Не разбираш Ингвар, тоа се бира со што која војна ќе се споредува. И не само кои војни со кои војни, туку кој аспект со кој аспект. Битно водата да ја донесеш на твојата воденица.
Тоа се дешава кога следиш премногу амерички медиуми (и веројатно само такви), извесно стануваш подоложен на перење мозок. Почнуваш да размислуваш „исклучително“, според американскиот exceptionalism.
Небитно е што таму не само САД туку и цело НАТО брутализирале држава со носење војска неспоредливо надмоќна од секој аспект (опрема, оружје, сателити, итн). А овде е Русија против САД и цело НАТО, плус милонска украинска армија и наследена советска техника. Пак со сите технички предности од сателити, нискоорбитен интернет, итн, итн.
Пази не му одговара споредба со Авганистан, вели да сме споредувале со Ирак. Може, ама ако Русија ја споредуваш со Ирак.
Сериозно, повеќе сличности има отколку разлики. Ирак нападнат? Русија нападната (без да е објаснуваме дека е така). Ирак воено-технички инфериорен? Русија исто така (споредено со САД+НАТО, според нивните сопствени тврдења).
Има и други сличности, ама разлики? Епа Ирак барем имал човечка бројчана надмоќ, овде Русија неспоредливо помалку чизми на терен од Украина и САД/НАТО.
Како сакаат нека го вртат, ова во оваа војна што се дешава ќе го изучуваат во сите воени академии - а посебно во Вест Поинт. И тоа како промена во парадигма во војувањето. Затоа што западот никогаш не војувал против современа и мотивирана, опремена армија со советска/руска воена доктрина. Надмоќното ПВО и артилерија ги диктираат условите на војната. САД парираат со статични дефанзивни линии, укопани војници и утврдувања - но статично војување без доволно офанзивни елементи и концепт - на долг рок секогаш е осудено на пораз.
САД не ги водат глупави луѓе (психопати се, ама не се глупави), тие го знаат ова. Тие знаат дека Украина 100 % сигурно ја губи војнава без вмешување на додатни надворешни фактори. Но нивниот енд гејм и не е воена победа во Украина, туку државен удар (обоена револиција) во Русија. Тоа е основното нешто што не го разбираат мнозинството овде па сеедно за кој навиваат во војнава.