Помагајте луѓе..
Помина скоро 5 месеци од ко се разделивме, првите два месеци ми беше најтешко, бев на раб на ивица, пребродив некако издржав. Се соочив со нештото дека тоа е тоа, ја преболев до некаде, сега океј сум ама некогаш ми се јавува пак истите чуства, чуство на недостиг, копнеж, тага, се уште не можам да се ослободам од неа. Не можам ниту да бидам со друга, како да немам чуства за ништо особено за љубов за друга, освен само за неа.. Како што дознав она си фатила друг, тоа дополнително ме разгоре за да ја се откажам од неа, успеав до некаде но овај период пак не можам, пак истите чуства како на почеток, нешто од внатре ми вика ќе биде се како порано а всушност се залажувам. Премногу се врзав за неа.. Како ги преболувате саканите што сте се приврзале многу.?