Што играте во моментов

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198

Days Gone е сместена во добропознатиот постапокалиптичен свет кој, неколку години по катастрофата, е целосно преплавен од различни зомби и групи разбојници кои се обидуваат да преживеат исцрпувајќи ги последните ресурси од земјата, додека научниците се обидуваат да направат било каков breakthrough што ќе им овозможи подобар живот. Помеѓу сите овие е протагонистот Дикон Сент Џон, дрифтер кој не припаѓа никому - се обидува да се снајде низ животот заедно со неговиот побратим и шура, Бузер, откако во екот на пандемијата одлучува да ја испрати жена му, Сара, со хеликоптерот за евакуација откако научникот, О Брајан, му вели дека во хеликоптерот има место само за двајца.

Секако дека Дикон ќе остане да му помогне на Бузер. Fade to black за да ја обележи транзицијата, и дознаваме дека Сара е мртва, а Дикон ги научил основните трикови за преживување. Но работите се менуваат кога Дикон, случајно следејќи сигнал од NERO хеликоптерите, дознава дека О Брајан е жив - тој му вели дека Сара не загинала онаму каде што Дикон претпоставуваше, имајќи пристап само до основните информации, кои во голем дел се базирани на претпоставки, па така, Дикон сфаќа дека Сара можеби се наоѓа некаде низ светот, probably alive and well.

Веќе сум неколку часа во играта и без двоумење би признал дека ми се допаѓа, и одвај чекам следна гејминг сесија за да нурнам подлабоко во светот на Days Gone, иако ми требаа неколку часа да се прилагодам на се она што го нуди играта. Фрустрирачки ми беше фактот што не можев добро да го хендлам моторот на Дикон, како и дека тешко се ориентирав низ мапата и општо механиките. Можеби тоа се должи и на моето (не)искуство, но набрзо сфатив дека со првите upgrade-и, се станува некако полесно - зомбите полесно се убиваат, не треба да трчам од група од 4 зомбиња за да имам шанси да преживеам, моторот е побрзо, има поголем резервоар, итн... Сакам кога играта ме наградува со тоа што правам прогрес и опстојувам во нејзиниот свет, и тоа е едно од првичните позитивни чувства што ги имам кога ќе помислам на Days Gone.

Дикон не е толку пристапен на почетокот, но преку flashbacks дознаваме повеќе за него и Сара, па така станува симпатичен и поинтересен. Исто така, фактот дека централното сиже се базира на љубовна приказна ми има скроз 90ти vibe, и многу го почитувам тоа што не се обидува да се рашири до бесконечно (барем за сега, не знам за понатаму). Со други зборови, протагонисти како Дикон ми се освежување затоа што веќе ги нема, и иако звучи парадоксално, ми фалат simple stories told well, а ова е токму тоа, барем во првиот чин до каде што сум стигнал.

Покрај главната приказна, ми се допаѓа дека светот, иако отворен во голема мера, е клаустрофобичен и анксиозен. Можат да се случат милион сценарија додека одам од точка А до точка Б, и едноставна мисија како ловење елени да се претвори во луда акција затоа што еден миг е доволен темпото да се смени за 360. Ова е тоа immersive искуство што ми фалеше, на пример, во Ghost of Tsushima (иако и таа си има своја убавина и можеби не е фер да се спореди со игра со тотално различна тема). Во Tsushima има само одреден број сценарија во отворениот свет, и сите тие вклучуваат еден елемент - група Монголци со предвидливи потези. Овде (слично ми беше и во Red Dead), има доста непредвидливи моменти кои, следејќи ги на слушалки доцна навечер, ме наежуваат.

За крај, Days Gone обработува доста интересни теми. Чувството на неприпаѓање е многу силно на почетокот - Дикон знае дека не може да припаѓа на ниту еден камп ниту група/движење, затоа што сам е посилен - самотијата го штити од светот, иако тоа звучи иронично и контрадикторно, затоа што длабоко во себе се обвинува за тоа што ѝ се случи на Сара, и сега на Бузер. Така што, многу сум љубопитен и возбуден да видам каде ќе ме однесе ова искуство, но планирам да го густирам полека, без многу брзање и напнатост.
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583

Играва ја играв два пати на PS4, сега сум у план да ја почнам да ја играм на PS5 на 60FPS 4K, како што се секавам имаше цени каде на PS4 малце поткашлување особено на зомби гнезда по 1000 кога те бркаат :D со PS5 е друга приказна
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.282
Јас :), иако далеку повеќе играм battlegrounds одколку стандард сепак играм.
Јас сум доследен на канонот :icon_mrgr:

Тоа батлграунд, дуелс, мерсенарис се подигри во играта заради привлекување играчи после тонажата последниве 3-4 год.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.434
Поени од реакции
3.512
Јас сум доследен на канонот :icon_mrgr:

Тоа батлграунд, дуелс, мерсенарис се подигри во играта заради привлекување играчи после тонажата последниве 3-4 год.
Сите се/сме префрлени на бетлграунд. Обичното е плати за да тепаш.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.282
Сите се/сме префрлени на бетлграунд. Обичното е плати за да тепаш.
Ја поише го играм од навика и заради механиките. Леџенд статус фатив еднаш во короната со ДХ и доста е. :icon_mrgr:
Фармам само квестови и од кога ги воведоа новиве награди со ехп наместо дирекно со голд многу повеќе имам собрано од експанзиите. Т.е. последниве 9 експанзии сите ги имам собрано по 60 -65 % а тоа се сите потребни карти за тиер 1 и тиер 2 дек. Мини експанзиите сите ги купувам за 2000 голд.
Башка околу 20к даст имам резерва што го собирам за да искрафтам 1-2 леџенд и 2-4 епика по експанзија што вредат. Со јуслес срањата од следна експанзија го покривам "минусот" на даст од предходната експанзија.
Уште од 2016-17 кога почнав првпат и единствен пат кога купив нешто со реални пари беше бандлот 10 обични пакови со загарантирана Леџенд. Тоа беше 300 ден = 5 евра.

Не знам зашто сите сметате дека е пеј ту вин играва кога не е. Башка и нема потреба од фармање на ден повеќе од тоа да се завршат само квестовите.

Иначе за мене батлграундот за мене е тешко рандом срање. Кинеска глупост од игра што на плеј стор ги има 100000. Боље ќе се коцкам на апарати него таму да зависам од РНГ.
 
Член од
16 јануари 2021
Мислења
377
Поени од реакции
1.105
Assassin's Creed Syndicate, и цела франшиза даље која е по ред. Периодов сите сакам да ги свртам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom