Мои сонародници не е возможно да ги закочат институциите повеќе, не се ниту толку способни.
Земи било што, не мора државна институција, ете странски фирми нека е, еве DHL или UPS кои се раководат од македонци исклучиво, мизерија од раководство.
А приватните факултети ? Букфално можеш да завршиш факултет без да стапнеш на тој објект. Штуловиот за приватниве е Харвард.
Твои сонародници се на чело на извршната, судската и законодавната власт и гледаме каква ви е северната држава. Твои сонародници се премиери вицепремиери, заменици премиери, државата блеска. Твој сонародник е министер за економија, економијата е одлична, не сте последни во сите економски параметри. Твој сонародник е министер за финансии, не сте презадолжени, не издавате еврообврзница од 800 милиони евра за да покриете дупките за плати и пензии и тендери, нема наскоро кредитниот рејтинг да ви го намалат. Твој сонародник е министер за администрација и информатичко општество, администрацијата е ефикасна, ефективна, деполитизирана и непартиска. Твој сонародник е министер за образование, учениците навремено се снабдени со учебници, а не како што лажат медиумите, цела учебна година ја врват без книги и покрај постојаните ветувања на твојот сонародник дека ќе ги обезбедат најкасно до октомври, па до крајот на првото полугодие, па до пролет и сега до септември најкасно. Твој сонародник е министер за здравство, не умираат пациенти оти не сте набавиле лек, нема недостаток на педијатри, не работаат лекари со лажни лиценци и не вадат органи од пациенти. Твој сонародник е министер за надворешни работи, твој сонародник е заменик министер за надворешни работи, северната дипломатија е независна и самостојна, не прифаќа уцени за додавање на бугари во устав што е продолжување на планот за бугаризација на македонскиот народ и македонската нација и иницијална каписла за поделба на државата меѓу бугарија и албанија, северните дипломати не пренесуваат ерменски криминалци за да избегнат апсење. Твој сонародник е министер за животна средина, ич не е загадено, воздухот е квалитетен, Скопје, не се наоѓа секој ден во топ 5 најзагадени градови во светот, Преспанското езеро не е пред исчезнување. Твој сонародник е министер за внатрешни работи, исто и заменик министер, криминалот е минимален, нема секој ден убиства и престрелки меѓу ваши нарко кланови, нема ограбувања на банкомати и пошти, мвр не издава лажни пасоши на познати криминалци, не се дила дрога насекаде како никогаш досега, полицијата не дава заштита на дилерите. Твој сонародник е заменик министер за одбрана, армијата има топла облека и не прима волнени чорапи како донации, располага со најсовремено оружје и е способна да се справи со надворешна агресија и внатрешни закани. Твој сонародник е заменик министер, за скоро и министер за правда, довербата на народот во правосудството е рекордно висока, а не 4 % како што лажат анкетите. Твој сонародник е заменик министер за култура, културата не е пред колапс. Да не почнувам за агенциите, дирекциите, инспекторатите, заводите кои се во рацете на твои сонародници, а кои работат законски, ефикасно и во интерес на граѓаните на северна, никако во интерес на бизнисите на дуи и на компании на дуи и другите албански партии. Твој сонародник е претседател на собранието, нема проблеми со кворум на секоја седница, собранието ефикасно работи и не е сточен пазар, не се избира претседател на скали, со кревање на две раце, без пренос на јавен сервис, не се вадат пратеници од затвор да гласаат за промена на име, не се киднапираат пратеници за да не гласаат за паѓање на владата, не се уценуваат за да гласаат за бугари во Устав. Твој сонародник е републички јавен обвинител кој не е близок до дуи и кој продолжи со процесуирање на предметите за несреќите со болницата и автобусите, а не ги скри во фиока и не ќути и по изборот и е транспарентен за својата работа твои сонародници се претседатели на основни, апелациони судови, на Врховен, на Управен, на Уставен, на Виш Управен и тие се независни во својата работа од политичарите, не примаат наредби од северните и шиптаpските политичари за тоа каква пресуда да донесат, не се продолжена рака на политичките партии во владата на вашата држава, и секако работат и судат исклучиво во интерес на правото и правдата.
Во право си, твоите сонародници не ги кочат институциите, не се толку способни.