Pepretum Mobile обидуваат луѓето да направат барем 500 години наназад, и на секои неколку години се доаѓало до „генијални“ откритија, а со оваа прекрасна но утопистичка идеја се занимавале и некои сериозни научници. Притоа овие обиди биле доста посериозни од приложените во некое индиско село и сл. со вложувања многу поголеми средства и време. Последниве 20-30 години веќе овие пронајдоци не се резултат на залуденост туку вешта манипулација со луѓето со цел заработка, сметајки на тоа дека барем 1% ќе поверуваат и ќе дадат пари. Слично како со мејловите од Нигерија каде што умрел некој богат а нема наследник па се бара почетен влог за трошоци..., штос кој врти по Нетот барем 15-тина години, а сеуште се наоѓаат луѓе кои уплаќаат долари за ова (знам тројца од Македонија во 2022 г. кои се обидувавме да ги разувериме). Класична и најчеста шема во овие машини е постоење на масивен замаец со различни формиа кој, откако ќе се заврти доволно брзо (а за што ќе потроши доста енергија) продолжува да се врти уште некое време без додатна сила и притоа создавајќи „бесплатна“ енергија. Но резултатот на вложена спрем добиена енергија секогаш е негативен, за жал.А оваа Pepretum Mobile машина лажна ли е или реална според тебе?Човекот и тв каналот се индијски а принципот на работа е сличен како видеото што го постирав и за кое ти тврдиш дека е зафрканција:
Ти ако секаш верувај
секој има право на свое мислење.
Последно уредено:
