Многу те почитувам како модератор и интелектуалец, но во однос на изјавите на Пендаровски малку си наивен. Политичарот е валкана професија. Денеска ти кажува едно, утре ќе те погледне во очи и ќе каже, ама не си ме разбрал правилно. Најважно за еден политичар е да ОСТАНЕ НА ВЛАСТ, се друго му е небитно, 100% демагогија. Така да не се врзувајте за PR-от што го прави на сметка на власта во овој случај. Најверојатно ништо од тоа што го зборува нема да се оствари
Јасно, затоа реков дека беше редно да почне да се однесува како претседател. Во својата политичка кариера, како претседател, имаше 2-3 претседателски изјави, а потоа се враќаше во политичката вегетативност. Тоа не е извршување на функција, туку служење на функција.
Дури и мерките кои ги предложи имаат своја политичка тежина, како и дел од министрите се сложија дека е редно да се имплементираат. Не може некој кој го негира јадрото на идентитетот и да повикува на активен иредентизам, и му биде дозволен влез во државата. Тоа е автономна мерка, мерка за заштитна уставниот поредок, во кој составен елемент се и територијалниот, но и културниот и историскиот, кој мораат да го штитат. Јасно ми е дека употребуваат умерен, дипломатски речник, со цел да не го разгорат огнот, но одредени изјави и постапки не можат да се игнорираат.
Најдобро решение е да се почека, атмосферата ќе спласне, ќе дојде подобар политички момент за преговори, ќе се подобри политичката атмосфера, Бугарија да излезе од политичката криза, па потоа со ладни глави и подзаборавени страсти да се седне на преговори, па дури и да се направат чекори за Уставни измени, но не сите да бидат на товар на Македонија. Секогаш се започнува со економски развојни политики, нешто од кое и двете страни ќе имаат полза, па потоа се преминува кон ситнење на политичките прашања и преминување на мостовите и доаѓање до некое компромисно решение. Нешто кое макар и за ронка ќе го подобри животниот стандард. Класичен пример се односите меѓу Германија и Франција по втората светска војна.
Но, големото но, е во тоа што актуелната коалиција има ужасно слаби рејтинзи, сака брзо решение за ситни политички поени. Немаат стабилно политичко мнозинство, често не можат ни до кворум, не пак 2/3! До тогаш можат да се фокусираат на други константни енигми, како реформските зафати во судството, образованието, здравството и администрацијата која никогаш не ги дава потребните резултати, и за некоја година одново ќе се пристапи кон нова реформа со сличен исход, па дури потоа да се размислува за европските патишта. Зошто го велам ова? Затоа што мора да имаш здрав темел за да почнеш да градиш куќа, мора да понудиш алтернативна мерка, во спротивно уште првите години од влезот во ЕУ ќе имаш нов бран исплив на интелектуалци, меѓу кои и доктори, нешто што се случи и во Хрватска и во Бугарија и во Полска. ЕУ, за малдите, ќе биде влезната врата, а не мерка за подобрување на општиот животен стандард на ова тло земја.
Од друга страна, лично, сум против влез во ЕУ без реформски зафат во самата унија. Унија ги пречекори своите ингеренции, од економско-развојна се трансформираше во класична федерација, со бирократски систем и централизирано носење на сите политички одлуки и решенија, со што се губат многу одлики на конститутивната. Така, треба да има одредена преговарачка рамна, но не и унификација во секој домен.
