Se ova sto go nabroja za zapadot ke se slucese i ako Ukraina padnese, kapitulirase , samo sto Rusite daleku pomalce ke gi kostase vo ljuge, oprema i resursi. Bukvalno istoto duri i poloso po zapadot.
Тука ти мешаш малце. Што се желбите и што се можностите. Пошто Русите претпоставувам пресметале дека Украина не може да падне за неколку дена, воопшто и не помислиле да ја паднат... Не со 160К војници со колку што почнаа на почеток. Тоа говори дека се спремале за поголема војна. Дека да се разбереме, Русија се уште не е match за западот и е свесна за тоа. Но ете има некои предности кои добро ги искористи. На пример не се ни помачи да добие супериосност во воздухот, каков што очекувавте, споредувајќи го САД. Можеби тоа е поради фактот за кој збори Human дека не и е таква доктрината, а можеби и заради фактот што Украина има доста сериозно ПВО, со кое ни САД не верувам дека лесно би се справило. Туку како што гледаме ја користат доминацијата во артилеријата. И тоа ја користат доста успешно.
Она што го увидов, а што пропагандата пробува да го замајува е дека Русите не ги завземаат позициите не јуриш. Еве за Бахмут до пред 2 недели имаше безброј лажни извештаи, како Русите почнале да влагаат во Бахмут, меѓутоа напредувале споро (приказните со станицата). Но доколку ги пратиш мапите што ги постира Gags ќе видиш дека Русите воопшто не ни се обидуваа да влезат во Бахмут, туку само бомбардираа (до пред некој ден, деновиве не знам каква е ситуацијата).
Друга работа што е вредна да се каже е како на три пати имаа големи повлекувања на армијата, во Киевската област, во Харковската област и во Керсонската област. Значи се повлекоа без воопшто да ја бранат територијата. Што е приказната сигурно нема да ја дознаеме сега, но со тек на време ќе се дознае. Она што ми доаѓа на ум е можда не ги фрлаат војниците во непотребен ризик или можеби само го повлекуваат фронтот каде што нив им одговара.
Трета работа што е интересна, што она што го прави Русија воопшто не личи на модерно војување кое сме навикнале да го гледаме. На пример, воопшто не личи на петдневната војна со Грузија, каде се идеше на брзи маневри. Тоа може да значи дека Украинците биле подготвувани за таква војна и затоа Руското раководство решило да постапи многу поинаку во Украина. Можеби затоа се спремале за долга и исцрпувачка војна, дека знаеле дека со брз продор до Киев има шанса да изгубат доста војска, што во реалност и би се случило. Затоа почнаа со 160К војници, па полека полека почнуваат да внесуваат уште војска. Едноставно ова што се случува во Украина е војна до исцрпување. Како што гледаме по потрошњата на артилеријата, ако Русија користи 60К артилериски гранати на ден, Украина одвај враќа со 6000. Дури и тие 300К од последните резерви на НАТО 155ки би биле доволно за да Украина биде на еднакво ниво со Русија за 5 дена. После тоа брада.
Значи да се навратиме, не какви се желбите или што владе и јамајка рачунаат дека ќе биде победа, туку какви се можностите. Јас верувам дека Русија си ги пресметала можностите, увидела како би било најдобро за неа и така и делува. Да кажеш дека се заебале, не рачунале биле глупи и така натака е да ти кажам искрено ептен детски муабет. Не викам дека све било перфекто и све било како што испланирале. Но грото е така, ако некој излегува од планот, тоа е западот со напорите да најдат ново оружје што ќе им го дадат на Украинците. Русија како што гледаме го нема тој проблем, значи го испланирале ова многу добро.