Mnogu licno si go sfakjate seto ova okolu ruskite voeni ajde ke recam uspesi.
Nikoj ne ocekuvase Ukraina voeno da padni za nekolku dena, politicki mozda da ali voeno sigurno ne, toa bea prikazni za mali deca. I vojskata da im bese vo celosen raspad i da ne pruzase nikakov otpor pak ke im trebase povekje od nekolku dena, mnogu povekje. No da zaglavuvas za sekoe selce i gradce so meseci i meseci isto nikoj ne ocekuvase, uste pomalce da go racunas toa kako nekoja taktika, kao presmetano e nadvor od umot. Ne se toa moi zelbi ili tvoi, ednostavno e nadvor od umot i nadvor od sekoja voena logika. Prodolzuvanjeto na voenite dejstvija za nikoj ne e dobro, posebno za Rusite, okolu toa da si nacisto, bez razlika dali trosele 5 ili 50000 granati na den. Se toa kosta pari, a da si bideme realni daleku e ekonomskata mokj na Rusija nasproti zapadot. Ako planiraat vojna do iscrpuvanje so zapadot , ednas vekje izgubija.
Ништо лично не сваќам, ниту пак сум навреден или слично, само анализирам.
Владе тоа е муабетот, ние размислуваме од економски аспект за оваа војна, одма имаме математики, една граната кошта волку и така натаму. Ајде тогаш кажи ми каква и беше математиката на САД да војува 21 година во Авганистан и на крај да му остави милијарди оружје на Авганистанците, за кои неможеш да кажеш дека не знаеле дека ќе ги изгубат за една недела.
Se povlekoja oti ke gi pregazeja, ne e toa nekoja visa matematika. Sekoj normalen bi se povlekol koga znaes deka ke bides zaobikolen i odsecen i poziciite se neodbranlivi, toest ti sleduva totalen kolaps. Prasanjeto koe mozebi treba da se postavi e zosto doslo do toa i Ukraincite da povratat tolkavi tetitorii i gradovi bez vozdusna i artileriska nadmokj, a ovie nemozat edno gratce so meseci da go pominat. Nekogas i ne e samo do oruzjeto , ima nesto i vo sposobnosta na voeniot vrv.
Вака, има една проста математика во секоја војна. Многу е полесно да се браниш одколку да напаѓаш. Поготово ако позади тебе стои јака артилерија, ПВО и сл. Така да приказните ќе ги прегазија, ако овие решиле да го бранат тоа што го завземале, се приказни пак ќе кажам, за мали деца. Кога они тргнале во офанзива на толкава територија со само 160К, наспроти во најмала рака 400К војници. Самиот тој факт може да каже само една работа, тие не тргнале да освојуваат, тргнале да маневрираат и да ја носат војната онаму каде што нив им одговара. Имај во предвид дека сеуште не ги ни имаат деплојувано целосно тие 300К што ги регрутираа. А да кажеш појма немале и затоа тргнале со 160К е смешно. Пошто ќе ти кажам примери, за во војната во Грузија Русија користи 70К војници наспроти нивните 20К, во втората Чеченска војна, Русија користи 80 војници наспроти нивните 15К. Е сега одеднаш им текнало да користат во напад 1:3 - 1:4 па можеби и 1:5 војници за иста тактика, 160К наспроти може 800К во прва фаза на регрутација. Тоа некако ми е смешно да се тврди.
Или можеби си мислеле дека Украинците ќе се предадат? Ова ко да идеш на лов без пушка и да си мислиш сами ќе си дојдат веприте на колење. После 8 години непрестана војна во Донбас, после толку укопување, бомбрадирање на цивили, анти-руски наратив, буквално малтретирање на Руси на секој чекор, некој таму во Русија си помислил, ајде ќе влеземе со 160К во Украина и овие ќе се предадат, мислиш Ало Ало гледаме. Едноставно нема теорија да планирале да ја прегазат Украина со 160К војници. Тоа бил гамбитот, токму тој мајндсет што ти го имаш тука, дека Русија губи и е неспособна.
Ти реков, во прашање се преиспитување на можностите. Русите си прерачунале дека Украинците се спремни да гинат, прерачувале дека западот е спремен да им дава оружје и го утилизирале тоа нивно знаење во начинот на којшто ја војуваат оваа војна, а да биде најисплатлива за нив. Пошто војната што ја води Русија, за разлика од како на тоа гледа западот во случајов, не е бизнис прилика. Туку буквално војна во која треба да се зајакнат позициите на Руската држава. Замисли да собереа 2-3 милиони војска, и да отидеа на јуриш во Украина, како што сугерираш и да се соочеја со НАТО логистика и техника, како што впрочем се соочуваат и да изгубија едно 1 милион војска. За разлика од тоа они решиле да идат полека, со 160К војска да маневрираат лево десно, да не влегуваат ептен во макази, туку само да удираат со артилерија, на сигурно.
Викаш ги кошта тоа, да ги кошта, ама очигледно другата страна ги кошта уште повеќе. Па така кој ќе го истрпи трошокот, тој ќе победи.
Eve ti nesto za razmisluvanje. Sto ke se slucese ako Germanija zaglavese vo Francija na pocetokot na WWII?
Нацистичка Германија и Италија користат околу 7 милиони војници да ја освојат Франција, што е во најмала рака 1:1. Ако си прател втора светска војна, ќе видиш дека покрај надмоќната технологија, Германија победувала со помош на маневрирањето, можноста брзо да се префрли од едно на друго место, да го бира местото за битките. Ако на пример, нападнале на мажино линијата, ќе ги дочекале и ја утнале работата. Тогаш џабе ќе им била цела таа техничка надмоќ