Бугарското влијание и окупација на Македонија

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
712
Не гледам некоја битна разлика помеѓу овца њуз и пропагандниот булгаризам и бладањата на "хан" Живков.
Дај ДНК тест да видиме кои сте. Дали сте Словени, Сармати, Келти, Динарски староседелци, Алтајци, Роми? Или сте од Кавказ, Блиски Исток, Северна Африка или Сибир? Или сте нешто сосема трето и што?

Вака сте во фазонот Ние сме Б'лгари, па според тоа можеме да кинеме зелени.
Постојат илјадници ДНК тестови на Интернет. Сам си ги најди.
Автоматски споено мислење:

Неќе да е, еве ти уште:

Си го барате потеклото според имиња од иранско-персиско-непалско потекло.
Заглавени сте во центарот на лавиринтот наречен идиотизам. Затоа престанете да тврдите дека македонците се бугари и дека македонскиот е бугарски дијалект
Компјутерски специјалисти прават компјутерска анализа. Каква врска има тоа дали Бугарите се Словени или не?
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.398
Поени од реакции
9.005
Постојат илјадници ДНК тестови на Интернет. Сам си ги најди.
Сакам вие да ги најдете, за да го чујам вашето ценето мислење. Не вака да се правите на три и половина Б'лгарин и половина.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
712
Сакам вие да ги најдете, за да го чујам вашето ценето мислење. Не вака да се правите на три и половина Б'лгарин и половина.
Јас не сум генетичар. Подобро пробајте со специјалист.
Автоматски споено мислење:

Каракачанов, Джамбазки, Джаферов, Симидчиев, Дјустабанов, Чобанов, Бозуков, Јамандиев... колку ли само звучат словенски:pos:.
Бугарските презимиња се од словенско потекло како и грчко, турско и други... Сандански, Татарчев.. исто така Аджаларски, Аз'ров, Ајвазов, Ајг'ров, Алабаков, Аргиров, Арнаудов, Бабаеленов, Бајрактаров ... сите дејци на ВМОРО...
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Член од
30 октомври 2022
Мислења
460
Поени од реакции
1.284
Бугарското влијание во Македонија се срушило за време на Илинденското востание.Има се повќе докази дека востаниците сметале на интервенција од бугарската војска шом почне востанието.Меѓутоа место бугарската војска да интервенира таа останала неутрална и ги блокирала четите кои сакале да влезат на македонска територија и да помогнат.Значи имало многу војводи кои се надевале на бугарска помош.Гоце Делчев бил најголем противник на ваквите очекувања и затоа барал востанието да се одложи.Од тогаш и почнуваат чистките на македонските војводи од страна на љугето на Ванчо Михајлов.
 
Вистината е далеку од тоа.
1. Сите чети кои сакаа да преминат од Кнежеството Бугарија во Отоманската империја за да учествуваат во востанието беа изоставени, иако уредно беа евидентирани на граница - кој е нивниот војвода, знаменосец, кои се четите, од кои населените места и колку се стари . Мислам дека се евидентира и брачниот статус.
2. Генералот Рачо Петров лично има наредба да го даде најсовременото оружје од резервата на бугарската војска.
3. Многу од војводите и четниците се родени на територијата на денешна Бугарија - Северна и Јужна. Има и многу бугарски офицери кои биле ослободени (на одмор) и учествуваат во востанието.

Земи ја книгата "Александар Протогеров генералот-војвода" и погледни ги тамошните документи, особено: Белешки од Ал. Протогеров до Хр. Матов според книгата на Георги Бајаров и Ангел Томов „Револуционерната Броба во Македонија“

Таму, во врска со востанието, Протогеров пишува:
Кожите од пушките што им беа предадени на браќата Иванови во 1896 година, бугарската влада ги даде без трошоци за да се увезат во Македонија, а 2000 "Мартини" беа дадени целосно бесплатно. Во 1901-1903 година, кога се боревте со нас, добивте пари и пушки од бугарската влада, а ние не добивме ни денар. Во 1903-1906 година добивавте и пушки од бугарската влада...

Прочитајте некои бугарски книги базирани на оригинални документи, а не македонски фикции создадени за потребите на СФРЈ.
 
И зошто не интервенирала бугарската војска да им помогни на востаниците?Зошто барата бугарите да влезат во уставот на Македонија а истото не го барате и од Грција?
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
712
И зошто не интервенирала бугарската војска да им помогни на востаниците?Зошто барата бугарите да влезат во уставот на Македонија а истото не го барате и од Грција?
Централниот комитет на ВМОРО во Софија на 20 јуни 1903 година испратил писмо до воениот министер Михаил Савов, во кое го известува, владата и кнезот Фердинанд за приближниот датум на почетокот на востанието и за општата состојба на организацијата внатре во Македонија. Во писмото се осврнува и на прашањето за интервенцијата на бугарската војска на страната на востаниците, при што се наведува дека тоа било позитивно прифатено од револуционерите. Михаил Савов писмено одговорил дека востанието треба да се одложи до октомври 1903 година, па дури и до мај 1904 година, додека бугарската војска не биде превооружена и способна за такви воени дејствија, во спротивно нема да има можност да интервенира.

Општо земено, интервенцијата на Кнежевството во востанието го претвора не во востание, туку во војна. Прво, Бугарија не била подготвена за војна (немало дури план за војна) и второ, ако Бугарија интервенираше, Грција и Србија ќе интервенираа против Бугарија.

Во подготовката и спроведувањето на востанието учествувале 48 офицери од војската на Кнежеството Бугарија - 1 генерал, 1 полковник, 1 потполковник, 4 капетани, 20 потпоручници и 21 вторпоручник. Поголем е бројот на подофицери и војници, кои заедно со постојаните чети на Внатрешната организација се столбот на востаничката војска. Десетици војници од армијата на Кнежеството Бугарија пружаат помош без да ја напуштат службата и територијата на државата.

Да бидам искрен, исто така не можам да разберам зошто Бугарија сака Бугарите да бидат во уставот на Северна Македонија. Можеби е поради тоа што во вашиот устав се наведени (државотворни) народи, но во тој на Грција и Бугарија не е, т.е. претпоставувам дека е да нè има меѓу другите народи. Малку е веројатно дека македонските Бугари ќе имаат повеќе права ако се во Уставот.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.398
Поени од реакции
9.005
Јас не сум генетичар. Подобро пробајте со специјалист.
Toгаш како заклучи дека си Бугарин?

1. Си станал жртва на бугарска пропаганда?
2. Твоја лична желба беше да станеш Бугарин? И на кој начин?
3. Стана Бугарин како резултат на псевдонаучни студии?
4. Нешто друго и конкретно што?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.749
Поени од реакции
36.644
Toгаш како заклучи дека си Бугарин?

1. Си станал жртва на бугарска пропаганда?
2. Твоја лична желба беше да станеш Бугарин? И на кој начин?
3. Стана Бугарин како резултат на псевдонаучни студии?
4. Нешто друго и конкретно што?
Па ти не знаеше како се станува Бугарин? Читаат, читаат, читаат... после не спијат... и едно утро се будат каТо Бугари. :pos:

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Да бидам искрен, исто така не можам да разберам зошто Бугарија сака Бугарите да бидат во уставот на Северна Македонија. Можеби е поради тоа што во вашиот устав се наведени (државотворни) народи, но во тој на Грција и Бугарија не е, т.е. претпоставувам дека е да нè има меѓу другите народи. Малку е веројатно дека македонските Бугари ќе имаат повеќе права ако се во Уставот.
Кога бугарите ќе влезат во уставот ќе ги добијат сите права кои ги имаат и сега. Нема да добијат ништо повеќе од тоа што го имаат сега, а ги имаат истите права како и оние кои се уставотворни народи. Реториката од бугарските политичари е дека сега бугарите во Македонија немаат права, а никој не наведува кои се тие права што ги немаат. Сакаат да прикажат една погрешна слика за Македонија.
Ваков устав имаат, Хрватска, Франција и незнам кои други држави. Прашање е кој устав е подемократски. Грците дури и не споменуваат националност туку населението е изразено како христијани и муслимани.
Гледај само како една Естонија го реши проблемот со руското население. Естонија е 2М народ, а кога стана членка на ЕУ имаше 300 илјади руси. Им го укина правота за гласање, прво за врботување е естонецот, а ако остане место русинот. Сега има само 30 илјади руси во Естонија, ова демократско е?
Се е поголем револтот во Македонија против ЕУ. Ако си член на ЕУ можеш да правиш потполно идиотски работи, а ако не си како Македонија ќе трпиш и ќе молчиш иако знаеш дека тоа што ти се нуди е неисправно. Пример се наметнатите условни преговори со ЕУ, фактички Македонија нема фер однос од ЕУ туку е уценета.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
712
Toгаш како заклучи дека си Бугарин?

1. Си станал жртва на бугарска пропаганда?
2. Твоја лична желба беше да станеш Бугарин? И на кој начин?
3. Стана Бугарин како резултат на псевдонаучни студии?
4. Нешто друго и конкретно што?
4. Бугарин по раѓање.
Автоматски споено мислење:

Кога бугарите ќе влезат во уставот ќе ги добијат сите права кои ги имаат и сега. Нема да добијат ништо повеќе од тоа што го имаат сега, а ги имаат истите права како и оние кои се уставотворни народи. Реториката од бугарските политичари е дека сега бугарите во Македонија немаат права, а никој не наведува кои се тие права што ги немаат. Сакаат да прикажат една погрешна слика за Македонија.
Ваков устав имаат, Хрватска, Франција и незнам кои други држави. Прашање е кој устав е подемократски. Грците дури и не споменуваат националност туку населението е изразено како христијани и муслимани.
Гледај само како една Естонија го реши проблемот со руското население. Естонија е 2М народ, а кога стана членка на ЕУ имаше 300 илјади руси. Им го укина правота за гласање, прво за врботување е естонецот, а ако остане место русинот. Сега има само 30 илјади руси во Естонија, ова демократско е?
Се е поголем револтот во Македонија против ЕУ. Ако си член на ЕУ можеш да правиш потполно идиотски работи, а ако не си како Македонија ќе трпиш и ќе молчиш иако знаеш дека тоа што ти се нуди е неисправно. Пример се наметнатите условни преговори со ЕУ, фактички Македонија нема фер однос од ЕУ туку е уценета.
Демократија (од старогрчки: δημος, „народ“ и κρατειν, „владеење“ = „владеење на народот“).

Ако народот сака уставот да нема етнички групи, туку само националност, тогаш нашиот устав е демократски. Ако во Северна Македонија се одржи референдум за тоа дали таму треба да има само Македонци или етнички групи, каков и да е резултатот - тоа е демократија. Според тебе, каков ќе биде резултатот од ваквиот референдум?
 
Последно уредено:

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Демократија (од старогрчки: δημος, „народ“ и κρατειν, „владеење“ = „владеење на народот“).

Ако народот сака уставот да нема етнички групи, туку само националност, тогаш нашиот устав е демократски. Ако во Северна Македонија се одржи референдум за тоа дали таму треба да има само Македонци или етнички групи, каков и да е резултатот - тоа е демократија. Според тебе, каков ќе биде резултатот од ваквиот референдум?
Има собраниска иницијатива и поднесен е предлог закон за граѓански устав. Дали тој ќе помине во собрание кој знае. Ако помине тогаш ќе има референдум. Како работат нашиве парламентарци тешко некогаш да излезе на дневен ред.
Според уставот како што е сега Македонија се базира на постулатите од Крушевската Република како и на постулатите на АСНОМ. Овде некако бугарите немаат место. Не е само додавање на бугари во таа една реченица каде се набројуваат уставотворните народи.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.398
Поени од реакции
9.005
4. Бугарин по раѓање.
Школски пример на бугарска пропаганда. Чуј, Бугарин по раѓање.:neetaka:

Погледни ги за почеток овие дијаграми и обиди се да се пронајдеш.

1677413504521.png

1677413417473.png

1677413615696.png

1677413753958.png

Доколку не се пронајде помеѓу овие, не очајувај. Јас сум тука да ти помогнам да си ги истрсиш корените си. Ќе ти ги постирам и преостанатите генетски кластери и маркери.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom