Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.159
Поени од реакции
5.375
Три љубовни проблеми имаме
Тројца соседи, три вистински приказни. По старост три-деценијска е разликата меѓу нив 30, 40, 50. Во рок од три месеци три разделби. Секој со својата приказна...

Приказна прва „Кога утрото ја љуби ноќта, а таа не знае“
Љубиш, а не знаеш да покажеш.
Времето те стигнува и страсните желби стивнуваат.
Љубовта умира.
Почнуваш да буричкаш по заедничките сеќавања и наидуваш на разочарувања.
Никој доброволно не си ја продава душата.

Приказна втора „Алкохолот е ѓаволски напиток“
Виното ги прави жените поубави. Го прави и мажот похрабар.
Но кога ќе помине дејството, имаш само главоболка.
Во тој момент сакаш светот да престане да се врти зошто ти се повраќа.
„Љубовта“ умира.

Приказна трета „Љубовта е глупост за која се потребни двајца“
Се вика, ете ќе ја наречам Весна, витална и убава.
Во животот прошла многу убави но и тажни работи.
Им се вкрстуваат патиштата, го пробал јаболкото и му било вкусно.
Ама јаболкото одвнатре да ти било црвливо.
Божествата одамна изгореа, и надојдоа тага, мачнина, омраза, плач.
„Љубовта“ умира.

Сите тројца соседи велат дека од „ЉУБОВ“ се ожениле,
и сега секој од секого бара совет,
по онаа народната „прашај паталец, а не гаталец“.
А како да делам совет, кога ни јас самиот не бев го решил својот проблем.
Само што помислив дека сум ја разбрал суштината на зборот ЉУБОВ, реалноста ме стигна и ме дотепа.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.159
Поени од реакции
5.375
Guten Abend Herr Doktor,
Форумскава тема гласи: „Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!
Моето прашање: „Три љубовни проблеми имаме

Ти да не си испратен од „министерството за љубовни проблеми“?
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.502
Поени од реакции
7.024
Guten Abend Herr Doktor,
Форумскава тема гласи: „Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!
Моето прашање: „Три љубовни проблеми имаме

Ти да не си испратен од „министерството за љубовни проблеми“?
Ama ti se pogodilo drushtvovo,:shok2:

Kazhi im Udri brigu na veselje i teraj dalje.
Zborot Ljubov za mene ne postoi. Ima samo Privlecnost (Bez razlika od koj aspekt gledana).
;)
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.159
Поени од реакции
5.375
Ama ti se pogodilo drushtvovo,:shok2:

Kazhi im Udri brigu na veselje i teraj dalje.
Zborot Ljubov za mene ne postoi. Ima samo Privlecnost (Bez razlika od koj aspekt gledana).
;)
Благодарам на советот... најпосле еден нормален да ми одговори.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.461
Благодарам на советот... најпосле еден нормален да ми одговори.
Така. Јас кога ќе речам дека љубовта не постои јас не сум нормален. Друг кога ќе ти каже истото е нормален човек и е ок.
Али нема везе, важно ја прима пораката.
Автоматски споено мислење:

Бирајте си ги темите, како што Аца Лукас си ги бира позадините за неговите фотографии! Човек има чувство дека некои ја промашуваат темата!Прегледај го приврзокот 367217
Аца Шмркас, тој љубител на геометријата... (y):D
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.159
Поени од реакции
5.375
Така. Јас кога ќе речам дека љубовта не постои јас не сум нормален. Друг кога ќе ти каже истото е нормален човек и е ок.
Али нема везе, важно ја прима пораката.
Јас само се заблагодарив на советот, но тоа не значи дека го прифатив како исправен.
Не ме сваќај лично и не ми ставај зборови во уста што не сум ги рекол. Тоа со „нормален“, го реков намерно за да „кадаиф“ ме разбере, ако прочита де. Искрен да бидам ги делам твоите ставови во врска со љубовта, но би сакал да верувам дека „љубовта“ постои. Единствено што ми преостанува во моите тешки моменти се убавите сеќавања на мојата жена. Но, не велам дека бракот се состои само од убави моменти. Постоеа и многу неубави... ама не се зборува лошо за умрените, нели. Се извинувам, за моето погрешно изразување...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Три љубовни проблеми имаме
Тројца соседи, три вистински приказни. По старост три-деценијска е разликата меѓу нив 30, 40, 50. Во рок од три месеци три разделби. Секој со својата приказна...

