Traka, velosiped ili orbitrek

Член од
21 август 2014
Мислења
48
Поени од реакции
11
Zdravo drustvo. Sakame da zemime za doma sprava. Ni treba za da sme malku poaktivni I da namalime nekoe kilce . Se mislime pomegu traka za trcanje, orbitrek ili staticen velosiped. Ve molam za sovet.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.084
Поени од реакции
9.507
Трака нормално од гледна точка на бенефит и користливост, ако има нагиб уште поубаво. Проблем е што е поскапа и расиплива, и добра трака е преку 1000 евра. Ако најдете некоја на старо а добар квалитет земете си таква....види по огласи.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.290
Орбитрекот е лесен за колената, не ги оптоварува, а и со цело тело се движиш зашто и со рацете работиш. Mоже и да се стават во статична положба рачките па само со нозе да вртиш. Meѓутоа кога работиш со цело тело е најдобро, и горен и долен дел активираш, лесно се трошат калории. Околу 200 евра го земав мојот.

Трака за трчање е гломазна, скапа, што се однесува до потрошувачка на калории и физичка активност не нуди ништо повеќе во однос на Орбитрекот. Трчањето може да биде напорно за колената кај потешки луѓе. Не го вежба горниот дел од телото. Единствено е добра зашто можеш да си ја ставиш пред ТВ или компјутер и да си пешачиш додека гледаш или работиш. За такво нешто би ги гледал WalkingPad траките на Xiaomi.

Статичен велосипед покрај другиве две не би земал чисто зашто не нуди нешто уникатно во споредба со претходниве две. Сепак е подобро од ништо ако сакаш таков вид на физичка активност кај што седиш и вртиш со нозе. Ама лично мене последен избор би ми било од овие 3.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.714
Поени од реакции
11.551
Zdravo drustvo. Sakame da zemime za doma sprava. Ni treba za da sme malku poaktivni I da namalime nekoe kilce . Se mislime pomegu traka za trcanje, orbitrek ili staticen velosiped. Ve molam za sovet.
98% од тие што земаат орбитрек или статичен велосипед (па и трака) вежбаат преку сила 1 недела на неа, па после им служат како закачалка за алиштата (бар на моите дома за тоа им служеше). Ептен е монотоно.
Размисли и на тој момент пред да земеш, дали имаш огромна волја тоа да го правиш, за ова мислам дури треба и поголема волја од одењето во теретана..
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Орбитрекот е лесен за колената, не ги оптоварува, а и со цело тело се движиш зашто и со рацете работиш. Mоже и да се стават во статична положба рачките па само со нозе да вртиш. Meѓутоа кога работиш со цело тело е најдобро, и горен и долен дел активираш, лесно се трошат калории. Околу 200 евра го земав мојот.

Трака за трчање е гломазна, скапа, што се однесува до потрошувачка на калории и физичка активност не нуди ништо повеќе во однос на Орбитрекот. Трчањето може да биде напорно за колената кај потешки луѓе. Не го вежба горниот дел од телото. Единствено е добра зашто можеш да си ја ставиш пред ТВ или компјутер и да си пешачиш додека гледаш или работиш. За такво нешто би ги гледал WalkingPad траките на Xiaomi.

Статичен велосипед покрај другиве две не би земал чисто зашто не нуди нешто уникатно во споредба со претходниве две. Сепак е подобро од ништо ако сакаш таков вид на физичка активност кај што седиш и вртиш со нозе. Ама лично мене последен избор би ми било од овие 3.
Traka za trcanje trosi mnogu povekje kalorii otkolku orbitrek ili staticen velosiped. Se soglasuvam za kolenata i site ostali zglobovi ali novite i poskapi traki imaat sistem so koi trakata se dvizi gore dolu i absorbira tezina i e polesno na zglobovite.
Jas walking pad ne bi preporacal bidejki se skapi a ne mozes da trcas bidejki se bavni.

Ja bi preporacal traka za trcanje. Jas imam od onie na sobiranje kade trakata se kreva gore i zafakja pomalku prostor koga ne se koristi.

P.S: ne mi e zavrtena kon TV. :D
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Јас имам трака и сум задоволен од неа. Трчање во зима на загадено е самоубиство а траката ќе те исцеди и во исто време ќе слабееш :)
Само како што ти напоменаа погоре треба да бидеш решен и да имаш цврста воља и мотивација за вежбање дома.
Јас немам проблем со тоа но познавам многу луѓе што не можат да се натераат да вежбаат дома па најчесто справите им се добри закачалки :)
 
Член од
17 јануари 2023
Мислења
11
Поени од реакции
10
Јас имам орбитрек веќе со години и ќе ти кажам дека подобра справа не постои.
Со орбитрек ги активираш сите можни мускули на телото.
Не зафаќа многу простор.
Имаш дигитален екран каде што гледаш потрошено време, калории и дистанца.
Си местиш отпор колку што сакаш, најдобро е прогресивно да идеш со тек на време.
Грбот и половините ке ви бидат благодарни ако редовно ја вежбате справата.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Орбитрек прва опција, велосипед втора, траката последна.

Кај велосипед може да ја размислиш и опцијата за користење на нормален велосипед во комбинација со нешто вакво:
1674007354704.png

Кога е ладно/врне ќе си го користиш дома, а на убаво време и ако имаш време, може да возиш надвор.

Јас инаку зедов статичен за дома, магнетен, само што не е баш практичен за долг тренинг (седиштето е неудобно), повеќе го користам за HIIT, на подолго вртење се укочувам целиот :D
 
Ф

Флеш

Гостин
Zdravo drustvo. Sakame da zemime za doma sprava. Ni treba za da sme malku poaktivni I da namalime nekoe kilce . Se mislime pomegu traka za trcanje, orbitrek ili staticen velosiped. Ve molam za sovet.
Ти препорачувам да земеш ова. Практично е многу и се склапа како масиче зафаќа простор големина кога се собира .


 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Трака. Со можност за подигање успон по потреба/расположение. Ем че си гледаш Јутуб, пишеш овде на форум, читнеш некој твит ем ќе си направиш кардио масажа/изгориш некоја калорија. И многу поголеми се шансите да ѝ се вратиш на траката и утре и задутре зашто нема да си скршен уморен, папсан и да те болат нозе од претходниот ден.
Точак ако не си при пари, од обичен точак може да направиш статичен. Варијанта за дисциплинирани атлети.
Орбитрек... ?!
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
71
Поени од реакции
49
Здраво, дали знае некој колку струја троши трака за трчање? Баш поради ова се откажав од трака.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.084
Поени од реакции
9.507
Здраво, дали знае некој колку струја троши трака за трчање? Баш поради ова се откажав од трака.
До кај десет денари од саат максимум ако е профи, ако е од тие малите ни пола од ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom