Рутинска победа и целосна контрола на натпреварот. Радува тоа што тимот нонстоп ја крева формата, а исто и играчите, од ден во ден се подобри, ма да, ова е секако одлика на Жељко, секогаш ја крева формата во вториот дел на сезоната и на крајот на сезоната, барем така правеше во Фенер.
Овие 12-11 лесно можеа да бидат и 14-11 во најмала рака, а веројатно и 15-11. Со Басконија водеа скоро цел натпревар, примија тројка во последна секунда и изгубија во продолженија, против Милано на домашен терен цела утакмица водеа, на крај попуштија и изгубија, исто и со Валенсија изгубија во продолженија иако имаа и 10+ разлика, лесно можеше да се случи на крај место Валенсија Партизан да ја однесеше победата... Плус мора да се земе во обзир дека играа без Аврамовиќ и Смаилагиќ на овие натпревари, т.е. до средината на Декември. Но, се на се, одлична сезона и одлична игра барем за сега.
Одлична свежина и енергија внесуваат и Смаилагиќ и Аврамовиќ, Смајли ја намести раката и погодува тројки во важни моменти, истотака знае да донесе поени од контра напад, а Аврамовиќ со енергијата во дефанзива, одма се гледа колку е подобар тимот со нив двајца во него, поголема е ширината во ростерот.
Најголем напредок, да не кажам НЕВЕРОЈАТЕН
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
- МАТИАС ЛЕСОР. Колку напредна дечково во однос на претходните сезони, чудо едно, кој го памти од периодот во Ѕвезда кога играше какво теле беше, па подоцна направи напредок и беше еден од најважните играчи во сезоната кога Монако го освои Еврокупот, до ова што е денеска. Ја зајакна дефанзивата, убаци леѓна техника во својот арсенал, уште слободните да ги среди уште малку и топ е, најдобар играч на Партизан сезонава, so far.
Данте Егзум цела сезона држи континуитет и стандардно е добар, се гледа огромниот квалитет кој го поседува, барем за европски услови, иако во врска со него владееше најголема скепса. И на двете страни на теренот одличен, а погодува и тројки што е уште поважно.
Позицијата што беше најкритична лани, сега се покажува колку е важна и дека Жељко знаеше што прави и зошто донесе веднаш појачувања таму, пошто евидентно беше колку шкрипи на позицијата ниско крило. Радува и тоа што и Папетру и Нанели ја креват формата, првиот одлична дефанзива игра цела сезона, сега почна и да погодува, што ќе биде и од круцијална важност, а од Нанели немаме видено ни мал дел од тоа што го поседува во својот репертоар, ама полека ја дига формата и он, како се ближи крајот на сезоната ќе мора и он да донесува сигурни поени и да помага во офанзивата.
Се на се, Партизан може секого да го победи, океј освен Олимпијакос ваљда, и ај да кажеме Барселона, другите појаки екипи сите можат да паднат на домашен терен, а со останатите може да се носи и на гостински терен. Дали ќе игра Партизан во ТОП 8? Ако ме прашате мене - ДА. Нешто ми вика дека ќе успеат да влезат во ТОП 8, ако продолжат во ваква форма да играат, сигурно влегуваат.