По пролистани едно 10 страни наназад од темава...
Како бе можете во се да барате теорија на заговор, тоа треба или стварно "мозок" да си или да си шкртнат со дијагноза. Абре створени сте за тоа, едноставно створени.
Западот? Стратешки удар на Иранскиот гасовод? Ердоган да биде послушен зошто Турција ќе добие донации?
Западот ако сака да уцени власт на некоја држава има ЕКСТРА поефикасни начини и проверени методи, црепови едни неизделкани.
Ова е типично тресење глупости! Поголема глупост од теорииве на заговори во врска со земјотресот во Турција одамна немам прочитано. Нити знаете со сигурност дали е воопшто возможно да се "предизвика" земјотрес, но треба да знаете дека таа област е подложна на земјотреси уште откога се знае за човечката цивилизација.
Тоа што главите ви живеат во теории на заговор и во постојано демонизирање на западот, и како се спремни да ги загрозат животите на МИЛИОНИ луѓе, заради уценување на еден диктатор, тоа е вашето болно и нерационално размислување. И тоа не се чудам од кого потекнува, доволно е само да се потсетам на Ковид темата и јасно ми е се.
Ако сте вистински ХРИСТИЈАНИ, помолете се на Бога за трагедијата и не туку лупетајте.