Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
. Кој ви ја финансираше прославата ? Нема одговор ?! па нема ни да има очигледно!

Не спомињај имиња, толку си навивачки образован.

Има одговор, како нема, ова беше одговорено и тогаш во Ноември, поише пати, Интегрален прашуваше.
Комити ја финансираа прославата, скоро целата, ФК Вардар немаше ресичи ништо улога, се беше на Комити.

Како си задоволен од одговорот дека Комити си ја финансираа сами прославата ?

Околу членските, имаше објавено, Имаше објавено и јавно, имаат Комити членски 3,000 ден, златни, има поише видови на членски. Кои се добро продадени, интересно додека е Вардар втора лига. И
Има акции, има Комити дијаспора кои си плаќаат членски, има меѓусебни натреварувања од кои групата добива, има постари членови кои имаат фирми и можат да помогнат повеќе, може еден човек да купи 5 членски од 3,000 ден и со тоа да помогне.

Има уште многу други начини на самофинансирање, кои секако неможе све да ви ги октриеме.
Можеш да најдеш многу начини, само ти треба екипа, и воља.

Од кај знаеш, може некој од Комити станале лихвари , плус и држат кладилница.
Има 100 работи од кај што можеш да финансираш.
Секако никој не е дужен да се правда. Битно Комити не се дале под кирија, не се дужни на никој, моментално и не треба да одработат на никој, за да вратат нешто.
 
Пиши ми во приватна порака слободно ако те интересира толку што се ви имаат плаќано.
Пиши ми на мене во порака или еве тука што све е финансирано, баш ме интересира.
 
Иначе, за настаните од „Нерези“ во 2009та година, покрај 6те кривични на членовите , имаше и оштета од 19,000 еуро, која требаше да се исплати на “оштетените''.
До пред некоја година, Комити исплаќаа сеуште.

Штета што не се договоривме, со овие што сме „на Цицка кај нив'' да ни ја платеа они казната барем, а ние да им вратевме со лепење плакати и носење на гласови за избори :)

Штета и што не се договоривме претходно, и со овие другиве, да не идат на претрес кај 100 членови на Комити по дома, кога беше периодот на промена на уставното име!
 
Брате, сто години си на трибина, срамота е вакви работи да пишуваш.

Како прво навивачкото движење во Скопје започнува со ФК ВАРДАР. Првата трибина на која се појавува навивање е западната трибина и тоа години пред да биде официјалната дата на основање на групата.
Си има видеа со транспаренти и навивање уште од 83-84 година и сам знаеш колку публика имал ФК Вардар во тие години.

Кога некој вика дека ЦПБ и Пирамида/Сервис Кру се произлезени од западот, се мисли токму на тој момент што членовите кои ги оформиле овие групи и пред и по оформувањето биле активни членови на Комити.
Во тие години била парампарче работата, се навивало за НАЈСИЛНИТЕ КЛУБОВИ од градот/државата, затоа што прво имало ривалство на ниво на републики во СФРЈ, а потоа на ниво на градови во независна Македонија.

Комити навивале за ФК Вардар, КК Работнички, РК Вардар и ОК Работнички. Исто како што на ракомет наши членови оделе да помогнат во Битола на Чкембари и они во Скопје на ФК Вардар. Тоа ниту некој го крие, ниту пак се оградува од нешто такво. И во тоа време имало хардкор навивачи кои не ги занимале овие клубови и оделе на КК Вардар и ЖРК Вардар (во годините кога Комити и другите скопски групи одеа на ЖРК Кометал) - Комбат. Клубот во еден период е раководен од членството на Комбат, а во раководството на клубот бил и М**е кој сеуште е на трибина и до пред некоја година имаше многу видна улога во групата.

Во 90-тите така функционирале работите, а во навивачките движења, честопати главните биле со политичка позадина, како што во модерно време тоа се Шверцери. После тоа почнале да се средуваат работите и затоа дошло до сегрегација на кошарка, ЦПБ и ФА. Се одело на Вардар, после секој на свој пат. Али од преголемо ривалство меѓу овие две групи, во периодот кога ФК Вардар паѓа на мизерно ниво, едноставно истите повеќе се насочиле кон сопственото ривалство што придонесува новите генерации од овие две групи да немаат никаква поврзаност со Комити.

Глупаво е да се негира дека двете групи настанале од членови на Комити, кои прво биле навивачи на Вардар, а потоа кај нив се развила љубовта кон кошаркарските клубови, од проста причина што се јавило ривалство меѓу двете големи населби. Исто како што е глупа песната дека „сите се за Вардар, ама не признаваат“.
Таа песна настана пред се' за Пирати, кои пред да навиваат против Вардар, имаат навивано за ФК Вардар, како и за оние транзитни фанови кои секогаш навиваат за најјакиот клуб и помакедонскиот клуб, па за некоја година се прешалтаа на РК Вардар, па на РК Алкалоид во иднина. Настана и контра вас, затоа што малку летнавте во облаци па почнавте да пишувате
НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ.
Комити никогаш ве немаа чепнато навивачки, за разлика од вас, кои:
1. Им дадовте да бирате на членовите дали ќе бидат дел од ФА или Комити.
2. ГИ шкртавте сите натписи за Вардар во Аеродром.
3. Ваши членови на Мамас напишаа „Сите сме за Вардар, само Комити за Миравци“ ден откако Вардар освои титула.
4. На профилот за продажба на реквизити кој де факто би беше како официјален профил, исто така објавувавте такви статуси „Нема место за Вардар во Аеродром“.
5. Член на ФА го извади знамето со хиената на Металург-Вардар на трибината на Пирати, што значи ЈАСНО СТЕ ЗАЗЕЛЕ страна, затоа што членот не беше казнет.
6. Малку поодамна, на дуел со КК Вардар, нападнавте членови на Комбат и едниот беше претепан.

По мене, дури одговорот од наша страна со држење неутралност е ПРЕМЕК. Ние од држењето добри односи со вас и ЦПБ не добиваме ништо. Прво, ниту имаме ривалство за на сметка на тоа да добиваме ново членство, од друга страна, „ни ги крадете“ потенцијалните помлади членови, бидејќи и двете групи имате добри маалски релации и ги ќарувате децата од помали (што и ова умре, бидејќи ви начукаа 2394809243809234 згради во населбите и се смени цела структура на населението).

Значи, повеќе вие сте ја барале бељата и ривалство со Комити и баш затоа и вие кај нас сте створиле голема антипатичност.
Пример, јас како мал имав големи симпатии кон МЗТ. Не сум ни знаел дека постои КК Вардар, немало кој да ме подучи. За КК МЗТ се нервирав како и за ФК и РК Вардар. Само еднаш во животот сум бил на гостинска утакмица против Работнички со ФА (повеќе како контра на соучениците со кои учев, а навиваа за Работнички, детска работа), али си го сакав клубот и го следев константно на ТВ, колку што можев. Во тие години (од 98 до 2004) ги памтам неговите утакмици, колку што ги памтам и оние на ФК Вардар.
Со вашето однесување, тоталка го замразив клубот, па после се почна со активно одење на КК Вардар итн.

За тоа што пишуваш за РК Вардар дека се навивало само кога ФК бил слаб, не знам што да кажам. За РК Вардар уште од 90-тите се навива САМО на поважни утакмици. Под поважни се мисли натпревари со директни ривали за титула, натпревари од Европа или СЕХА ако тоа е најсилното натпреварување во кое учествуваме, па некогаш и кога има директен дуел со навивачка група (најчесто тоа се натпревари кои решаваат за титула).
Имаше години кога од икс причини групата воопшто не навиваше (само Комбат одеа таа година), како и години кога навивавме на секој дуел и од домашната суперлига. Сум излегувал порано од работа за во 14 саат со 30 луѓе да навиваме со Тинекс Пролет и слично. Сме биле и на неколку гостувања од таков тип. На СЕХА се навиваше на секој дуел едно 2-3 години и стандардно имавме добра бројка.
Да, се согласувам дека ова не е најправилно, ама си има повеќе фактори на влијание. Прво, неатрактивноста на утакмиците, 95% од нив се буквално ревијални утакмици и се играат во никакви термини. Второ, за жал, кај дел од подгрупите владее некој став дека навивање во сала е навивање за пички и не одат на ракомет. Трето, едноставно немаме доволно големо членство за да сме толку активни. Немаме толку млади членови, а на оваа возраст едвај постигнуваме да навиваме еднаш на недела/две на фудбал, а камоли да одиме редовно и на ракомет. Можеме и ние да ставиме по 5-20 луѓе позади знаме како седат, ќе се сликнат еднаш и ќе излезе дека одработиле утакмица (ко што прават сите групи на вакви утакмици), ама и тоа нема поента.
И групите од околината (и тоа најголемите) функционираат на овој начин.

За мене, неприфатливо е што не му се дава доволно голема поддршка на Михо, дека човекот се бори како лав за клубот. И морам да признаам дека дел од членовите не го осеќаат клубот како свој. Редовно одам на ракомет кога можам, ако ништо друго ги следам редовно на стримови. Ме нервира ставот кај мнозинството на групата, затоа што од ракомет можеш да вежбаш нови песни, да ќаруваш нови членови итн. Каква само забава сме си правеле на СЕХА лига порано, вовчиња на трибина, делење на 4 страни и скандирање од секаде, смеење со глупи скандирања итн.

И за крај, порано воџите на сите навивачки групи биле политички активни и вработени од партии и баш биле фаци ко од Српскава навивачка сцена. Јас откако одам на трибина, тоа апсолутно не е случај.
Набројте ги тие членови (и тоа воџи) на Комити кои биле на раководни позиции ко што пишал мрсниот погоре, после времето на Боле, Жути и Јохан?
Групата е чиста барем во задниве 15 години и тоа јасно се гледа од начинот на кој функционира и колку казни има јадено. Па за последниве години ич не ми се ни коментира, ние не ни имаме класични воџи, не знам кои се тие што биле на државна цицка.

И секако, шампиони сте за негирање за работи кои сите ги знаеме. Ќе излезе на крај не ни знаете кој бил Коневски :)
Од се што изнапиша само едно ќе ти кажам, истава ситуација е и со членови бивши и сегашни на ФА. Од вашата арогантност и провокации во сред Аеродром со караваните и застанување во Бисер со песната "сите сте за Вардар" од ништо и никого испровоцирани, со салата, ситењето за бојата на столчињата и многу многу други работи и тие што го сакале ФК Вардар и го прателе веќе не го пратат. Стави се во истата ситуација само во обратен правец и ќе разбереш зошто настанале сите тие провокации и омраза.
Јас ти гарантирам со глава дека нема ниеден ништо против ФК Вардар во Аеродром, но имаат многу против Комити и нивниот однос во минатото. Сега ситуацијата е смирена затоа што групите едвај живуркаат и нема никакви тензии. Ривалство немало никогаш затоа што не сте навивале на КК Вардар или пак кога сте навивале КК Вардар претежно бил во втора лига. Во тие години кога беше најтензично да навивате за КК Вардар ќе се створеше ривалство сигурно и тоа на високо ниво.
А тоа да изберат дали ќе бидат дел од ФА или Комити е можеби најпаметната одлука од постоењето на тифо движењето во Македонија. Не може да си претпладне плаво бел, а попладне црвено црн, односно би била иста калакурница како во 90ти те.
Од навивачка гледна точка најдобро е да има 1 група од Скопје јака место 5 слаби, ама веќе кога се направила поделбата за која тврдам дека се виновни самите Комити (се одели и Лојал фанс) тоа е тоа.

Терајте напред сите, најдобро е да нема тензии пред се на скопските групи, а потоа и македонските.
 
Најдобар коментар од тебе до сега. “ Од навивачка гледна точка најдобро е да има 1 група од Скопје јака место 5 слаби. “

Иначе, додека се тераат овие дискусии, незнам дали приметувате, каков удар почнува или се спремна, од други служби, највише Бугарија, а и други, против и ова што остана не продадено во државава !

Дали сте свесни дека некој фрлаат пари намерно и наоѓаат падобранци за да шират нешто!
 
Тоа го пишав уште вчера кога почна дискусијава.
 
Од се што изнапиша само едно ќе ти кажам, истава ситуација е и со членови бивши и сегашни на ФА. Од вашата арогантност и провокации во сред Аеродром со караваните и застанување во Бисер со песната "сите сте за Вардар" од ништо и никого испровоцирани, со салата, ситењето за бојата на столчињата и многу многу други работи и тие што го сакале ФК Вардар и го прателе веќе не го пратат. Стави се во истата ситуација само во обратен правец и ќе разбереш зошто настанале сите тие провокации и омраза.
Јас ти гарантирам со глава дека нема ниеден ништо против ФК Вардар во Аеродром, но имаат многу против Комити и нивниот однос во минатото. Сега ситуацијата е смирена затоа што групите едвај живуркаат и нема никакви тензии. Ривалство немало никогаш затоа што не сте навивале на КК Вардар или пак кога сте навивале КК Вардар претежно бил во втора лига. Во тие години кога беше најтензично да навивате за КК Вардар ќе се створеше ривалство сигурно и тоа на високо ниво.
А тоа да изберат дали ќе бидат дел од ФА или Комити е можеби најпаметната одлука од постоењето на тифо движењето во Македонија. Не може да си претпладне плаво бел, а попладне црвено црн, односно би била иста калакурница како во 90ти те.
Од навивачка гледна точка најдобро е да има 1 група од Скопје јака место 5 слаби, ама веќе кога се направила поделбата за која тврдам дека се виновни самите Комити (се одели и Лојал фанс) тоа е тоа.

Терајте напред сите, најдобро е да нема тензии пред се на скопските групи, а потоа и македонските.

Ривалство моментално не постои. Односот помеѓу активното членство на ФА и Комити е сосем коректно. Постојат долгогодишни познанства, бидејќи денешната генерација на Комити и на ФА заедно растеа за време на најголемиот подем на тифо сцената.

Тука за жал се сведе се на лични превирања и контрирања кои настанаа од бркање вештерки. Па на крај се спомна и прославата на Комити..

Крв плукаа членовите за се да испадне како што треба. Од срам и почит кон клубот, не контриравме и не посочивме со прст кон најнеспособната управа!

35 години постоиме. Наши членови се вработени по фирми, дел имаат фирми. Разни изградени внатрешни мрежи на гтупата помогнаа во ова. но ова е најмалиот процент. За прославата почнавме да се спремаме пред точно 1 година. Ние го договоривме Железничар, ние го договоривме Градски, ние ја водевме кампањата и ги донесовме луѓето на стадион...за спектаклот на запад се работеше 6-7 месеци претходно. Логистика, маркетинг, поставеност, идеја, акции за мобилизација, се.

Јавно тврдам дека Комити не се ничија продолжена рака, не се профитери, и не се цицачи кои чекаат од некого нешто. Не спорам дека порано постоеле такви ликови, но денес тврдам дека сето тоа е минато на запад. Се изгради здрава и едуцирана група која раководи. Греота е да се плука по се, да се бара минус, кога при околностите, групата вади повеќе од максимум
Автоматски споено мислење:

Инаку, апсолутно сум сложен дека во однос на бугарското доаѓање на гробот треба да има одговор од страна на сите гтупи. Постои ривалство, замерување, омраза. Но мора да постои свест за некои работи!

Постојат повеќе начини, еден е секако заедничкото доаѓање на гробот. Тоа според мене би одекнало многу, и би поставило ново ниво на мак тифо сцената.
 
Последно уредено:
Народот не финансира :oeoeoe:
Отворете ја фан страната на комити, разгледајте последниве две години колку реквизити и членски биле во продажба и проценете си сами. Гледаат луѓето кој работи, и го ценат тоа. Членските се најдобар пример. Во моментот кога се извадија речиси никаков бенефит не даваа за сопственикот, па пак стотици луѓе решија да купат знаејќи дека тоа се пари за групата. И веруваат на групата. Веруваат на идејата!
 
Е како не, на реквизити имаме попусти со нив.
 
Ривалство моментално не постои. Односот помеѓу активното членство на ФА и Комити е сосем коректно. Постојат долгогодишни познанства, бидејќи денешната генерација на Комити и на ФА заедно растеа за време на најголемиот подем на тифо сцената.

Тука за жал се сведе се на лични превирања и контрирања кои настанаа од бркање вештерки. Па на крај се спомна и прославата на Комити..

Крв плукаа членовите за се да испадне како што треба. Од срам и почит кон клубот, не контриравме и не посочивме со прст кон најнеспособната управа!

35 години постоиме. Наши членови се вработени по фирми, дел имаат фирми. Разни изградени внатрешни мрежи на гтупата помогнаа во ова. но ова е најмалиот процент. За прославата почнавме да се спремаме пред точно 1 година. Ние го договоривме Железничар, ние го договоривме Градски, ние ја водевме кампањата и ги донесовме луѓето на стадион...за спектаклот на запад се работеше 6-7 месеци претходно. Логистика, маркетинг, поставеност, идеја, акции за мобилизација, се.

Јавно тврдам дека Комити не се ничија продолжена рака, не се профитери, и не се цицачи кои чекаат од некого нешто. Не спорам дека порано постоеле такви ликови, но денес тврдам дека сето тоа е минато на запад. Се изгради здрава и едуцирана група која раководи. Греота е да се плука по се, да се бара минус, кога при околностите, групата вади повеќе од максимум
Автоматски споено мислење:

Инаку, апсолутно сум сложен дека во однос на бугарското доаѓање на гробот треба да има одговор од страна на сите гтупи. Постои ривалство, замерување, омраза. Но мора да постои свест за некои работи!

Постојат повеќе начини, еден е секако заедничкото доаѓање на гробот. Тоа според мене би одекнало многу, и би поставило ново ниво на мак тифо сцената.

И јас мислам дека сега и оваа екипа која ја води Комити не е партиски обоена и дека не зависи од нечии пари. Истото го мислам и тврдам и за тогашната за ФА.
Лична корист на поединци може да има, но 99% од групата иде со чиста совест.
 
Од се што изнапиша само едно ќе ти кажам, истава ситуација е и со членови бивши и сегашни на ФА. Од вашата арогантност и провокации во сред Аеродром со караваните и застанување во Бисер со песната "сите сте за Вардар" од ништо и никого испровоцирани, со салата, ситењето за бојата на столчињата и многу многу други работи и тие што го сакале ФК Вардар и го прателе веќе не го пратат. Стави се во истата ситуација само во обратен правец и ќе разбереш зошто настанале сите тие провокации и омраза.

Тоа е акција-реакција, другар.
Хронолошки вие почнавте со провокации.

1. Бирањето со ФА или Комити беше 2008 или 2009
2. Шкртањето натписи, објавата на ФБ беше пред 2010-2011.
3. Вадењето на хиената на Металург-Вардар беше септември 2009.

Од друга страна, караванот е некаде во 2011/12, а тоа со столчињата е послр 2014.

Нашето беше само контра на вашите постапки.

Такви "вардарци" на кои им сметало што сме правеле караван низ Аеродром и сме провоцирале, а не им сметале работиве од ваша страна, не ни се ни потребни.
Така што и драго ми е што престанале да доаѓаат на утакмици.

Јас немам мислење во поглед на тоа што е правилно, што не, веќе излишно е да се збори за ривалство, со моменталниве бројки на групите и перспективата која ја имаме како народ.
За мене е смешно една група да навива само во сала, а не и на фудбал (три некогаш големи групи ко вас, ЦПБ и Кумани), ама тоа си е ваш избор. Исто така, во поглед на мојата група, држењето неутрален однос со вашите две групи ни ноеи само минимална бројка на членови од вашите населби.

Нешто за кое се сложувам е дека групата доживува целосен распад поради сплетот од погрешни одлуки на тогашните раководства на Комити и огромниот пад на Вардар. Се' после 2008 е креирање на една нова група, со многу поразлично членство од претходно и во начин на размислување и во начин на дејствување.
 
Последно уредено:
И додека решавате што се случувало во 90те и сте заглавени пропалици во тоа време, прашајте ги помладите членови што ви ја водат групата какво мислење имаат за Комити и колку пати сме делувале заедно против заедничкиот непријател последниве 2 години!

За разлика од вас што во најкаките изданија на групата сте наметнувале став анти Вардар и влијаење врз членството да се ствара вештачко ривалство што нема основа да постои!
 
Тоа е акција-реакција, другар.
Хронолошки вие почнавте со провокации.

1. Бирањето со ФА или Комити беше 2008 или 2009
2. Шкртањето натписи, објавата на ФБ беше пред 2010-2011.
3. Вадењето на хиената на Металург-Вардар беше септември 2009.

Од друга страна, караванот е некаде во 2011/12, а тоа со столчињата е послр 2014.

Нашето беше само контра на вашите постапки.

Такви "вардарци" на кои им сметало што сме правеле караван низ Аеродром и сме провоцирале, а не им сметале работиве од ваша страна, не ни се ни потребни.
Така што и драго ми е што престанале да доаѓаат на утакмици.

Јас немам мислење во поглед на тоа што е правилно, што не, веќе излишно е да се збори за ривалство, со моменталниве бројки на групите и перспективата која ја имаме како народ.
За мене е смешно една група да навива само во сала, а не и на фудбал (три некогаш големи групи ко вас, ЦПБ и Кумани), ама тоа си е ваш избор. Исто така, во поглед на мојата група, држењето неутрален однос со вашите две групи ни ноеи само минимална бројка на членови од вашите населби.
Ако ти е мило што не доаѓаат такви Вардарци, тогаш зошто 3 пати пиша дека ти смета и го сметаш за провокација одлуката да изберат трибина?

Однесувањето на Комити према другите скопски групи, конкретно према ФА е исто како Бугарија према Македонија во моментов. Додека те негираат и ти викаат ти си Бугар ние се поголема омраза имаме према нив. Кој разбра, разбра.
 
Ми сметало тогаш и во тој момент било причина да се развие омраза кај мене, затоа што дел од луѓето кои оделе со мене во тој период биле деца од Аеродром. Од сегашна перспектива, гајле ми е.

За второто, секој со своите заслуги.
Умешно ми ги избегна 6-те точки, со кое однесување на Комити ве предизвикавме ПРВИ да провоцирате? Или мислевте дека вечно ќе бидете јаки и константни, а не само 5 години? :)
 
И јас мислам дека сега и оваа екипа која ја води Комити не е партиски обоена и дека не зависи од нечии пари. Истото го мислам и тврдам и за тогашната за ФА.
Лична корист на поединци може да има, но 99% од групата иде со чиста совест.

Разликата е во тоа што јас не се бунам. Не пишувам дека сте партиски пиуни, дека сте финансирани. Додека ваши членови тука прозиваат без било какви аргументи. Тоа создава револт. Али се разбравме, како и да е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom