Клучен збор е тоа “помислив“. Значи ти делувало дека може да се случи некое изненадување и Арсенал да освои титула, делува и сега, но е далеку тоа од “решена работа“ како што претстави и дека треба да се укине клубот ако не освои.
И како е сезоната слаба, зарем не е ова што сакаме да гледаме од лигата, или ти сакаш да гледаш повеќе германско првенство каде што еден тим си освојува постојано? Минати 5 сезони само два тима постоеја во лигата и беа конкурентни за титула, ниеден од останатите 18 не беше во борба за титула во вториот дел од сезоната. Тоа се менува сезоната, секој секого може да победи, Брајтон и Брентфорд редовно си победуваат некој силен клуб, нема веќе монопол од 2 доминантни тима и секој сака да си земе парче од колачот дали титула, дали ЛШ место, дали место ЛЕ/КЛ, дури и тимови кои оваа сезона влегле од Чемпионшип. Тоа ти кажува дека лигата изобилува со силни клубови, дека е многу поинтересна и понепредвидлива. Логиката треба да е повеќе силни клубови = подобра сезона, а не слаби Ливерпул и Сити (навистина не би рекол Сити дека се слаби, после пораз од Тотенхем кој што редовно ги шамари) = слаба сезона .
Дефанзивниот и ,,да не правам малери отсега" став, како фан на Арсенал во оваа позиција ми е сосема разбирлив. Од страна човек кога набљудува, ова изгледа и те како поволна ситуација за Арсенал. Или, на Арсенал е да ја загуби титулата. Арсенал ќе кикса, ама ќе кикса и Сити.
Очигледно не може секоја сезона да збудалат од јануари и да тепаат 19 тимови до крај на сезона.
Сезоната е слаба, послаба од претходните, како сакаш. Не ми менува мене ништо во суштина, екипата моја е во реална борба за опстанок.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Така што, нема потреба да бидам субјективен. Некои клубови кои демек треба да се конкурентни барем за ЛШ, поблизу се до зона за испаѓање. Со еден куп попатни проблеми, да не навлегувам сега.
Големи клубови.
Њукасл нема победа 5-6 меча во лига не мрдаат од позиции кои водат до ЛШ. Јунајтед изгледа стабилно и добро, но Јунајтед е екипа со нов тренер и нови играчи. Тотенхем падни-стани, повеќе падни од стани, лабаво си гравитира околу четврта позиција.
Клучно во твојот втор дел од постот е тоа што не правиш дистинкција од конкурентност и квалитет. Во добар дел од случаите се поистоветуваат (во ПЛ барем), сега не мислам дека е така.
Мали условно речено клубови земале скалп на поголеми, па веќе 20 години во Премиер Лига. Одамна е тоа пракса, не е од сега.
Проблемот е што на работите гледате црно на бело. Не вие конкретно, туку на тема спорт неретко е така. Ако каже човек дека конкуренцијата е ваква и онаква, не значи дека некој го деградира потенцијалниот успех.
Пишав и погоре, утре да заврши сезонава, Арсенал е апсолутно заслужен шампион. Подобри од другите, поубаво играат од другите, не добиваат судиска помош. Никаква црна дамка.
Ама, некогаш е потребно да се погодат и околности. Тоа нема врска со Арсенал. Е ние ги коментираме тие околности, објективни и детерминирачки.