали 5 минути.
Автоматски споено мислење:

Плус дејствието беше пред ден два
Досадно им било, па малку џандарски финти , заебанции што реално никој не ги разбира.
 
Член од
2 август 2022
Мислења
206
Поени од реакции
121
Не се натегав со девојчето зборот ми е за со џандарите десјтвието се одвиваше на брзина дали 5 минути.
Ако те пишале ќе ти кажеле. Мислам дека малку од малку ставени се во ред.
 
Член од
13 септември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
9
Досадно им било, па малку џандарски финти , заебанции што реално никој не ги разбира.
Значи само колку да заплашат да си идеме п.с не ми дадоа никаков документ камо ли документ дека одбивам да потпишам казна.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Значи само колку да заплашат да си идеме п.с не ми дадоа никаков документ камо ли документ дека одбивам да потпишам казна.
Те провериле по лична карта, запишале дека те легитимирале. И да те фателе во некоја незгодна позиција истото ќе било.
 
Член од
7 март 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, прошлата година ми напишаа казна за брзо возење(82 каде што треба 50), и ми пратиле покана за суд. Дали може да не отидам на судењето или морам да присуствувам? Што ќе се случи ако не отидам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom