Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека начинот на кој добивме денес е одличен стимул за понатака. Би било добро да се проба и Мартинели на шпиц а Нкетија на клупа во иднина.
 
Спортинг за противник во осмина-финале ЛЕ, како сте задоволни?
 
Дечки што се случува со Мартинели, гледајте го сега споредбено со онаа утакмицата против Ливерпул, чуда кога правеше или пак почеток на оваа сезона. Дајте на бајачка да го носиме, самодоверба за дриблинг има изгубено, шут, контрола на топка, се е многу влошено, како друг играч да е.
 
Голот оправдано поништен, нема муабет тука. Но зошто не прегледаа барем кога го собраа Сака при нафрлената топка која идеше кон него?
Мартинели опасно опадната му е формата. Што му се случува само тој си знае ама не изгледа добро. Па и картон доби за непотребен фаул.
 
VAR - video assistant against Arsenal!
Овој си беше чист фаул, немаше тука грешка. Проблем е што кога треба за Арсенал не гледаат, или не сакаат да гледаат... ама овој денес си беше таман!
Автоматски споено мислење:

Дечки што се случува со Мартинели, гледајте го сега споредбено со онаа утакмицата против Ливерпул, чуда кога правеше или пак почеток на оваа сезона. Дајте на бајачка да го носиме, самодоверба за дриблинг има изгубено, шут, контрола на топка, се е многу влошено, како друг играч да е.
Проклетството на нов договор :) Шала на страна труба е стварно, безопасен тотално...треба да искочи он да влезе Еди и Торсард да игра лево да ја рашири малце, оти се е на таа страна опасно од кај Сака, ама веќе го покриваат сериозно добро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom