Новитети од нашите издавачки куќи

Член од
21 јануари 2022
Мислења
412
Поени од реакции
2.200
Цветанка Трпкова била мајка на нашата актерка и професорка Синоличка Трпкова. Книгава претставува избор раскази од двете нејзини збирки што биле издадени додека била жива. Изборот е направен од уредникот на Темплум, Никола Гелевски, а книгата веќе може да се најде низ книжарниците по цена од 250 денари.

20230202_194901.jpg
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ова е статија на весникот Вечер, ја ставам тука затоа што има изјави од неколку издавачки куќи за дел од книгите кои треба да се издадат оваа година.

Извадок од текстот кој се однесува за Или-Или:
Оваа пролет, на наша голема радост, ќе ја објавиме збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ, а од домашната продукција, со своите нови романи ги очекуваме Лидија Димковска, Фросина Пармаковска, Сашо Кокаланов, Игор Анѓелков, како и Хана Корнети со својот роман за млади. Едно од позначајните изданија во оваа година ќе бидe и книгата со обемен избор од латински цитати, изреки и поговорки. Од преводната литература, ќе бидат објавени преводите на новите романи од Владимир Зарев и од Горан Војновиќ, автобиографскиот роман на Робер Бадинтер, веројатно најзначајниот хрватски роман во 20 век – „Киклоп“ од Ранко Маринковиќ и збирката раскази „Грбот на мажот“ од албанскиот писател Аријан Лека. Едицијата „Виртус“ ќе ја збогатиме со книгата „Едно лето со Рембо“ од Силвен Тесон. Секако, можни се и изненадувања – велат од „Или-или“.

Арс Ламина подготвува нова книга од Памук.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Арс Ламина подготвува нова книга од Памук.
Сигурно реиздание на Музеј на невиноста. Не верувам дека откупиле права за Ноќи со чума.

Нема ништо на кобис се уште.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Антолог

1677066334161.png

„Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее. Може да го чита кој како милува, но ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.

Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов... Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација.

Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.


Матица

1676994710228.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom