Фирмите така си процениле, плус западот вика производството нема да ви го зимаме, еве ви го Путин и муштериите од Волгоград.
И така фирмите си одлучиле каде ќе тераат.
Сега Русија треба да ги повлече нивните компании од западот и таман ќе се избалансираат.
Факт е дека има санкции на Русија, факт е дека и некој компании рекоа дека веќе не продавале на рускиот пазар, ама факт е дека некој компании само се ребрендираа и испораката до русија оди преку трети земји со единствено провизии за тие трети земји.
Слична е и ситуацијата и обратно, сега руската нафта оди преку трети земји и битно е дека веќе не купуваме руска нафта туку индиска, гас од Холандија што го нема и некој други земји кој не ги никој знае.
Сега и двете страни ги малверзираат вистинските бројки за увоз извоз и оди преку трети страни и е стварно тешко да и се најде крајот, ама и двете страни имаат корист од таквата трговија, па не е проблем да си работат така како што си работат.
Компаниите веројатно сами си ги наоѓаат каналите за достава до Русија, кажав дека нашата која е странска компанија со добар пазар во Русија од времето на Југославија си ги праќа производите со воз за Турција, дали ги претовараат на брод или има линија преку Грузија немам поим битното е дека официјално ние не продаваме на Русија.
И уште една многу битна работа што ја повторуваме е дека Русија си ги произведува примарните производи за живот, па дури и ги извезува во голем број, онаа што увезуваа беа машини, коли и електроника ако се сеќавам, електрониката се произведува во Кина, коли исто така можат да се најдат од Кина, па и од Јапонија и Кореја не слушнав дека они вовеле санкции кај што немаат корист, само за потсетување Јапонија воведе највисока цена за нафтата, ама со исклучок на Сахалин, од онаму каде што купува нафта, уствари воведува од онаму каде не купува.
Се на се Русија ќе преживее, сега не е исто ама не е проблем да се стисне заби за ИКЕА на пример, ќе си купат од некој локален мебелар, квалитетот е дискутабилна работа како на пример кој е поџанк Мекдоналдс или Точка.