Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
7 април 2015
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.698
Што знам, може има право Перез ова што збори, и јас самиот приметувам дека се помалку пратам фудбал, дали е поради повеќе обврски, помалку време, наоѓање други интереси, промена на фудбалот од порано, гледам најчесто во друштво ЛШ или дерби. Се обидувам да и дадам шанса на некоја бош лига како Словачка, Естонска, Литванска лига, но не оди, приметувам дека не ме влече да погледам ниту некоја небитна утакмица од првите лиги, како Леванте-Елче која ја пратев во петокот. Додека на времето уште додека на А1 ја даваа премиер лигата, ги пратев скоро сите утакмици заедно со семејство како викенд традиција, додека еве НФЛ лигата која е најслична со Супер лигата, ја пратам секоја година и не ми е досадна иако се истите тимови секоја година.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.368
Поени од реакции
9.558
Не, на клубовите мислам.
Утре и да се смени Перез од претседател на Реал, Реал ќе ги зима парите од Супер Лигата, а не Перез.
Исто и со Јунајтед, ако утре се смени американецот од газда на клубот, пак Јунајтед ќе ги добива парите од Супер Лигата, а не американецот.

На пример: ако фондот на парите за една сезона е 300 милиони и од тие 300 милиони, 200 одат за УЕФА, а 100 за учесниците.
Со Супер Лигата сите 300 милиони ќе одат за учесниците во натпреварувањето.
За другите клубови незнам али ГЕЈзери има да се мрсат со парите на клубот ќе му фрлат нешто ситно.
Не ја оправдувам уефа напротив треба да се преземе нешто, како што реков погоре тешко за Англиските клубови да се приклучат на проектов ќе имаат доста ригорозни мерки ако појдат пак во супер лига со исфрлање во понизок ранг и одземање на трофеи.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704

de be, junajted ima potroseno poveke od psg poslednive 5 godini kaj zivees ti

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.368
Поени од реакции
9.558
Tebe argumentot ti bese deka ne davaat pari a ustv poslednite 10 godini imaat potroseno poveke od City i PSG :)
Ќе се одалечиме од темата на нашите газди им е најбитно едно нешто парите, а фудбалскиот успех им е на последно место.
Јунајтед трошеше многу да и бидно им беше на газдите да се обезбеди лига на шампиони друго што и да се случи им е небитно, 25 години си вадат дивиденди и си свиркаат.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Се надевам пак ќе се направи притисок во Англија за ПЛ екипите да не се вкучуваат. Што се однесува до другите, може слободно цела континентална Европа да си направат еден ваков формат на првенство. Можеби така ќе има уште една интересна лига за следење. :icon_mrgr:
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.100
Поени од реакции
25.147

Нормално дека ќе се надеваш тимовите од ПЛ да не се вклучат, бидејќи ќе ја изгубат финансиската доминантност на трансфер пазарот. Рачунај дека ниту една друга лига нема толкави финансиски примања од ТВ права како што тоа го имаат клубовите од Премиер Лига.

И тоа е во ред и легитимно, треба да имаат зашто они причината поради која фановите низ цел свет сакаат да гледаат Премиер Лига.

Е тука треба да дое УЕФА и да каже, ние како тело кое ги вклучува сите европски тимови ќе го зголемиме приходот кој го добиваат екипите учесници во ЛШ со што ќе им овозможиме дополнителни поголеми приходи на тимовите.

На сите им е јако да гледаат Ливерпул - Манчестер Јунајтед, Ливерпул - Манчестер Сити, Арсенал - Челзи, но исто така им е јако да гледаат и Арсенал - Реал Мадрид, Ливерпул - Баерн Минхен, Челзи - Барселона.

Епа ако одлучат ПЛ екипите да учествуваат во ЛШ, а останатите во Супер Лигата (зашто поентата на Супер Лигата е да го замени ЛШ како натпреварување) тогаш ти како фан на екипа од ПЛ ќе се надеваш сеуште твојата екипа да не се приклучи на Супер Лигата?

Нормално ова е невозможно, бидејќи Супер Лига без екипите од ПЛ е осудена на пропаст од старт.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.602
Поени од реакции
17.440

Интересен е тајмингот со можната казна на Сити.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Нормално ова е невозможно, бидејќи Супер Лига без екипите од ПЛ е осудена на пропаст од старт.
Исто и ЛШ без сите останати... Со кого ќе играат англичаните ЛШ, меѓу себе? Баерн и ПСЖ се курчеа у старт против лигава ама ќе легнат и они на брашно гарантирам. Исто битен детаљ е и истрагава на Сити. Ако ги избацат од учество у ЛШ, први ќе рипнат и они у Суперлигава.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Нормално дека ќе се надеваш тимовите од ПЛ да не се вклучат, бидејќи ќе ја изгубат финансиската доминантност на трансфер пазарот. Рачунај дека ниту една друга лига нема толкави финансиски примања од ТВ права како што тоа го имаат клубовите од Премиер Лига.

И тоа е во ред и легитимно, треба да имаат зашто они причината поради која фановите низ цел свет сакаат да гледаат Премиер Лига.

Е тука треба да дое УЕФА и да каже, ние како тело кое ги вклучува сите европски тимови ќе го зголемиме приходот кој го добиваат екипите учесници во ЛШ со што ќе им овозможиме дополнителни поголеми приходи на тимовите.

На сите им е јако да гледаат Ливерпул - Манчестер Јунајтед, Ливерпул - Манчестер Сити, Арсенал - Челзи, но исто така им е јако да гледаат и Арсенал - Реал Мадрид, Ливерпул - Баерн Минхен, Челзи - Барселона.

Епа ако одлучат ПЛ екипите да учествуваат во ЛШ, а останатите во Супер Лигата (зашто поентата на Супер Лигата е да го замени ЛШ како натпреварување) тогаш ти како фан на екипа од ПЛ ќе се надеваш сеуште твојата екипа да не се приклучи на Супер Лигата?

Нормално ова е невозможно, бидејќи Супер Лига без екипите од ПЛ е осудена на пропаст од старт.
Да, ама Реал Мадрид одсекогаш имал убедлива доминантност на трансфер пазарот. Буквално секогаш ги купувале главните ѕвезди за еден куп пари, па никој не се обидувал да смени фудбалот од корен како што прави Перез сега. Можеби и прв пат во историјата Реал има (и ќе има се повеќе и повеќе) конкуренција за најдобрите фудбалери на светот. Чист пример Мпабе и ПСЖ, па многу веројатно и трансферот на Халанд во Сити.

Јасни ми се неговите фрустрации и насоката во која размислува, човекот бара начин да го задржи својот клуб убедливо на врвот во фудбалот и за 10-15-20 години. Гледа дека со арапиве нема заебанција и бара начин како да остане финансиски конкурентен. И се е тоа океј, ама мислам дека не е начинот преку креирање приватно натпреварување каде тој ќе биде големиот брат.

Доволно е и да видиш кои други два тима се покрај него - вечниот ривал Барселона, клубот што продаде се живо и диво претходното лето и без екстра приход може да биде во длабоки гомна за 10тина години. И секако Јувентус, клуб кој може уште летово да заглави како што тргнало.

Арсенал - Реал и Ливерпул - Баерн иначе секако имаме шанса да ги гледаме во ЛШ. И самото тоа што не играат секоја година дава додатна убавина за мене на ваквите дуели искрено.

Инаку не ми се допаѓа ни новиот формат на ЛШ. Дури катастрофален е. Какво е тоа натпреварување кога во иста група рангираш 36 тима, а не игра секој против секого. Апсолтна глупост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom