Западот само прави лошо на Украина со овие делумно давање на опрема. Ај ќе им пратиме 30 IFV, па после еден месец ајде некој тенк, па наредниот друго нешто и се така инкрементално за да сега украинците бројката од 300 тенка што ја бараа почнаа да спомнуваат барања од 1 000 тенка. Еве Британија ќе дала 10тина тенка, Полска 10тина тенка. Или нека соберат све што им треба или да не ги лажат вака да умираат, после офанзивата во Харков како да издишаа и доста опрема изгледа изгубија за да направат некоја нова офанзива.
Им даваат доволно да не бидат прегазени и да задржат ама не им даваат и да направат нешто сериозно.
Друго нешто изгледа дека све што се собраа од источните земји и тоа што имаше Украина во голем број е уништено, а и доста М777 имаше видеа каде одат во историја и слична западна артиерлија е уништена што ја пратија.
Одложувањето со праќање на тенкови ми делува дека сакаат што подолго трае каде сакаат повеќе да ја ослабнуваат Русија ама притоа Украина ќе плати страшна цена која и сега ја плаќа, друго дека можеби очекуваат Русија да ја заврши војната и трето што ги плаши да не падне митот за нивните супериорни оружја. Најверојатно е комбинација од првото и третото, со оглед на тоа што 5 милионски $ тенк се уништува од 20кг atgm не сакаат САД/Германија да си расипат имиџот на нивните супер тенкови и да има 100тици видеа по интернет како што имаат русите за нивните тенкови.
По Јемен хутитие со ирански atgm ги уништуваа абрамсите на саудијците од 2-3км далечина.