Заби и сѐ во врска со забите

Член од
5 март 2018
Мислења
16.426
Поени од реакции
18.663
11 пломби имам во устава, Господ во бели гаќи сум го видел додека да ги средам забиве. Остана уште непцава да ги средам, намерно пуштам крв при секое четкање на забите... Бетадине и чај од Жалфија се лекот за смирување на воспалени непца.
Гингивал земи си, на природна база е и помага кај воспалени непца. Исто така има и анестетик па помага при некоја непријатна болка кај непцата ако имаш вадено заб или во случајот на воспалени непца. Јас го земав оти после долга процедура на забар ми се јавија некои афти во устата па доста ми помогна оваа маст.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Исто така има и анестетик ...оваа маст.
...таман работа да има анестетик и така секој ден мачкајќи ги непцата со гелот (не е маст), па да се голтне ,,анестетикот", сигурно си мислела да напишеш ,,антисептично делува,, ама си се збунила со ,,анестетик,,:)

Ingredients:
Aqua, Chamomilla Recutita Flower Extract, Propylene Glycol, Carbomer, Alcohol, Potentilla Erecta Extract, Sodium Hydroxide, Mentha Piperita Oil, Sodium Benzoate, Disodium EDTA.

Image_1673826051.jpg
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.426
Поени од реакции
18.663
...таман работа да има анестетик и така секој ден мачкајќи ги непцата со гелот (не е маст), па да се голтне ,,анестетикот", сигурно си мислела да напишеш ,,антисептично делува,, ама си се збунила со ,,анестетик,,:)

Ingredients:
Aqua, Chamomilla Recutita Flower Extract, Propylene Glycol, Carbomer, Alcohol, Potentilla Erecta Extract, Sodium Hydroxide, Mentha Piperita Oil, Sodium Benzoate, Disodium EDTA.

Прегледај го приврзокот 362425
Тоа де, антисептично делува.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
@bijons @cholismo

Има лекови (масти и течности) кои имаат анестетично дејство т.е ја намалуваат болката локално.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.426
Поени од реакции
18.663
Пардон, гингифлавин била маста. Јас ја земав од Хигија аптеката во Битола, мислам дека се работи за домашна маст таму ја прават во аптеката.
И да, не сум била грешка има анестетик во маста, баш сега проверив во состојките.
IMG_20230116_145438.jpg
 
Член од
19 март 2014
Мислења
610
Поени од реакции
923
Не, среда сум на заболекар, ќе видам што ќе речи, ќе пишам и овде.
Купи си Курапрокс ултра софт четка и секој заб четкај го поединечно по неколку секунди со кружни движења. Потруди се да не оставаш храна и чисти ги со конец колку можеш почесто. Јас така го решив проблемот.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.125
Поени од реакции
2.215

Не четка, со буза да ги чепнам, крварат.
Нема кариес, камен, ништо, ама непцата се многу чувствителни.

Ми рекоа дека мојт да е и поради ладново време, ама не ми се верува.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Nemam poznavanje no sto e problemot ako krvaris? :icon_lol:
Ti rekle deka ti se tesni zabite i deka se punat dzebovi. Koga odis na cistenje krvaris sigurno mnogu i zatoa nemas problem slednite denovi. Ako ne iskrvaris celo zlebini ke ti se izdujat i ke ti se javat i bolki. Barem kaj mene taka izgledase problemot.

Jas idam redovno na zaben kamen na 6 meseci (mozda e i precesto) a posle prviot mesec pocnuvam da krvaram. Koristam najtvrda cetka mozno za da postignam nekoj relief, sekako vo kombinacija so zaben konec, interdental cetki ili kako i da se vikat i alkoholen mouthwash. Mene mi e problem sto od vkus na krv mi se povrakja i cesto plaknam so alkoholen mouthwash. Probaj detalno cistenje na vecer pred spienje.

Napomenuvam deka nemam pojma sto zboram i dali e taka, ima strucni lica neka kazat.
 
Па проблем ми е, не изгледа хигиенски, и кога и да плукнам има крв.

Иначе најдов некое решение, мастика да џвакам нон стоп, немам проблем, ова на работа, пошо ако подолго време стојат без "работа" се напнуваат и крварат сами од себе.

И заприметив кога ги оставив цигарите почнаа да крварат, има и тоа врска, нешто со згрутчување со крвта мислам, незнам.

П.с на сабајле сум ваков.
fight-club-narrator.gif
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.441
Поени од реакции
58.813
Пробајте со Colgate total advanced gum health против крварење.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.768
Поени од реакции
30.621
Јас бев денес, побарав да снимаат се плашев да не е расипан ама ми кажаа здрав е и нема ништо, исчистија и сега ќе видиме како ќе се понаша, земав и жалфија успат за гаргара.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Пардон, гингифлавин била маста. Јас ја земав од Хигија аптеката во Битола, мислам дека се работи за домашна маст таму ја прават во аптеката.
И да, не сум била грешка има анестетик во маста, баш сега проверив во состојките.
Прегледај го приврзокот 362486
...е па фино ако стават лидокаин во составот,
@bijons @cholismo
Има лекови (масти и течности) кои имаат анестетично дејство т.е ја намалуваат болката локално.
... нормално дека има лекови т.е. анестетици за локално работење на забот инаку како би работел стоматологот кога инјекцијата со лидокаин 2% не е индицирана во моментот, но тие препарати посебно од билно потекло кои се мачкаат во подолг период не е баш препорачливо да има анестетик, зашто ние таа мешавина од плунка и лек го голтаме, стоматологот мачка го работи забот под локална анестезија од тој препарат и толку, таман работа да пациентот мачка со недели и месеци таква маст што содржи анестетик кој и колку да пази го голта со плунката.

...еве на пример и раствор од Nystatin, најчесто се дава при кандида на устата, но и при други проблеми како афти (ранички на слузокожа во устата поради Х причини), па децата поради болката од тие афти не можат и да јадат, па се приготвува дополнително во тој готов фабрички лек (раствор од антибиотик) нистатин се додава дополнително во аптеките и глицерин и анестетик „анестезин - anestezin (benzocaine) токму да не се чувствува таа болка, но само ден два и само за деца над две години ( во ЕУ примена само над 12 години), а не тука ги мачкаат непцата и на бебиња испод две години што не смее токму поради тоа „голтање“ на тој раствор што содржи анестезин анестетик.
... за нега на непцата (парадентопатија) гингивалот се применува во долг временски преиод, недели, месеци што не би било препорачливо истото да содржи анестетик.
Пардон, гингифлавин била маста. Јас ја земав од Хигија аптеката во Битола, мислам дека се работи за домашна маст таму ја прават во аптеката.
И да, не сум била грешка има анестетик во маста, баш сега проверив во состојките.

Прегледај го приврзокот 362486
... секој препарат онака рачно изработен во аптека (галенски препарат, магистрален препарат), мора да ги има назначено состојките и тоа во која количина се застапени и рок на траење на самиот препарат, а исто во аптеката да има и галенска лабораторија и соодветен вработен специјалист по фармацевтска технологија за да може да ги припремат овие галенски препарати и истите да ги продаваат, а не само „гел од било потекло“.
 
Последно уредено:

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
Има средства кои кога ќе се намачкаат на одредено место минимално го анестезираат местото и со тоа доведуваат до ублажување на болката.. сакаш верувај, сакаш пак напиши километарски пост што немам намера да го читам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom