- Член од
- 3 септември 2022
- Мислења
- 66
- Поени од реакции
- 25
Јас како што ги сфатив целата вселена не постои и сите тие точкици што ги гледаме по небото се холограми.Еднаш спомнав овде на форумот, пак ке кажа. Имам неколку пати во Париз шетано, влегувајчи во градот (почетокот на градот) до центарот има околу 15 километри, ако го земиме фактот дека Ајфеловата кула е грандиозен објект и доста висока (318 метри) доколку земјата е рамна би се забележала одма кулата нели? Тоа само по себе што говори? Ова е еден мал и ситен детал кој што сам по себе сепак кажува нешто ? Друга работа , лично јас на ПМФ (Природно математички факултет) Скопје имам со телескоп гледано, јасно ја имам видено Венера ... нормално топка (Сфера), еве за Сатурн. Јасно гледаме дека и месечината е Сфера , нели? Немој некој сега да зуцне и да каже дека е вештачка проекција месечината како што тврдат некои рамноземјаши. Следствено на ова само сакам да ги прашам оние кои веруваат во рамна земја, да стават прст на чело и добро да размислат со бистра глава и здрав разум, и логични да бидат пред себе и да се запрашаат онака која е логиката во еден сончев систем сите планети да бидат сфери а баш нашата планета Земја да е рамна плоча?
Добро, тоа (за Венера) го знам од мали нозе, што се велиТ. Што е целта од прашањево?...@PROROKOT ако си љубопитен да пробаш сам Венера ти е деница\вечерница
Вселената постои, тоа е, барем за мене, неспорно. Друга е приказната дали Вселената е тоооолку голема колку што денешните астрономи сакаат да ни прикажат, да не кажам-подметнат, исто како што ни се подметнати многу други нешта по начелото „рогови за свеќи„ (читај-лаги наместо вистини). Ѕвездите се само небески тела, извори на светлина, не се холограми, а дали нивните димензии/големини се точни, и тоа е дискутабилно.Јас како што ги сфатив целата вселена не постои и сите тие точкици што ги гледаме по небото се холограми.
Заради ова уште чекам одговор за тоа дали постојат вонземјани и како ги замислуваат. Како ги објаснуваат Ареа 51 и уште еден куп докази за НЛО.
Вонземјаните навистина се вонеземјани-тоа е отпаднатите ангели, кои се истерани од Небесата откако нивниот шеф ги намами па дел од белите Ангели, (1/3 од нив) тргнаа по умот од херувимот Сатанаил и се побунија против волјата Божја па како казна за таа побуна, истерани се од Небесата во Вселенава односно на и околу Земјава, и нивна основна „задача„ е да намамат што повеќе луѓе и да ги однесат во сигурна смрт, како нивна одмазда кон Бога Творецот, кој луѓето ги сака и ги смета за Негова најдобра творба.
Епа по логика на нештата ако веруваш дека во еден сончев систем сите други планети се сфери а само нашата планета земја е рамна плоча тогаш е рамна (само за тебе)Земјата е рамна, докажете дека е тркалезна!
Ааа не го бараме, таман си е.сега не го барајте тука да ви реплицира
Изглеа тие ангелите ептен пушеле и пиеле и затоа биле казнети и избацени ван...Прегледај го приврзокот 367306
Сеа у глава ми се врти слика како Исус облечен како обезбедување ги исфрла една третина од ангелите пошто шмркале на сепаре.
Како ги изброја бе? Една третина вика. Нема дво третинско мнозинство а?
Позициоирањето на Земјата во Вселената и нејизината улога и облик, и тоа како имаат непосредна врска со религиозните учења.Изглеа тие ангелите ептен пушеле и пиеле и затоа биле казнети и избацени ван...
затоа деца внимавајте со пороците... да се насмееме иако овие глупости со Исус, Мисус, ангели и сл. немаат никаква врска со темава на која се дискутира за нешто сосема друго, а не за религија, богови и ангели !
Не знам белки си доволно паметен прост физички модел на вашиот систем да одгатнеш. Макета иф ју вил. Куп вода и земја на диск што ротира,,,смален.Ќе се деси...до сега невиден „научен„ експеримент, кој треба нешто да докаже...што ли е тоа?...