За оваа војна Т-90М е најдобар тенк. Многу е заштитен со реактивен оклоп од најнова генерација. Плус има заштита на муницијата да не дојде до катастрофална експлозија каде што летаат куполи како кај постарите тенкови. Има термални камери и тракери за барање мета. У глобала тенкот е бомбона, и мислам дека е тенкот што ќе ја добие војнава.
Т-90М е современ тенк, има термовизија и сите други работи кои си ги наброил но и сите новите верзии на Абрамс исто така се опремени со тие уреди, само не знам овие серии кои сакат да ги вклучат во војната во Украина дали имаат автоматско полнење или...
Инаку никогаш не би влегол во тие мртвечки конзерви ма какви и да имаат оклопи, денес едноставно не знаеш од каде се те гаѓаат од воздух со дрон, мини (овие љубителите на абрамсите, што велат каков е оклопот горе може ли со Лансет да се буши) со хеликоптери,... ма со што сакат, пробав да влезам во ПАТ-57 кој беше на постоље на т-55 ми се чини и да те фати ... од ширината на просторот за екипажот, така да ако веќе мора подобро во воздухопловство или пешак отколку во тие конзерви.
Гледам се развива непотребна дискусија околу тенкови и друга опрема која се носи во Украина. Дури и да однесат 150 па и 2000 тенкови авиони и друго нема да ја направи нациУкраина победник, Украина не постои, таа е завршена приказна, војната е помеѓу ОТАН и Русија, но многу поголема војна за промени во светот се води на економско поле но заради ... таа е помалку атрактивна за следење.
Ќе испратат тенкови овие ќе ги уништат ќе испратат авиони (ова со авионите е малку проблерматично, во низок лет може да летат во соседна земја ((закривеност на земјата е 150-450 метри на 50 км, значи многу тешко се открива со стационарен радар)) членка на ОТАН и од таму назад,...) така да тоа со авионите во голема мерка може да ја ескалира состојбата.