Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.541
Поени од реакции
4.638
Причина повеќе за прифаќање на вистината дека Сатанаил навистина постои и дека ликот има свои живи поклоници, кои постојат во реално време...
 
Лаик

Фираун
Член од
4 август 2018
Мислења
1.491
Поени од реакции
3.227
Причина повеќе за прифаќање на вистината дека Сатанаил навистина постои и дека ликот има свои живи поклоници, кои постојат во реално време...
Нормално дека постои сила на темнината а која се претставува како светлоносец(која замена на теза човече)..Инаку секој ден кога се молам на Бога за убав ден и да не чува од злото(пошто секогаш се молам во множина а не само Јас Јас мене да ме спаси а другите кој ги ...) на крај кога завршувам во мене се појавува глас во стилот-Ајде доста му е,откачи го и такви работи..значи ја одам со мисла да му се помолам на Бога а другиот глас е типичен пример на демонска пројава и ако не ги знаеш да ги разграничиш тие работи и мислиш дека е твојот глас и дека тоа е твоја мисла ќе се скршиш ментално и ќе ,,отидеш од раце’’...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.384
Поени од реакции
4.745
...а каде ќе отиде @Лаик ?
...кој можи да не натера против нашата слободна воља да чиниме нешто?
...тој што шепти во увото,по мене,е стравот од непознатото во желбата за осознание :)
...неможам да разберам како можи еден човек на денешницата така да функционира?
 
Да-демонот го напаѓа човекот пред се‘ преку удари во мозокот, во облик од ментални слики, мисли и гласови.

Целта е јасна-постигнување на целосна обземеност на човековата способност за разумно и слободно волно однесување и воедно, целосно отсекување на човекот од комуникација со својот Творец и Спасител.

Навистина, вештина е, да не речам дар е способноста за разликување на она кое е „мое„ од она кое е „туѓо„, а доаѓа од непомјаникот...
 
Лаик

Фираун
Член од
4 август 2018
Мислења
1.491
Поени од реакции
3.227
...а каде ќе отиде @Лаик ?
...кој можи да не натера против нашата слободна воља да чиниме нешто?
...тој што шепти во увото,по мене,е стравот од непознатото во желбата за осознание :)
...неможам да разберам како можи еден човек на денешницата така да функционира?
Првото..Одд. за психијатрија се преполни од такви случаи...
Второто..Хе хе еми кој можи,Госпо сигурно не е од тије...
Третото..Викаш?Не би рекол...
Четврто..Можи,еве на пример Ја :coffee:
Да-демонот го напаѓа човекот пред се‘ преку удари во мозокот, во облик од ментални слики, мисли и гласови.

Целта е јасна-постигнување на целосна обземеност на човековата способност за разумно и слободно волно однесување и воедно, целосно отсекување на човекот од комуникација со својот Творец и Спасител.

Навистина, вештина е, да не речам дар е способноста за разликување на она кое е „мое„ од она кое е „туѓо„, а доаѓа од непомјаникот...
Јован Лествичник со неговата лествица е ,,мајка” за борба и одбрана против демоните кои го напаѓаат човекот...Лично немам некој посебен дар и вештина него цврсто се држам до светите отци докажани борци против непомјаникот...
 
Последно уредено:

Лаик

Фираун
Член од
4 август 2018
Мислења
1.491
Поени од реакции
3.227
„Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.“
- Нов Завет, Матеј X:34-36
,,Читај како да е кажано: Не дојдов да ги помирам вистината и лагата, мудроста и глупоста, доброто и злото, правдата и насилството, нечистотијата и човечноста, невиноста и развратот, Бога и мамонот; но јас донесов меч да се разделат и одвојат едното од другото, за да не се мешаат.

Со што ќе пресечеш, Господи? Мечот на вистината, или мечот на Божјите зборови,сеедно е. Затоа што вистината е зборот Божји,
и Неговиот збор е вистина.
Мечот што излегува од устата, што може да биде освен словото Божјо, словото на вистината? Тој меч бил донесен на земјата од Исус Христос. Тој меч е спас на светот, а не мир на доброто со злото. И тогаш и сега и засекогаш.

Затоа што ако синот го следи Христос, а таткото остане во темнината на лагите, мечот на Христовата вистина ќе ги раздели. Вистината е подрага од таткото. И ако ќерката го следи Христос, а мајката останува упорна да се откаже од Христа, какво соединување може да има? Зарем Христос не е посладок од мајката? Исто и со нејзината снаа и свекрва.

Но, не разбирајте погрешно, како да оној што го познава и љуби Христа, мора веднаш физички да се одвои од своите роднини. Тоа не го кажува. Доволно е да бидеш разделен во душата, а во душата да не примиш ништо од неверните мисли и постапки. Затоа што доколку верниците веднаш и физички се одвојат од неверните, во светот би се создале два спротивставени табора. Кој тогаш би ги поучувал и исправил неверниците? Самиот Господ го трпеше неверниот Јуда покрај себе цели три години.

