Ова “да нема опозиција“ е точно, само не знам колку им е автентична цел, а колку е добена директива од газдата.
Не гледам зошто не би било и двете? Али во секој случај и без наредба од газдата верувам дека би се бореле за истото и со истата жестина.Зошто нивната борба не е политичка, нивната борба е за "корка леб".Ако немаат власт и не можат да крадат они немаат како да заработат во животот.Антонио Милошевски, Тимчо Муцунски, Александар Николовски, Јанушот и целата таа плејада, што на по 35-40-45 години ли ќе почнат со работа? Сите директно од факултет се на функцонерски позиции. Да не ги посочувам само ДПНЕ, и СДС е истото и сите тие нивни пајтон партии.
И каков било влез на нови играчи за нив е најголемиот ерес и опасност зошто секое место кое ќе го земат тие нови луѓе е една уста без храна што ќе остане кај нив. Да не ни почнам за нивните конекции со локалните мафии од секој тип и уште колку усти во партија им се хранат преку корупција од секаков тип.
СДС и ДПНЕ се неспособни да функционираат во политички плурализам, они во оваа форма може да опстојат само ако немаат конкуренција, или имаат лажна конкуренција за да може да го тераат нихилистичкиот став "А кој друг". А без политичка доминација не би можеле да имаат и 100% монопол на власта, а без која целиот овој коруптивен систем не би можел да функционира.