95 американски филмски награди (Оскари 2022)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2022


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ:

1. All Quiet on the Western Front - Германија
2. Decision to Leave - Јужна Кореја

3. Close - Белгија
4. Argentina, 1985 - Аргентина
5. EO - Полска

можни „изненадувања“:
6. Bardo - Мексико
7. The Quiet Girl - Ирска
8. Saint Omer - Франција
Германија, Кореја и Аргентина се 99% сигурни номинации. За жал многу врева се крева и дека Кореја ќе освои, а не треба. Ако за Oldboy и Handmaiden заслужува и повеќе од 1 оскар, овде ни номинација не би му дал.

Другите 2 што би лапале номинација се трики за погодок, можда Бардо, ако не кренат хајка против него (кружат муабети дека доста нечовек бил Ињариту на снимањето кон екипата и статистите) и Close.
Можда и Return to Seoul ќе улета место Бардо. Доста го фалат филмов од Камбоџа луѓе што го гледале.

Австрија, Шведска и Данска би било огромно изненадување ако добијат номинација. Мароко, Полска, Франција и Индија исто не верувам да влетаат, а ни Ирска (колку и да сум за ирскиов да добие номинација).

Со Пакистан е тешко за прогноза и нема да изненади ако влета место Бардо или Close.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.986
Поени од реакции
37.268
6/15: Close (2022) - Белгија

1673973665975.png

Секако ќе го гледав филмов зашто е во кратката листа за Оскар за интернационален, а најверојатно ќе биде и номиниран, па затоа не можам да ја обвинам @Варвара за тоа што болеше. Многу! Ако овој филм не успее да измами емоција кај било кого, тогаш веројатно тој има срце-камен. Искрено, сосема поинаку го замислував, како LGBT филм со деца што ми беше одвратно да го помислам, а не па да го гледам, ама немаше ништо одвратно тука. Навистина искрена, топла но и болна драма за детските чувства и за справувањето со загубата. Приказот на тагата беше навистина реален, глумата прекрасна, режијата топ, кинематографија - преубава... Многу ми се допаднаа метафорите со цветовите, особено моментот кога ги собираа остатоците (корењата) на цветовите кои умреле за да можат отпосле повторно да ги насадат и да никне нов цвет. Не знам што да речам, прекрасен филм.

Е сега, морам да споделам едно лично искуство, и однапред се извинувам што повторно ќе ве замарам со моите приказни, па така тие кои не сакаат да читаат, доволно е до тука, за филмот кажав речиси се.

Некаде кон средината на '90-тите години бев некаде второ или трето одделение, дете кое летата ги поминуваше во село, кај бабата. Тоа лето, во куќата под нашата се досели семејство Босанци, бегалци од војната таму. Имаа три деца: најстариот - Предраг, една година постар од мене, Иван - мој врсник и Горан - штотуку родено бебенце. Морале да го напуштат родниот дом таму и да избегаат во држава во која никого не познаваат, само за да си ги спасат животите. Тоа лето го поминавме со Предраг и Иван од утро до мрак. Можеби не делевме и постела како Реми и Лео, но скоро секој ден децата беа и на ручек кај нас. Буквално си најдов уште двајца браќа. Тоа е едно од летата кои засекогаш ќе ги паметам во животот. Но, летото помина, таткото на децата најде работа како шумар (поточно - доставувач на дрва од планината до Шумското во градот), па честопати за викенд ги земаше и жената и децата во шумската куќарка во која престојуваа шумарите. Тој септември врнеа многу дождови. Една ноќ сонував сон како во една бандера блиску до игралиштето каде најчесто игравме со Предраг и Иван удрил гром додека јас бев потпрен на неа и целата бандера, заедно /со мене стана црна, јагленосана. Не дека верувам во со-ништа и дека мислам дека имаше некаква поврзаност, само го спомнувам ова за да дадам целосно објаснување за емоциите на едно осум-деветгодишно дете. Утрото сите дома се однесуваа чудно, дошепнуваа нешто, како да сакаат да сокријат нешто од мене. Се сеќавам дека надвор се уште врнеше дожд. Подоцна дента ја дознав тажната вест. Утрото, пред да тргне на работа, додека децата и жената уште спиеле, татко им сакал да им го запали шпоретот за да им биде топло кога ќе станат. Во ходникот на шумската куќичка имало туби со бензин за камионите со кои ги доставуваа дрвата. Не знам дали го палел огнот со бензин или некоја искра случајно одлетала, но се запалил целиот ходник и таткото избегал надвор без да може да влезе во собата и да спаси некое од децата. Се обидувал од надвор, низ прозорецот, но на истиот имало метални шипки кои не можел да ги исече. Изгореле сите внатре, угушени од чадот во сон. Мајката и трите деца. Невидена трагедија. По таа вест се поврзував со сонот кој го сонив претходната вечер. Се плашев да седам сам во соба, се плашев сам да излезам надвор, се плашев од дождот, се плашев кога грми... А најмногу од се, чинам, се плашев од бандерата во која удри громот. Бегав од тоа игралиште што подалеку. Се повлеков во себе сам со сопствените стравови. Моите дома не беа некои со кои би можел да разговарам за чувства. Се сомневам дека воопшто нешто и забележаа дека не е во ред со мене. А во тоа време (не верувам дека и сега е многу поразлично) на училиште немавме советувалишта и разговори со психолог за загубата која ја доживеавме. Морав сам да се справам со се, и со моите мисли, и со моите чувства. Ми требаа месеци, можеби дури и години, не се сеќавам, за да се вратам во колосек. Затоа можам да замислам како му е на Лео по загубата на најдобриот другар. Подоцна, многу подоцна, кога имав 20-21 година загубив уште една блиска личност која болеше уште повеќе од загубата на Предраг и Иван, но тогаш имав со кого да разговарам, не ги потиснав чувствата во себе и некако излегов силен, иако и ден денес ми фали и и ден денес боли...

