Да, ама тоа е проблем на Русија, како што можеби бил на Ирак.
Кој им е крив на Русите што не постигнаа СЕАД на почетокот на војната? Кој им е крив што не вложуваа во такви системи? Да имаа оперативен стелт, во голема мера ќе беа поуспешни на фронтот. Не мораа да трошат ресурси и да ја потиснат целосно противничката ПВО (дури и САД тоа ги кошташе многу во Ирак), доволно ќе беше да можат да гаѓаат единици на фронтот со прецизни бомби.
Се борат против Америка, да, но тоа е причина повеќе за ова што го зборувам.
Знаеш како функционира против-воздушна одбрана?
Ако знаеш, зошто Русите не летаат над Украина?
Многу тешко е да го спроведеш тоа ти што го збориш над Украина, дури и американците да би се пробале сигурно би изгубиле десетици авиони додека не го постигнат тоа. ПВО, поготово советското/руско може да биде многу непредвидливо за разлика од америчкото кое гледа само према таа страна на каде што очекува удар.