Приказна прва „Кога утрото ја љуби ноќта, а таа не знае“
Љубиш, а не знаеш да покажеш.
Времето те стигнува и страсните желби стивнуваат.
Љубовта умира.
Почнуваш да буричкаш по заедничките сеќавања и наидуваш на разочарувања.
Никој доброволно не си ја продава душата.

Приказна втора „Алкохолот е ѓаволски напиток“
Виното ги прави жените поубави. Го прави и мажот похрабар.
Но кога ќе помине дејството, имаш само главоболка.
Во тој момент сакаш светот да престане да се врти зошто ти се повраќа.
„Љубовта“ умира.

Приказна трета „Љубовта е глупост за која се потребни двајца“
Се вика, ете ќе ја наречам Весна, витална и убава.
Во животот прошла многу убави но и тажни работи.
Им се вкрстуваат патиштата, го пробал јаболкото и му било вкусно.
Ама јаболкото одвнатре да ти било црвливо.
Божествата одамна изгореа, и надојдоа тага, мачнина, омраза, плач.
„Љубовта“ умира.

Сите тројца соседи велат дека од „ЉУБОВ“ се ожениле,
и сега секој од секого бара совет,
по онаа народната „прашај паталец, а не гаталец“.
А како да делам совет, кога ни јас самиот не бев го решил својот проблем.
Само што помислив дека сум ја разбрал суштината на зборот ЉУБОВ, реалноста ме стигна и ме дотепа.
Луѓето забораваат дека заљубеноста не трае долго, а кога ќе избледи, натаму останува пријателство меѓу партнерите, некои го викаат љубов, или омраза. И двете чувства се огледаат во начинот на однесување со партнерот/ партнерката.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.159
Поени од реакции
5.375
Луѓето забораваат дека заљубеноста не трае долго, а кога ќе избледи, натаму останува пријателство меѓу партнерите, некои го викаат љубов, или омраза. И двете чувства се огледаат во начинот на однесување со партнерот/ партнерката.
Точно дека љубовта бледее со тек на времето, но зошто некои остануваат и покрај тоа заедно до крај, додека другите собираат храброст и се разидуваат. Па, по 10 години веќе човек не е така млад, и тешко да најде нова „љубов“, искрена како „ПРВАТА ЉУБОВ“
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
но зошто некои остануваат и покрај тоа заедно до крај, додека другите собираат храброст и се разидуваат
Има луѓе кои не сакаат промени. Има луѓе кои останале со пријателско однесување, па не им смета да продолжат да живеат заедно. Има луѓе кои се заглавиле со заеднички кредити. Има луѓе кои немаат каде да заминат, или не сакаат да се сами. Разни причини има зошто некои останале, а други се оставиле, секоја приказна си е посебна.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.159
Поени од реакции
5.375
На почеток, кога се запознаваат и се вљубуваат, ги прифаќаат недостатоците на партнерот. Зошто? Веќе во првата година се видело дека (во вториот случај) човекот се алкохолизира односно (во третиот случај) дека жената боледува од шизофренија.

Дури по 20 години (во вториот случај) жената иде сама да живее под изговор дека „НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ ДА ГО ТРПИ“.

Третиот налетува на проблематична жена која има психички проблеми, толку, што веќе по трет пат доаѓа полиција и психијатриска помош. Зашто дозволија да им се роди дете, па сега тоа да страда?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.268
Поени од реакции
10.958
Точно дека љубовта бледее со тек на времето, но зошто некои остануваат и покрај тоа заедно до крај, додека другите собираат храброст и се разидуваат. Па, по 10 години веќе човек не е така млад, и тешко да најде нова „љубов“, искрена како „ПРВАТА ЉУБОВ“
Навика.
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
236
Поени од реакции
109
Помагајте луѓе..
Помина скоро 5 месеци од ко се разделивме, првите два месеци ми беше најтешко, бев на раб на ивица, пребродив некако издржав. Се соочив со нештото дека тоа е тоа, ја преболев до некаде, сега океј сум ама некогаш ми се јавува пак истите чуства, чуство на недостиг, копнеж, тага, се уште не можам да се ослободам од неа. Не можам ниту да бидам со друга, како да немам чуства за ништо особено за љубов за друга, освен само за неа.. Како што дознав она си фатила друг, тоа дополнително ме разгоре за да ја се откажам од неа, успеав до некаде но овај период пак не можам, пак истите чуства како на почеток, нешто од внатре ми вика ќе биде се како порано а всушност се залажувам. Премногу се врзав за неа.. Како ги преболувате саканите што сте се приврзале многу.?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom