Сакам да расчистиме една работа. Никогаш не сум ги сакал навивачките групи. Не сум се идентификувал со партиски, верски, па ниту спортски фанатични групи. Скоро сите коментари што ги пишувам тука се повеќе од едукативна природа. Инвестирањето е многу сериозна работа и професија и се разликува многу од навивањето:
1. Моите коментари за акциите од компаниите кои не ги поседувам се чисто информативни, и немам намера да предизвикам паника за да купувам, па покасно да продавам. За да би купил акција од КБ таа треба да падне до ценовни нивоа од 7.000 денари, што искрено не верувам дека ќе се случи. Гледам дека и голем број од форумџиите коментираат тука и не прават разлика во основни работи. Комерцијална Банка е одлична банка. И си работи во опсегот на своите можности. И Пекабеско е одлична компанија. Дали тоа е едно исто? Не. Не секоја добра компанија или банка има и добра акција. Запомнете со купувањето на акцијата, вие купувате право на идните профити на таа компанија или банка. Како што напишав и претходно, извештајот на КБ не е лош, баш спротивно, според мене е многу солиден, со одличен раст во делот на нето приходите од камати и провизии. Проблемот не е во банката, проблемот е во акционерите кои имаат нереално високи очекувања и се однесуваат како навивачи кои што навиваат дека Директорот ќе успее да отпише резервации во висина од 1 милијарда денари втора година по ред - што како настан се случува еднаш на 5-10 години. И целиот проблем е што платиле многу висока цена за да ја гледаат таа престава. Во делот на дивидендата не шпекулирам, само за разлика од поголемиот број навивачи тука, јас читам што УО напишал во планот за 2023 година, т.е. на крајот на 13та станица, каде ако од Нето добивката ги одземете планираните средства за резерви и задржана добивка и ако поделите со бројот на акции, ќе видите дека планираат да исплатат 510 денари бруто дивиденда.
2. Напишав претходно што мислам за купувањето на ТНБ на овие ценовни нивоа и која според мене е подобра алтернатива. Има огрома разлика во управувањето на Јанчевски и сегашните нови клинци кои си играат со сметководствените ставки и покажуваат позитивни Исправки на резервации. И вие продолжете да навивате и да им ракоплескате дека се Махери за тоа.
3. Овие работи што ги пишав вчера беа со цел, да ви ги отворам перпективите како членови на форумот па да ја искористите таа можност што некој проба да ја брани цената на акцијата, која бар според мене е неодрживо на подолг период.
4. Не сум навивач, но сум сипматизер. И да недвосмислено и јасно го имам напишано тука на форумов дека UNI сметав и сметам дека е одлична банка која ќе донесе значителни користи за нејзините акционери (вклучитално и малцинските). Навремено ви беа презентирани сите информации за досегашните резултати, потенцијалните можности, можноста за влез во индексот, информацијата дека ќе исплатат дивиденди и дека Фондот што го реплицира индексот ќе обезбеди ликвидност и дополнителен куповен притисок. Но некои од тука, повторно одбраа да навиваат, наместо да читаат и си платија голем опуртунитетен трошок за тоа.
5. Инвестирањето се разликува од навивањето. Ако во навивањето, навивате само за еден клуб и сте против сите други, во инвестирањето постои Диверзификиација. И таа диверзификација се смета како единствениот бсплатен ручек во економијата, т.е. можете да добието еднакво, но со полам ризик. Можете да направите портфолио од 50% KMB, 30% TNB, 20% UNI, па да се радувате на сите остварени профити и приноси и да се заштитите од неочекувани лоши настани. Моето портфолио моментално е составено од 3 домашни и 14 странски компании (беа 19 пред месец дена, но направив profit taking на 5 позиции).
П.С. Во делот на трката помеѓу желката и зајакот:
https://www.youtube.com/watch?v=m7NuVjpi72c