Во врска со вториот пасус, не знам каде не се согласуваме?
Јас потенцирам дека ни Америка ни Русија не можат да си дозволат да загубат во оваа војна, премногу ресурси се вложени.
Може да елаборираш која ќе биде реалноста доколку Русија победи во Украина и каков ќе биде изгледот потоа на НАТО алијансата?
па не би сакал да се правам видовит, но можам да претпоставам, не мора да сум во право.
НАТО веќе има ќар со тоа што Финска и Шветска ја прекинаа нивната неутралност и аплицираа за членство. Доколку Украина утре ја загуби војната НАТО ќе има едно чудо изговори за пткопување на Русија (не дека им требаше до сега) но и за распоредување на посериозно оружје околу Русија (не дека тајно до сега не го правеа тоа). Во секој случај не гледам дека некако ќе им се одрази негативно, ниту една НАТО членка не е завојувана, ниту една територија не е загрозена, освен Турција и Украина како своеглави играчи кои не сакаат класичен робовски менталитет, нема некои несогласувања, генерално НАТО е унифициран како никогаш до сега
Многу структури претходно стоеја на фактот дека НАТО е конструирано како контратежа на истокот и подоцна Варшавскиот пакт. За после падот на комунизмот и Берлинскиот ѕид, тезата за постоење на НАТО ја губи својата суштина. Нападот на Русија сето ова го фрла во вода и покрева безбедносни ризици кои се и те како оправдуање за постоење на НАТО. Потенцирам, не треба во ов да веруваме јас и ти, треба да верува општата маса особено на запад.
Не гледам катастрофални последици на НАТО како воена организација во било кој исход од војнава. Ќе ги трпиме ние тие последици, сиромасите, ама не и Алијансата.
Двоцифрената инфлација никој не ја брои?
Секако, во право си. Таа е неизбежно присутна, ни ни малку приближно катастрофална.
Никогаш независна Украина не била во Руска сфера во иста мера на пример како Белорусија. Дел од народот во Украина бил проруски ориентиран, дел бил антируски, речиси никогаш немало средина. Слично како и кај нас, иако сме како народ проруски ориентирани (поради познати причини), сепак сме во НАТО. Во Украина на власт биле олигарси кои немале проблем да соработуваат со било кој и на запад и на исток. Се додека била неутрална Украина, немало проблем за Русија, во моментот кога Тимошенко во портокаловата револуција изрази про-нато афинитети, тогаш почна Рускиот интерес за Украина.
Така да политичкава пресметка ти е сосема погрешна. Украина, поготово источниот дел е геостратешки многу битен за Русија. Ако прочиташ за втората светска војна може ќе ти стане јасно. Народ спремен да гине(барем 20М), како што се докажа во војнава, со модерно оружје на неполни 500км од Казахстан, многу лесно и многу брзо може да го отсече Кавказот, Црното море и Каспиското езеро од Русија и да ги стави под контрола наоѓалиштата во регионот. Или во најмала рака ќе им врзе голем број трупи таму за одбрана. Не е поентата штитот, ракетите, 500км од Москва и кур се тресе, за тоа ги имаат Балтичките привезоци.
Да ја почнел војната Хитлер каде денес е границата на Украина со Русија, пространството на Русија денеска би се викало, источногермански колонии.
Како што сме сведоци и како што гледаме, не само што не седат со скрстени раце, туку од петни жили се борат да го реверсираат веќе почнатиот процес нс губење на доминацијата. Во тоа што се најјаки поготово, во пропагандната војна. Ги канцелираа Русите, никој ништо не смее да зуцне против Русија. Еве денеска читам, веќе на Азовци им го тргнале банот од социјалните мрежи. Со еден збор, од нацисти направија цвеќиња за да го ублажат падот.
нема да се инаетам бидејќи делумно се сложувам со тебе, не верувам дека било кој би и го одземал Кавказ на Русија без да летаат нуклеарки, тоа сигурно никој не би го ризикувал (се надевам) ама русите знаеја со кого влегуваат во војна (болдот) и пак влегоа, тука е грешката.
Искрено, јас ќе бев далеку псреќен ако Путин сета оваа цена што ја плаќа сега ја платеше во soft power projection и на дипломатки и шпиунски начин ја приграбеше Украина, тогаш ќе велев дека е дипломат и стратег од врвен карактер.
Сега е многу крв на неговите разце и многу работи отидоа во неповрат, вклучувајќи и губењето на баланс на моќ во светот. Од оваа војна ќари само САД а тоа не е воопшто добро. Уште покомплициран проблем е што Русија и да победи и да изгуби САД секако ќе биде добитна, и те како добитна: ја заглави Русија во нов Авганистан а Евопа ја донесе на колена, неприкосновена доминација за америте - без противтежа - лошо