Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Какво е тоа натпреварување кога во иста група рангираш 36 тима, а не игра секој против секого. Апсолтна глупост.
Какво е тоа натпреварување кога во иста група рангираш 36 тима, а не игра секој против секого. Апсолтна глупост.
Ова може да има смисла во турнири со стотици учесници, ама не и во фудбалски турнир со 36 тима.
Со коректен сооднос помеѓу бројот на натпревари и учесници, може да се користи и за помалку од 36. Верувај ми, го знам системот inside and out, знам што зборувам. Се согласувам со тебе дека е погрешен избор ама од други причини.Ова може да има смисла во турнири со стотици учесници, ама не и во фудбалски турнир со 36 тима.
За ждребот секако има теории на заговор, така да нема да биде нешто ново сигурно. Ама да, ќе ги има тие муабети "еве го измислија ова за ПСЖ да помине полесно" во ситуации како таа од примерот погоре.Со коректен сооднос помеѓу бројот на натпревари и учесници, може да се користи и за помалку од 36. Верувај ми, го знам системот inside and out, знам што зборувам. Се согласувам со тебе дека е погрешен избор ама од други причини.
Имено, просечен фудбалски навивач нема никогаш да го разбере системот колку и да му го објаснуваш. Теории на заговор ќе фрчат и ќе се зголемуваат со секое одминато коло и ова ќе се продлабочува при крајот кога две екипи кои делат место на табелата и веќе одиграле помеѓу себе, ќе добијат противници со сосема различна сила. На пример Реал го добива Манчестер Јунајтед а ПСЖ го добива Рапид Виена, па оди објасни дека ПСЖ не е привилегиран.
Инаку системот се спроведува компјутерски и многу лесно може да се утврди дали имало муќкање или процесот бил автоматски и непристрасен. Имено, програмата со која ќе се прави ждрепката секогаш ќе ти ги даде истите парови, ако ги внесеш постигнатите резултати.
Swiss system не дава подеднакви шанси како Round Robin, секогаш некој ќе извлече подобар ждреб, потребна е доза на среќа, но и групи од 4 екипи кои играат по Round Robin не се фер затоа што некои групи се потешки од другите.
На крајот, идејата за Swiss system е да им обезбеди повеќе наптревари на послабите екипи кои инаку испаѓаат после 6 натпревари во група. Има смисла според мене, затоа што послабите екипи кои ќе имаат повеќе натпревари во Европа со време ќе зајакнат финансиски и ќе бидат поконкурентни.
Види не е спорно ништо ова за Реал, Реал и понатаму ќе продолжи да ги купува главните ѕвезди без разлика дали има ЛШ, Супер Лига или било каков друг формат на европско натпреварување. Види ја Барса, пред банкрот беше минатата сезона, фудбалерите ја знаеа нејзината финансиска состојба па сите се тепаа да потпишат за неа. Муабетот се клубови кои како Милан, како Интер, како Јувентус, како Дортмунд, како Марсеј и Лион, како Атлетико Мадрид, кои се РЕДОВНИ, пази потенцирам уште еднаш РЕДОВНИ учесници во европските натпреварувања а се финансиски послаби на трансфер пазарот од еден Вест Хем, или Евертон, или Фулам.Да, ама Реал Мадрид одсекогаш имал убедлива доминантност на трансфер пазарот. Буквално секогаш ги купувале главните ѕвезди за еден куп пари, па никој не се обидувал да смени фудбалот од корен како што прави Перез сега. Можеби и прв пат во историјата Реал има (и ќе има се повеќе и повеќе) конкуренција за најдобрите фудбалери на светот. Чист пример Мпабе и ПСЖ, па многу веројатно и трансферот на Халанд во Сити.
Јасни ми се неговите фрустрации и насоката во која размислува, човекот бара начин да го задржи својот клуб убедливо на врвот во фудбалот и за 10-15-20 години. Гледа дека со арапиве нема заебанција и бара начин како да остане финансиски конкурентен. И се е тоа океј, ама мислам дека не е начинот преку креирање приватно натпреварување каде тој ќе биде големиот брат.
Доволно е и да видиш кои други два тима се покрај него - вечниот ривал Барселона, клубот што продаде се живо и диво претходното лето и без екстра приход може да биде во длабоки гомна за 10тина години. И секако Јувентус, клуб кој може уште летово да заглави како што тргнало.
Арсенал - Реал и Ливерпул - Баерн иначе секако имаме шанса да ги гледаме во ЛШ. И самото тоа што не играат секоја година дава додатна убавина за мене на ваквите дуели искрено.
Инаку не ми се допаѓа ни новиот формат на ЛШ. Дури катастрофален е. Какво е тоа натпреварување кога во иста група рангираш 36 тима, а не игра секој против секого. Апсолтна глупост.
Види не е спорно ништо ова за Реал, Реал и понатаму ќе продолжи да ги купува главните ѕвезди без разлика дали има ЛШ, Супер Лига или било каков друг формат на европско натпреварување. Види ја Барса, пред банкрот беше минатата сезона, фудбалерите ја знаеа нејзината финансиска состојба па сите се тепаа да потпишат за неа. Муабетот се клубови кои како Милан, како Интер, како Јувентус, како Дортмунд, како Марсеј и Лион, како Атлетико Мадрид, кои се РЕДОВНИ, пази потенцирам уште еднаш РЕДОВНИ учесници во европските натпреварувања а се финансиски послаби на трансфер пазарот од еден Вест Хем, или Евертон, или Фулам.
Зашто мислиш дека Перез има фрустрации, од кого? Од ПСЖ што не го дадоа Мбапе, од Халанд што потпиша во Сити, а не во Реал? Па ако некој претседател нема фрустрации од својот тим тоа е Перез, да не набројувам во неговиот мандат што се нема освоено Реал, знаеш и сам. Перез ова го гледа од друга призма, за него тотално себична, а за нас тотално не сфатлива. Меѓутоа еве, ако тоа не начинот да стане финнсиски конкурентен кој е?
Да има огромна фан база низ цел свет? Check.
Да има нов огромен стадион во главен град што ќе му креира приходи? Check.
Да има освојувано титули и од освојувањето на титулите да генерира приходи? Check.
И пак за 10-15-20 години Реал ќе ја изгуби трката со нафташите.
Ама ова е Реал, други 20 клубови веќе ја имаат изгубено трката.
Утакмиците што ти ги набројав служеа само како пример, за да ти воочам дека ако ПЛ клубовите не учествуваат во Супер Лигата, а останатите клубови одлучат да ја креираат Супер Лигата и излезат од ЛШ натпреварувањето веќе Арсенал - Реал и Ливерпул - Баерн нема да гледаме, а самиот кажа дека сакаш да ги гледаш. Тоа ми беше поентата.
Тука е проблемот, тука треба да се фокусираш што овие тимови што се редовни учесници во европските натпреварувања почнуваат да заостануваат позади тимовите КОИ НЕ СЕ учесници во европски натпреварувања од Премиер Лигата. Зашто тогаш да играат ЛШ, зашто да не си направат свое натпреварување во кое многу поадекватно ќе се делат примањата?
Во ред, ајде да ги споредиме ТВ примањата на екипите во Ла Лига и во Премиер Лига.Што е лицемерно, особено од шпанските екипи и конректно Перез. На пример, распределбата на средства од ТВ права во Шпанија е скандалозна и тотално нерамноправна. Нормално дека Валенсија ќе е посиромашна и со помала куповна моќ од некој си Борнмут, кога од питата од ТВ права зема трошки, а Барселона и Реал се богатат на нивен грб. Од друга страна, распределбата на ТВ права во Премиер е многу порамноправна. Да не зборуваме за фондот при влегување во ПЛ од Чемпионшип и слично.
Значи, имаме ситуација во која самите Шпанци креираат нееднаквост со нивните постапки (и ред други работи, да не навлегуваме), а бараат фер третман и еднаквост од УЕФА, Премиер Лига.
Не оди тоа така.
Се согласувам дека гледа и од за него тотално себична призна и од тука според мене доаѓа и целата фама. Перез цел негов мандат го базира на купување на најдобрите фудбалери на светот, вкпрочем така и станува претседател на Реал Мадрид.Види не е спорно ништо ова за Реал, Реал и понатаму ќе продолжи да ги купува главните ѕвезди без разлика дали има ЛШ, Супер Лига или било каков друг формат на европско натпреварување. Види ја Барса, пред банкрот беше минатата сезона, фудбалерите ја знаеа нејзината финансиска состојба па сите се тепаа да потпишат за неа. Муабетот се клубови кои како Милан, како Интер, како Јувентус, како Дортмунд, како Марсеј и Лион, како Атлетико Мадрид, кои се РЕДОВНИ, пази потенцирам уште еднаш РЕДОВНИ учесници во европските натпреварувања а се финансиски послаби на трансфер пазарот од еден Вест Хем, или Евертон, или Фулам.
Зашто мислиш дека Перез има фрустрации, од кого? Од ПСЖ што не го дадоа Мбапе, од Халанд што потпиша во Сити, а не во Реал? Па ако некој претседател нема фрустрации од својот тим тоа е Перез, да не набројувам во неговиот мандат што се нема освоено Реал, знаеш и сам. Перез ова го гледа од друга призма, за него тотално себична, а за нас тотално не сфатлива. Меѓутоа еве, ако тоа не начинот да стане финнсиски конкурентен кој е?
Да има огромна фан база низ цел свет? Check.
Да има нов огромен стадион во главен град што ќе му креира приходи? Check.
Да има освојувано титули и од освојувањето на титулите да генерира приходи? Check.
И пак за 10-15-20 години Реал ќе ја изгуби трката со нафташите.
Ама ова е Реал, други 20 клубови веќе ја имаат изгубено трката.
Утакмиците што ти ги набројав служеа само како пример, за да ти воочам дека ако ПЛ клубовите не учествуваат во Супер Лигата, а останатите клубови одлучат да ја креираат Супер Лигата и излезат од ЛШ натпреварувањето веќе Арсенал - Реал и Ливерпул - Баерн нема да гледаме, а самиот кажа дека сакаш да ги гледаш. Тоа ми беше поентата.
Тука е проблемот, тука треба да се фокусираш што овие тимови што се редовни учесници во европските натпреварувања почнуваат да заостануваат позади тимовите КОИ НЕ СЕ учесници во европски натпреварувања од Премиер Лигата. Зашто тогаш да играат ЛШ, зашто да не си направат свое натпреварување во кое многу поадекватно ќе се делат примањата?
Нема да биде така. Голем дел од противниците ќе бидат исти. Горе на врвот безмалку секој ќе има одиграно со секого, ако планираат доволен број натпревари (после ќе прочитам убаво колку натпревари планираат).Мене лично ми смета фактот што мене и тебе би не рангирале на иста табела, иако јас и ти може да сме изиграле со 80-90%, па теоретски можеби и сите, различни противници.
Десет натпревари и 36 тима. Ме мрзеше да гуглам и правам математики искрено ама на табела од 36 може многу лесно јас и ти никогаш да не се најдеме на ист дел од табелата. Мада мора да има бар неколку екипи што ќе одат горе-долу па така ваљда и ќе се погоди некоја што ќе игра и со мене и тебе. Иако 10 меча не се кој знае колку.Нема да биде така. Голем дел од противниците ќе бидат исти. Горе на врвот безмалку секој ќе има одиграно со секого, ако планираат доволен број натпревари (после ќе прочитам убаво колку натпревари планираат).
Во ред, ајде да ги споредиме ТВ примањата на екипите во Ла Лига и во Премиер Лига.
Во Ла Лига, за 2021/22 сезона трите екипи кои имаат највеќе примања од ТВ правата се Реал Мадрид (160 милиони), Барса (159 милиони) и Алетико Мадрид (130 милиони), а тимовите што најмалце пари земале од ТВ правата се Мајорка (55 милиони) и Рајо Ваљекано (50 милиони) што значи дека разликата помеѓу тимовите што зимаат највеќе пари од ТВ права од тие што зимаат најмалце пари од ТВ правата е од 80-100 милиони.
Во Премиер Лига, за истата сезона екипите кои имаат највеќе примања од ТВ правата се Манчестер Сити (153 милиони фунти*), Манчестер Јунајтед (148 милиони фунти*) и Ливерпул (151 милион фунти*), а најмалце има земено последната екипа односно 96 милиони фунти. Значи разликата е околу 50-60 милиони.
Да кажеме дека Реал, Барса и Атлетико се сложат да ги намалат своите примања од ТВ правата и да ги распределат подеднакво на останатите клубови, тоа на останатите клубови ќе им донесе конкурентност во европските натпреварувања према останатите екипи од ПЛ?
Зашто пази, збориме за распределеност на парите, а не збориме дека од Ла Лига само 3 екипи зимаат над 100 милиони евра од ТВ права, а во Премиер Лига од 20 екипи само.. па да, 20 екипи зимаат над 100 милиони евра од ТВ права.
Нема везе, те разбирам што сакаш да кажеш, но Супер Лигава нема врска со домашните првенства.
Екипите не сакаат да избегаат од домашните првенства, сакаат да избегаат од УЕФА која не им ги распределува финансиите како што треба.
Премиер Лига е гледана поради екипите кои учествуваат во неа и поради тоа Премиер Лига ги наградува екипите со ФЕР дистрибуција на парите од ТВ правата.
Лига на шампиони е гледана поради екипите кои учествуваат во неа, не поради самата УЕФА, и УЕФА не ги наградува екипите кои учествуваат во таа лига, туку парите си ги задржува за себе.
Поради тоа сакаат да излезат екипите од УЕФА натпреварувањата, а не од домашните натпреварувања.
Зашто англичаните не сакаат?