Овој филм евоцираше спомени од детството, разбуди кај мене некои скриени емоции, ме потсети на два драги лика кои како ветер поминаа низ мојот живот, и ете, оставија трага која никогаш нема да се изгуби. Иако јас не ги оттурнав од себе како што Лео се обвинуваше себеси, сепак се обвинував зашто сметав дека несреќата се случила заради тој сон, па така некако како одново да проживеав некои моменти со филмов.

Единствена замерка - на почетокот ми беше некако се конфузно и не знаев дури кои родители чии се, зашто некако режисерот не фрли во центарот на настаните без да се запознаеме со околината. Така, кога се појави брат му на Лео во приказната дури поим немав кое е детето.

И едно прашање кое се уште ме мачи: за што ли ги береа цветовите од далиите?

9/10 , прекрасен филм!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Everything Everywhere All at Once со највеќе номинации ако добро видов, 11.

Ихихихихихихињариту :kuracc:

Бабилон флоп.

Се на се, за нигде годинава, просеци еден куп со најлошите актерски номинации можда во историјата на Оскарите. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.986
Поени од реакции
37.268
All Quiet On the Western Front растури! Сигурен сум дека по Parasite е филм со најмногу номинации во историјата (помеѓу странските филмови).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Смешки е цела категорија најдобар филм. Освен Триаголникот кој друг и да освои ќе биде тапа.

Дури и за женска главна улога ја гледам Андреа Рајзборо. Баш пред недела дена имаше статија дека филмов у кој што глуми To Leslie немал пари за маркетинг и имал limited кино дистрибуција со заработка од само 25.000 долари (мислам 25 илјади беа не ме држете за збор за бројката), а многу холивудски ѕвезди ја фалеле и барале да добие номинација за улогата. Што ти значи кога ќе те туркаат холивудски ѕвезди. :D

Категорија меѓународен филм:
“All Quiet on the Western Front” (Germany)
“Argentina, 1985” (Argentina)
“Close” (Belgium)
“EO” (Poland)
“The Quiet Girl” (Ireland)
На толкава бука околу Decision to Leave, изненаден сум дека го нема, али позитивно изненаден.
Позитивно изненаден и дека A quiet girl e на листата. Attagirl.

Едино ЕО го немам гледано од номинацииве така што навивам за Белгија и Ирска. (Се надевам нема Германија да освои).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.986
Поени од реакции
37.268
А и BTW, Казуо Ишигуро е номиниран за Оскар! :vozbud: Слушаш, @Saladin ?

На толкава бука околу Decision to Leave, изненаден сум дека го нема, али позитивно изненаден.
Парк Чан Вук е проколнат! Дефинитивно треба да оди да го пропее некој поп.

FB_IMG_1674577267926.jpg
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Парк Чан Вук е проколнат! Дефинитивно треба да оди да го пропее некој поп.
Хаха му чуе. Си има два masterpiece филма во Old Boy и The Handmaiden и уште неколку што високо котираат, а не ми се гледани.
При одличните Close и А Quite Girl, па дури и солидниот Аргентина 1985, скроз незаслужено ќе му беше да добие Оскар годинава, а номинација, а имал - а немал, ништо не му значи.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.266
Поени од реакции
84.364
5 номинации имал Ваканда на Марвел?

у курац се они одамна, ама ова е превише
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.986
Поени од реакции
37.268
За шминка, костими, песна, визуелни ефекти и споредна улога. Се неважно. Првиот дел беше номиниран за 7, меѓу кои најдобар филм, и зеде 3 оскари. Ова е ништо во споредба со тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.986
Поени од реакции
37.268
Отворена традиционалната анкета, дечки: кој е вашиот фаворит за Оскар за најдобар филм во 2022? Може да гласате најдоцна до 13 март, денот кога ќе ги дознаеме добитниците на Оскарите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.266
Поени од реакции
84.364
Беншиз не ми го подржува телевизорот, тој формат, па не го глеав. Евритинг, евривер не го глеав, али жена ми го глеаше. Ја морав да играм нешто. После, никако да го пуштам. Само На западу ништа ново го глеав и не е за најбољи филм (у општ контекст, али можда оваа година другите се срање, па заради анти-воена порука да помине некако).
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас за Fabelmans гласав и навивам за него, не дека филмот е кујзне што, ама ако ништо друго барем не замара, не наметнува ништо, не следи модерни трендови, правила и пропаганда. А и да се испоштува Спилберг не ќе да е лошо со оглед на тоа каква багра изназема награди изминативе години.

Closer сакам да земе за најдобар странски. Овој заедно со Thirteen Lives ми е најдобар филм за годината.

Актерските категории се толку лоши што би ги укинал годинава.
Нека освојат Колин Фарел и Кејт Бланшет, ако ништо друго барем имаат стаж.

Другите категории се небитни за да одбирам фаворити.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.266
Поени од реакции
84.364
За шминка, костими, песна, визуелни ефекти и споредна улога. Се неважно. Првиот дел беше номиниран за 7, меѓу кои најдобар филм, и зеде 3 оскари. Ова е ништо во споредба со тоа.
Oвој е веројатно пет пати полош од првиот.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.951
Поени од реакции
6.825
Како може филмови како Аватар и Топ Ган да се номинирани за најдобар филм????

Any way, All quiet on the western front е мој фаворит и мислам дека ќе победи, ем ради филмот ем ради војната во Украина....секад имало политика на оскарите....

Друг филм што морам да го гледам е The Banshees of Inisherin, комбинација од Колин Фарел, Брендан Гилсон и режисер како Мартин Мекдона мора да е кино....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom