Брате, сто години си на трибина, срамота е вакви работи да пишуваш.
Како прво навивачкото движење во Скопје започнува со ФК ВАРДАР. Првата трибина на која се појавува навивање е западната трибина и тоа години пред да биде официјалната дата на основање на групата.
Си има видеа со транспаренти и навивање уште од 83-84 година и сам знаеш колку публика имал ФК Вардар во тие години.
Кога некој вика дека ЦПБ и Пирамида/Сервис Кру се произлезени од западот, се мисли токму на тој момент што членовите кои ги оформиле овие групи и пред и по оформувањето биле активни членови на Комити.
Во тие години била парампарче работата, се навивало за НАЈСИЛНИТЕ КЛУБОВИ од градот/државата, затоа што прво имало ривалство на ниво на републики во СФРЈ, а потоа на ниво на градови во независна Македонија.
Комити навивале за ФК Вардар, КК Работнички, РК Вардар и ОК Работнички. Исто како што на ракомет наши членови оделе да помогнат во Битола на Чкембари и они во Скопје на ФК Вардар. Тоа ниту некој го крие, ниту пак се оградува од нешто такво. И во тоа време имало хардкор навивачи кои не ги занимале овие клубови и оделе на КК Вардар и ЖРК Вардар (во годините кога Комити и другите скопски групи одеа на ЖРК Кометал) - Комбат. Клубот во еден период е раководен од членството на Комбат, а во раководството на клубот бил и М**е кој сеуште е на трибина и до пред некоја година имаше многу видна улога во групата.
Во 90-тите така функционирале работите, а во навивачките движења, честопати главните биле со политичка позадина, како што во модерно време тоа се Шверцери. После тоа почнале да се средуваат работите и затоа дошло до сегрегација на кошарка, ЦПБ и ФА. Се одело на Вардар, после секој на свој пат. Али од преголемо ривалство меѓу овие две групи, во периодот кога ФК Вардар паѓа на мизерно ниво, едноставно истите повеќе се насочиле кон сопственото ривалство што придонесува новите генерации од овие две групи да немаат никаква поврзаност со Комити.
Глупаво е да се негира дека двете групи настанале од членови на Комити, кои прво биле навивачи на Вардар, а потоа кај нив се развила љубовта кон кошаркарските клубови, од проста причина што се јавило ривалство меѓу двете големи населби. Исто како што е глупа песната дека „сите се за Вардар, ама не признаваат“.
Таа песна настана пред се' за Пирати, кои пред да навиваат против Вардар, имаат навивано за ФК Вардар, како и за оние транзитни фанови кои секогаш навиваат за најјакиот клуб и помакедонскиот клуб, па за некоја година се прешалтаа на РК Вардар, па на РК Алкалоид во иднина. Настана и контра вас, затоа што малку летнавте во облаци па почнавте да пишувате
НЕМА МЕСТО ЗА ВАРДАР ВО АЕРОДРОМ.
Комити никогаш ве немаа чепнато навивачки, за разлика од вас, кои:
1. Им дадовте да бирате на членовите дали ќе бидат дел од ФА или Комити.
2. ГИ шкртавте сите натписи за Вардар во Аеродром.
3. Ваши членови на Мамас напишаа „Сите сме за Вардар, само Комити за Миравци“ ден откако Вардар освои титула.
4. На профилот за продажба на реквизити кој де факто би беше како официјален профил, исто така објавувавте такви статуси „Нема место за Вардар во Аеродром“.
5. Член на ФА го извади знамето со хиената на Металург-Вардар на трибината на Пирати, што значи ЈАСНО СТЕ ЗАЗЕЛЕ страна, затоа што членот не беше казнет.
6. Малку поодамна, на дуел со КК Вардар, нападнавте членови на Комбат и едниот беше претепан.
По мене, дури одговорот од наша страна со држење неутралност е ПРЕМЕК. Ние од држењето добри односи со вас и ЦПБ не добиваме ништо. Прво, ниту имаме ривалство за на сметка на тоа да добиваме ново членство, од друга страна, „ни ги крадете“ потенцијалните помлади членови, бидејќи и двете групи имате добри маалски релации и ги ќарувате децата од помали (што и ова умре, бидејќи ви начукаа 2394809243809234 згради во населбите и се смени цела структура на населението).
Значи, повеќе вие сте ја барале бељата и ривалство со Комити и баш затоа и вие кај нас сте створиле голема антипатичност.
Пример, јас како мал имав големи симпатии кон МЗТ. Не сум ни знаел дека постои КК Вардар, немало кој да ме подучи. За КК МЗТ се нервирав како и за ФК и РК Вардар. Само еднаш во животот сум бил на гостинска утакмица против Работнички со ФА (повеќе како контра на соучениците со кои учев, а навиваа за Работнички, детска работа), али си го сакав клубот и го следев константно на ТВ, колку што можев. Во тие години (од 98 до 2004) ги памтам неговите утакмици, колку што ги памтам и оние на ФК Вардар.
Со вашето однесување, тоталка го замразив клубот, па после се почна со активно одење на КК Вардар итн.
За тоа што пишуваш за РК Вардар дека се навивало само кога ФК бил слаб, не знам што да кажам. За РК Вардар уште од 90-тите се навива САМО на поважни утакмици. Под поважни се мисли натпревари со директни ривали за титула, натпревари од Европа или СЕХА ако тоа е најсилното натпреварување во кое учествуваме, па некогаш и кога има директен дуел со навивачка група (најчесто тоа се натпревари кои решаваат за титула).
Имаше години кога од икс причини групата воопшто не навиваше (само Комбат одеа таа година), како и години кога навивавме на секој дуел и од домашната суперлига. Сум излегувал порано од работа за во 14 саат со 30 луѓе да навиваме со Тинекс Пролет и слично. Сме биле и на неколку гостувања од таков тип. На СЕХА се навиваше на секој дуел едно 2-3 години и стандардно имавме добра бројка.
Да, се согласувам дека ова не е најправилно, ама си има повеќе фактори на влијание. Прво, неатрактивноста на утакмиците, 95% од нив се буквално ревијални утакмици и се играат во никакви термини. Второ, за жал, кај дел од подгрупите владее некој став дека навивање во сала е навивање за пички и не одат на ракомет. Трето, едноставно немаме доволно големо членство за да сме толку активни. Немаме толку млади членови, а на оваа возраст едвај постигнуваме да навиваме еднаш на недела/две на фудбал, а камоли да одиме редовно и на ракомет. Можеме и ние да ставиме по 5-20 луѓе позади знаме како седат, ќе се сликнат еднаш и ќе излезе дека одработиле утакмица (ко што прават сите групи на вакви утакмици), ама и тоа нема поента.
И групите од околината (и тоа најголемите) функционираат на овој начин.
За мене, неприфатливо е што не му се дава доволно голема поддршка на Михо, дека човекот се бори како лав за клубот. И морам да признаам дека дел од членовите не го осеќаат клубот како свој. Редовно одам на ракомет кога можам, ако ништо друго ги следам редовно на стримови. Ме нервира ставот кај мнозинството на групата, затоа што од ракомет можеш да вежбаш нови песни, да ќаруваш нови членови итн. Каква само забава сме си правеле на СЕХА лига порано, вовчиња на трибина, делење на 4 страни и скандирање од секаде, смеење со глупи скандирања итн.
И за крај, порано воџите на сите навивачки групи биле политички активни и вработени од партии и баш биле фаци ко од Српскава навивачка сцена. Јас откако одам на трибина, тоа апсолутно не е случај.
Набројте ги тие членови (и тоа воџи) на Комити кои биле на раководни позиции ко што пишал мрсниот погоре, после времето на Боле, Жути и Јохан?
Групата е чиста барем во задниве 15 години и тоа јасно се гледа од начинот на кој функционира и колку казни има јадено. Па за последниве години ич не ми се ни коментира, ние не ни имаме класични воџи, не знам кои се тие што биле на државна цицка.
И секако, шампиони сте за негирање за работи кои сите ги знаеме. Ќе излезе на крај не ни знаете кој бил Коневски