...од толку научници, теории, тези и формули, не знам што би можела лаик како мене да каже околу ова проблематика, но секогаш го имав прашањето ако гравитацијата е взаемно привлекување на две маси каде потешката ја привлекува полесната, што пак човекот кога прв пат се спуштил на Месечина како помала маса би требало да биде привлечен од Месечината и да постои гравитација додека се движеел врз нејзина површина, а не да лебди да нема гравитација, значи тука мора да има една главна улога и централното јадро на Земјата, што Месечината ја нема, што никаде не ја сретнав како параметар во тие формули за гравитација.
...од толку научници, теории, тези и формули, не знам што би можела лаик како мене да каже околу ова проблематика, но секогаш го имав прашањето ако гравитацијата е взаемно привлекување на две маси каде потешката ја привлекува полесната, што пак човекот кога прв пат се спуштил на Месечина како помала маса би требало да биде привлечен од Месечината и да постои гравитација додека се движеел врз нејзина површина, а не да лебди да нема гравитација, значи тука мора да има една главна улога и централното јадро на Земјата, што Месечината ја нема, што никаде не ја сретнав како параметар во тие формули за гравитација.
Зар песокот на месечината под нозете на астронаутот што ти скока на сликата или гифот не треба да лебди пред да падне ? Има многу недостатоци за т.н „слетување на месечината" кои не можеле или не се ни обиделе да ги сокријат креаторите на измамата НАСА но не би одел во тој правец. Кој верува во тоа негов проблем. Прашањето ми е ШТО Е ТОА ГРАВИТАЦИЈА? Ете барем @Lester Freamon си кажа дека е сила Хепта верувам истото го мисли. Ако е сила каде е изворот на таа сила ? Каква енергија ја пренесува? Не може гравитацијата во исто време да биде неидентификувана невидлива сила а во исто време за некои работи да не постои односно да биде селективна. Јас верувам дека гравитација не постои туку постои ГУСТИНА И ПОТИСОК. Одреден предмет пуштен од некоја висина паѓа НЕ ЗАРАДИ НЕКАКВА ФИКТИВНА СИЛА КОЈА НАВОДНО ПРИВЛЕКУВА туку паѓа ЗАТОА ШТО ГУСТИНАТА НА ПРЕДМЕТОТ ОДНОСНО МАСАТА НА ПРЕДМЕТОТ Е ПОТЕШКА ОД ГУСТИНАТА ВОЗДУХОТ. Предмет како камен пуштен во вода пропаѓа затоа што ГУСТИНАТА НА КАМЕНОТ Е ПОГОЛЕМА ОД ОНАА НА ВОДАТА а во друг случај дрвена летва ќе плови на површината на водата затоа што ГУСТИНАТА НА ДРВЕНАТА ЛЕТВИЧКА Е ПОЛЕСНА ОД ОНАА НА ВОДАТА. Значи ова сум го пишувал и порано и не би сакал да се повторувам.
Пчелката мора со своите мускули да одржува сила спротивна од таа која што ја влече надолу кон Земјата или отприлика ако пчелката е 5g тежина, силата со која би се одржувала во една точка да не оди надолу е 0.04905N спротивно од векторот на силата со која пчелката е привлечена кон Земјата
Значи да заклучиме дека за терминот „гравитација" се уште никој не знае да објасни што е ниту како се појавува. Во ред еве тоа ќе го прогледаме низ прсти...
Но, за да се произведе сила како што е „гравитацијата” и да се пренесе таа сила на далечина се бара некаква енергија. Од тука клучното прашање е:
Каде е изворот на силата односно енергијата на „гравитацијата"?
Ако „гравитацијата“ е заслужна како сила доволно силна за да ги држи сите океани, згради, луѓе и атмосфера заглавени на површината на „вртечката топка", тогаш е невозможно „гравитацијата“ истовремено да биде доволно слаба за да дозволи птици, бубачки и авиони да полетуваат и слободно да патуваат непречено во која било насока.
Ако за „гравитацијата“ се смета дека е доволно силна за да го закриви огромното пространство на океаните околу топчестата Земја, би било невозможно рибите и другите суштества да пливаат низ таква силно задржана вода.
Ако скокнам во место одбивајќи се од земја дали така ја побивам „гравитацијата"?
За каква сила односно енергија се работи? Прашањето е многу едноставно: Значи, што претставува „гравитација"? Ако не знаете што претставува тогаш дали воопшто и постои таква „невидлива неидентификувана таканаречена сила"?
Автоматски споено мислење:
Сконцентрирај се добро ти давам уште една шанса... Дали освен јаболкото на Њутн и падобранец кој скока од авион на висина од 10км. константно ќе паѓа со g=9.81m/s^2?
Автоматски споено мислење:
Дали се сеќаваш на ова видео? Твојот одговор се крие во ова видео... Дали сфати за што се работи? Hint: Exactly the same е погрешен одговор
Од Неговите атрибути; Бог Е несоздаден, предвечен и неограничен и Он твори со Неговата промисла и со Неговата апсолутно слодобна волја да чини што наумил.
Ако малку прочепкаш, самиот ќе ја увидиш сета сложеност на створените нешта во природатаи Вселената, а таа сложеност никогаш нема да биде потполно осознаена и исцрпена од било која од науките и философиите...
...Дури и Исак Њутн, за кој се вели дека е откривач на гравитацијата, знаел дека има проблеми со теоријата. Тој тврди дека ја измислил идејата рано во својот живот, но знаел дека ниту еден математичар од неговото време нема да ја одобри неговата теорија, па затоа измислил сосема нова гранка на математиката, наречена флуксиони, само за да ја „докаже“ својата теорија. Ова стана калкулус, длабоко неисправна гранка која има врска со таканаречените „бесконечно мали“ кои никогаш не биле забележани. Потоа, кога Ајнштајн измислил нова теорија за гравитација, тој исто така користел нејасна математика наречена тензори. Се чини дека секогаш кога постои теорија за гравитација, таа се меша со математика. Њутн, инаку, беше далеку од секуларен научник, а најголемиот дел од неговите списи се всушност за теологијата и христијанството. Неговото зафаќање со гравитацијата, алхемијата и калкулусот беше само споредна работа, можеби абер, кој најдобро беше да се заборави во опишувањето на неговата кариера и вербата во Творецот.
За да бидат работите уште полоши, поборниците на теоријата на гравитацијата претпоставуваат за мистериозни нешта наречени гравитони и гравитациски бранови. Тие никогаш не биле забележани, а кога биле објавени некои извештаи за откривање на гравитационите бранови, вклучените физичари морале брзо да ги повлечат. Секој извештај за анти-гравитацијата и гравитационите бранови брзо предизвикува смеа. Ова не е теорија погодна за деца. Па дури и децата можат да видат колку е смешно да се замисли дека луѓето во Австралија се наопаку во однос на нас, како што би сакала теоријата на гравитација. Ако ова е пример за предвидувачката моќ на теоријата на гравитацијата, можеме да видиме дека во суштината нема основа...
Па ако на двајцата ви е срам нема воопшто и да ми реплицирате. Вистината е дека НЕ ЗНАЕТЕ КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ затоа што капацитетот на знаење ви е до тука.
Па нели треба да се oblate spheroid и дури да бидат pear shaped мене не ми личат на сплоснат сфероид а па на круша најмалку. Дали си сериозен со сликиве? Сакаш да кажеш дека не постои ниту една РЕАЛНА,ВИСТИНСКА слика на земјата со сите континенти на неа?
Пчелката мора со своите мускули да одржува сила спротивна од таа која што ја влече надолу кон Земјата или отприлика ако пчелката е 5g тежина, силата со која би се одржувала во една точка да не оди надолу
Па ако на двајцата ви е срам нема воопшто и да ми реплицирате. Вистината е дека НЕ ЗНАЕТЕ КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ затоа што капацитетот на знаење ви е до тука.
Автоматски споено мислење:
Па нели треба да се oblate spheroid и дури да бидат pear shaped мене не ми личат на сплоснат сфероид а па на круша најмалку. Дали си сериозен со сликиве? Сакаш да кажеш дека не постои ниту една РЕАЛНА,ВИСТИНСКА слика на земјата со сите континенти на неа?
Нема таква слика, не можеш сите континенти да го фатиш на една слика затоа што не ги гледаш во исто време.
Ете ти ја формата погоре, тоа е најточно што може да се претстави со моменталната технологија.
Камо сеа слика од рамната плоча, ама да се гледаат сите континенти?
Нема таква слика, не можеш сите континенти да го фатиш на една слика затоа што не ги гледаш во исто време.
Ете ти ја формата погоре, тоа е најточно што може да се претстави со моменталната технологија.
Камо сеа слика од рамната плоча, ама да се гледаат сите континенти?
Како е можно да нема таква слика? При толку сателити,технологија, милијарди долари? Да нема 24/7 снимка од земјата како се врти со сите континенти на неа? Во 21-ви век? Па добро во кое доба живееме?
Па добро тогаш што претставуваат овие слики: Сакаш да кажеш дека земјата е перфектна сфера а не е сплоснат сфероид во вид на круша? Па мапите даваат пореална слика од глобусот. Па мапата на Обединетите Нации односно логото ти е претстава за рамна земја со сите континенти на него без Антарктик.
Што значи ова THE IMAGINERY SPHEREY-BALL-PEAROID?
Пчелката мора со своите мускули да одржува сила спротивна од таа која што ја влече надолу кон Земјата или отприлика ако пчелката е 5g тежина, силата со која би се одржувала во една точка да не оди надолу
@Хептаграм XIЗошто надолу зошто не нагоре? Дали воХелиоцентризмот постои горе и долу на твојата„земјина топка"? Чувствувам дека одговорот е многу едноставен.
Мене ми е едноставно, за тебе не знам - по тоа што прашуваш мислам дека тешко ја разбираш физиката и имаш некоја необјаснива одбивност кон наука.... а се обидуваш да докажуваш физички работи... со глупи видеа направени од луѓе кои слабо некако физика, поеќе теории на заговори и црква...
Кон центарот на маса е силата. На Земјата се ни изгледа нагоре, кон небото или надолу кон центарот на Земјата, во таа смисла „нагоре“ и „надолу“. Во зависност од тоа на каде е насочена главата: кон петите или на другата страна спротивно
Така е насочен векторот на гравитацијата - кон земјиниот центар. Месечината исто така влијае на Земјата на пример, со гравитацијата (привлекување). Се во универзумот се привлекува и балансира со соодветни сили дадени преку вектори... НЕ само сонцето привлекува планети... планетите исто така влијаат едни на други, влијаат на куп други сателити исто така... не постои ништо во универзумот што е исклучено од целината. Затоа се нарекува и универзум нели...
Се што ти изгледа дека мирува во природата е затоа што дошло до баланс на сите сили кои влијаат на тоа тело... она што постојано го прашуваш ама зошто пчелката не паѓа на земјата ако толку е силна гравитацијата... не знаев дека тоа прашање навистина не си го разбирал во однос на гравитацијата и со која сила привлекува тела...
Движењата на телата доаѓа од таму, од силите кои дејствуваат на било кое тело во било кој момент... гравитацијата е забрзување инаку
Многу погрешен став или разбирање имаш за гравитацијата...
Силата која го забрзува телото се мери во Њутни и зависи од гравитацијата и масата на телото и е насочена кон центарот на маса... ама тоа го знаеш ти, барем мислам дека го знаеш тоа... и таа сила не е иста за било кое тело, затоа пердув паѓа поспоро од тег од 10 кг... исто забрзување имаат од 9.81m/s^2 но заради масата и отпорот на воздухот кој што е различен за различни тела - изгледа дека гравитацијата е различна и тоа за луѓе кои не разбираат физика и кои се потпираат на црковни догми во однос на природата им изгледа како чиста глупост... премногу верувате на нештата и на своите очи... баталете ги очите, ако умот не може да го разбере поголемото, џабе очи имате...
За да хеликоптер се одржува во воздух на едно место или пак пчела да мирува во воздух во една точка значи да се балансира силата која ги привлекува телата кон центарот на маса со силата на мотор/крилја на телото спротивно од векторот на таа сила и тоа токму со иста сила
На Земјата се ни изгледа нагоре, кон небото или надолу кон центарот на Земјата, во таа смисла „нагоре“ и „надолу“. Во зависност од тоа на каде е насочена главата: кон петите или на другата страна спротивно
Како можеш да го докажеш тоа дека некаква сила ќе ги привлече кон центарот на маса? Тоа се уште не е докажано нели затоа „ГРАВИТАЦИЈАТА СЕ УШТЕ Е ТЕОРИЈА". Да те потсетам дека Њутн ПРЕТПОСТАВУВАЛ за некаква сила а НЕ ТВРДЕЛ.
Силата која го забрзува телото се мери во Њутни и зависи од гравитацијата и масата на телото и е насочена кон центарот на маса... ама тоа го знаеш ти, барем мислам дека го знаеш тоа... и таа сила не е иста за било кое тело, затоа пердув паѓа поспоро од тег од 10 кг... исто забрзување имаат од 9.81m/s^2 но заради масата и отпорот на воздухот кој што е различен за различни тела - изгледа дека гравитацијата е различна и тоа за луѓе кои не разбираат физика
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.