И така, зборовите за мечот, донесен на земјата, целосно одговараат на Христос Миротворецот и Давателот на мирот. Својот небесен мир, како некој небесен мелем, им го дава на оние кои искрено веруваат во Него. Но, Тој не дојде да склучи мир меѓу синовите на светлината и синовите на темнината.” (вл.Николај)
п.с.Не го преведов цело,само оние делови кои мислам дека се битни..:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.958
Поени од реакции
11.968
Никој не може да му каже на човекот како да чита и што да мисли и да размислува за нештата напишани како што се запишани :)
Контраверзни цитати имало, има и ќе има... само човекот да се описмени уште појче за да прочита појче и да разбира појче!

Посебно 2000 години подоцна кога се имаше време за сешто да се најде некакво „логично“ објаснување.
А и кој е задоволен од ова што ти го напиша како оправдување за тоа што јас постирав на друга тема, нека е задоволен. Не може и не смееме едно задоволство да скратиме на човекот :)

Оние што им е ок стихот таков каков што е (христијани), немаат ниту потреба од овие дообјаснувања од рандом идни луѓе... што, не разбираат па им треба пастир да им каже што како во однос на божественото и човештвото?
Ма ајде каде така... :coffee:
 
Хептаа ја сум презадоволен од одговорот/постот кој го преведов..од фиљан човек е,светец докажан во верата...
пи ес.Има пишувано и за буквалисти и вратоломисти ако сакаш ќе преведам и постирам..:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.958
Поени од реакции
11.968
Хептаа ја сум презадоволен од одговорот/постот кој го преведов..од фиљан човек е,светец докажан во верата...
пи ес.Има пишувано и за буквалисти и вратоломисти ако сакаш ќе преведам и постирам..:coffee:
Јас сакам ти да ми кажеш за нештата, ако само преведуваме од српски и од СПЦ, тоа како прво не е превод, како второ со оној што се обидуваш да дискутираш насила го тераш да дисктуира или со мртви луѓе или со луѓе кои не се на форумов или трето - не знаеш да размислуваш за овие нешта со своја глава...
Не е добро така.

Ќе ти вратам на ова што си го „превел“ ти, што јас мислам и ти ќе бараш пак превод или копирање текст од друг мртов човек што кажал?
При толку живи и ти тука на форумов, ти си запнал да дискутирам со мртовци во врска со христијанството!

Прочитај си таму што си читаш, разбери како знаеш и умееш, поврзи како што мислиш дека треба и слободно напиши што мислиш ти за нештава што јас наоѓам дека имаат пропусти во напишаното (поточно преводот)... бидејќи овие текстови во оригинал не се кажани како прво на македонски, не се ниту запишани после IV века на македонски ниту пак на оригиналниот јазик на кој се кажани, ако веруваме дека се кажани во даден период, а запишани 3.7 века подоцна!

Така е? Или грешам?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.384
Поени од реакции
4.745
...мечеви,сабји,копја,ламји и огнови “осеќа„ човештвото одкако знае за себе :)
...време е да,на нашата мисла и интелект,им дадеме слободен “лет„ и можност за нови сознанија,нови верувања и нови искуства
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.541
Поени од реакции
4.638
...мечеви,сабји,копја,ламји и огнови “осеќа„ човештвото одкако знае за себе :)
...време е да,на нашата мисла и интелект,им дадеме слободен “лет„ и можност за нови сознанија,нови верувања и нови искуства
И...како ќе се „издеси„ твојава намера, да не речам-желба, кога е појќе од јасно дека сета човекова историја е серија од војни, војни. војни...а сето тоа почна кога Каин го уби Авел...и не запре до денешен ден.

Во „паузите„ од тие војни поак, се изнагледавме на неизведливи утописки учења, кои, види чудо, го завршуваа своето практикување со купишта човечки лешеви...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.384
Поени од реакции
4.745
И...како ќе се „издеси„ твојава намера, да не речам-желба, кога е појќе од јасно дека сета човекова историја е серија од војни, војни. војни...а сето тоа почна кога Каин го уби Авел...и не запре до денешен ден.

Во „паузите„ од тие војни поак, се изнагледавме на неизведливи утописки учења, кои, види чудо, го завршуваа своето практикување со купишта човечки лешеви...
...не ги заборавај крстоносните војни,инквизицијата и поделбата на Христијанството :)
...се додека човекот е притиснат од разноразни пеколи,огнови и мечови нема да има можност да го искористи целиот потенцијал
...се додека е желбата за моќ и пари водилка на сите тие здружувања и верувања нема напредок
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.541
Поени од реакции
4.638
...не ги заборавај крстоносните војни,инквизицијата и поделбата на Христијанството :)
...се додека човекот е притиснат од разноразни пеколи,огнови и мечови нема да има можност да го искористи целиот потенцијал
Не, не ги забравам туку беа опфатени низ историјата човечка, како збирка од војни и чат-пат по некое научно откритие.

Што се однесува до „искористувањето на целиот потенцијал„, (човекот, така?...), и таа можност е решена не од човекот, туку од самиот Создател на човекот.

Отвири ги евангелијата, читни ја приказната за талантите и ќе (у)видиш како човекот треба да го арчи своите потенцијали (таланти-талент-дарови), но не за водење војни, не за себичност, не за алчност, туки и за себеспасение но и во слава Божја.

Така, и тој „проблем„ е веќе решен во рамките од Црквата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom