Војна во Мексико

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
Забраната за наркотици во Мексико нема врска со конзумацијата во Мексико, нити пак со појава на картелите.

Како паралела можеш да ја земеш Македонија во 20-30ти од минатиот век. Ниту бил забранет опиумот, ниту пак неговата конзумација била пандемска, а сепак нарко картели постоеле.

Не е проблем забраната како забрана, проблем е што заради корупција законите не функционираат што треба да ја спроведат таа забрана. Бирократијата околу фаќање и казнување на дилерите и наркобосовите во САД го прават своето. Речиси јавно се знае кои се босовите и неретко имаат медиумска покриеност. Па дури и во Мексико, мислиш дека САД нема моќ да ги среди картелите за неколку дена, ако сака.

Приказните за легализација на тешките дроги се нон сенс и на исто рамниште како да се дозволи дечја проституција, за да се добираат даноци.
Зошто не легализација на тешки дроги? Фино лепо легализација на све, со тоа што здравствено осигурање не важи за тој што сака да конзумира, па ко воли нек изволи. Си купил хероин во аптека, ако нешто ти стане ќе си платиш приватно лекување, исто и за пушачи. И печат у книшка, па кој сака нека си вработува допмани и слично. Исклучок од ова канабис, печурки, ајахуаска и слични супстанци кои нефер се стаени во иста група со тешки дроги.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.572
Поени од реакции
27.403
Не би рекол дека е така, а историјата го покажува спротивното. Со тоа што наркотиците се забранети се креираат вештачки монополи бидејќи во такви услови само големи играчи може да произведуваат и дистрибуираат дрога со ова по дифолт се креираат супер банди/мафии/картели.(Кои пак си носат дополонителни проблеми што се значително полоши од самата консумпција на дрога)
Ти кажав пример од историјата, со првите нарко картели во минатиот век. Ниту било забрането производство, ниту била забранета конзумација, но сепак нарко картелите постоеле. А ти тука викаш историјата го покажува спротивното.

Проблемот со нарко картелите е што ги гледаш само нив како одговорни за таа појава. Како што кажав, САД може за неколку дена да го сосече секој канал кој и носи наркотици во државата, но тоа не го прави. Како што кажа @Solaire of Astora цела фармаколошка индустрија се базира на „лекови“ кои се самите по себе проблематични и самиот здравствен систем ги (зло)употребува. Истото ќе се случи кога би се легализирале тешките дроги, со таа разлика што тогаш тие дроги ќе бидат ултра достапни и ќе бидат злоупотребувани од здравсвениот систем.

И разликата ќе биде во тоа што од една страна ќе бидат подостапни наркотиците, а од друга страна луѓето ќе плаќаат данок.

Да дрогата е штетна, но штетни се и цигарите, алкохолот, некои велат штетно било јадење месо, леб, некои велат да сме немале секс пред брак итн.

Каде е тука границата?
Добар пример ти се цигарите. Цела индустрија се родила од оваа болест. Во нашите предели не се знаело што е цигара, што е тутун. Но ете индустријализацијата довела до тоа да доведе зависноста на никотин до пандемски размери. Замисли си да бил никотинот криминализиран, нема да имало пасивно труење, нема да пушеле луѓето кај стигнеле и ќе се криеле, нема да имало дискретни реклами за цигарите, а вака сега имаме ситуација каде што 50% од населението е навлечено на никотин. Воала, паметна работа, важно даноци се плаќаат.

Ти реков, ајде да ја легализираме и дечјата проституција, можеме да мантраме дека така ги штитиме децата од болести или од лоша судбина, и како чери он топ, ќе се плаќаат даноци.

П.С Како би постоела корупција ако не постојат супер картели со длабоки џебови?
П.С2 Кој е бенефитот од забрана на наркотици?
- Престанок на производство. Не.
- Помала конзумација. Не
- Трошење на ресурси кои би можеле да се искористат за рехабилитација. Да
Многу либтард аргументи даваш. Ти реков, ако нема корупција, престанокот на производството би бил инстантен, конзумацијата би се намалила на левел од пред 50 години, и автоматски не би имало потреба да се трошат пари за рехабилитација.

Не е проблемот во криминализацијата на наркотиците, туку е проблемот до искреноста на системот да се справи со нив.
Автоматски споено мислење:

Зошто не легализација на тешки дроги? Фино лепо легализација на све, со тоа што здравствено осигурање не важи за тој што сака да конзумира, па ко воли нек изволи. Си купил хероин во аптека, ако нешто ти стане ќе си платиш приватно лекување, исто и за пушачи. И печат у книшка, па кој сака нека си вработува допмани и слично. Исклучок од ова канабис, печурки, ајахуаска и слични супстанци кои нефер се стаени во иста група со тешки дроги.
Зошто не?

Затоа што цела општество е конзумерско и општото познавање за опасноста на овие материи ќе биде во рацете на тие што имаат пари за маркетинг. Познавајќи како функционира маркетингот во денешно време, можам со глава да ти тврдам дека кокаинот преку ноќ ќе стане едно од не толку опасните супстанци. Како што има пример со Хероинот како лек за кашлица од 30тите од минатиот век.

1673275638492.png

Кој ќе ни ги заштити децата од ова?
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.201
Поени од реакции
30.386

Zosto ne totalna zabrana i kazna za konzumantite pa ni kartelite da se bogatat, i lugeto na detoks.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.103
Поени од реакции
9.442
Проблемот со нарко картелите е што ги гледаш само нив како одговорни за таа појава. Како што кажав, САД може за неколку дена да го сосече секој канал кој и носи наркотици во државата, но тоа не го прави.
Верувам дека службите земаат процент од заработката за полнење на црните буџети.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.291
Поени од реакции
18.279
Мексико нема проблем со конзумација на дрога. Картелите не живеат од локалниот пазар. Може да ја легализираат или да го обесат секој наркоман, пак нема да смени ништо.

Нивниот проблем е што Америка им го аутсорсира производството на дрога таму, а дрогата кај американците е ем нелегална ем широко распространета. Америка е многу побогата од Мексико и овој прилив на пари ги прави картелите помоќни и поорганизирани од државата во некој региони. Картелите во Мексико не е ко италијанската мафија, банда криминалци. Тоа е структура ко талибанците со подршка од локалното население кое живее од тие пари.

Тоа што вие го дискутирате е за друга тема, независна од мафијата. Има аргументи и за и против.Дефимитивмо ова ко што е сеа во западните општества е најлошо. Ем е као забрането, ем е кул, плус лесно достапно. Пола народ заглаени на тешки дроги, а во јавност ќутенка за проблемот зашто е табу тема за постарите. Сите среќни :)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
Zosto ne totalna zabrana i kazna za konzumantite pa ni kartelite da se bogatat, i lugeto na detoks.
Pa kao nesto od toa se pravi sega, samo sto jasno e deka toa e neiskreno, odnosno sosema sprotivno od deklarativnite zalozbi na drzavata/sistemot, deka se bori protiv drogite, krajno licemerno bidejki samiot sistem go kreira se ova. I vaka i taka tepaniot tepan ke bide, koj moze da se ispreci pred mokta na golemata farma i koruptivnosta na lugeto?

Go pisav kako predlog za da konecno lugeto sfatat deka treba da pocnat sami da se grizat za sebe i da prevzemat odgovornost, koga toa i koja toa drzava nekogas se grizela za obicniot covek? Ete, mozebi idejata da bidat iskluceni od zdravstveniot sistem ke gi potikne lugeto da sfatat deka treba da se grizat za sebe, ma da od toa nisto nema da bide, lugeto po priroda se mrzlivi pretezno. Krajno, zosto jas i ti da plakame za nekoj sto resil da se drogira i si tera kejfovi?

Istovo bi bilo i odgovor kon @jamajka , znam sto saka da kaze i totalno sum so istoto mnenie, a za decata velat, ako ti ne im najdes zanimacija togas gavolot ke im najde, ma da ke bese dobro da bea rabotite taka crno beli, ima miljon navidum slicni, a vsusnost sustinski razlicni primeri i prikazni za kako lugeto si go unistile zivotot so ovie raboti i sekoj e unikat sam za sebe.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.201
Поени од реакции
30.386
Pa kao nesto od toa se pravi sega, samo sto jasno e deka toa e neiskreno, odnosno sosema sprotivno od deklarativnite zalozbi na drzavata/sistemot, deka se bori protiv drogite, krajno licemerno bidejki samiot sistem go kreira se ova. I vaka i taka tepaniot tepan ke bide, koj moze da se ispreci pred mokta na golemata farma i koruptivnosta na lugeto?
Ne se pravi nisto, silite koi go dozvoluvaat patot na drogata od kolumbija, do protektoratot nad nas i vo nas nemaat za plan da se zabrani i nikogas nemale, tuku nivna kontrola i carina.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.739
Поени од реакции
4.497
да се работи за твое дете да го фатиш со шприцот во рака ќе видиме дали ќе збориш така.
Баш за мое дете зборувам така. Што е подобро моето дете да се крие и да се дрогира или да побара помош во развиена институција за рехабилитација?

Во идеален случај ќе го едуцирам моето дете да не се дрогира ама ако тоа се случи кое фајде има забраната?

Прошетај се во било кој град поготово во западна Македонија ти гарантирам дека ќе најдеш дрога без некоја поголема тешкотија иако е забранета.

Муабетот е дали и какви ефекти има забраната. Проблемот што многу луѓе го имаат е делузијата дека проблемите се решаваат со закони, а не до човечки труд и жртва.

Поддршка од фамилијата и пријателите ќе те спаси од коцка и дрога, а не бирократија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.796
Поени од реакции
42.414

верувам дека твоите совети ќе му помогнат ако кристал мет се конзумира на ист начин како алкохол со кој што го споредуваш.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Ете каде завршува дел од американската воена помош за Украина: картелите сега имаат противвоздушна одбрана. Браво Бајден, браво транџибили (y)

Страшно е што им се случува на недолжниов народ без некаква најава, пуканција на сите страни и одненадеж. Инаку војнички, таков потег со провокација за конечна пресметка се влече кога си подготвен за таа пресметка а другата страна не е. И тоа како војската треба да се вмеша тука и тоа да извади сѐ од арсеналот- и тенкови, и јуришни хеликоптери и дронови и тешки митралези, артилерија... ако им е мила земјата и сакаат да ја оправат, конечна пресметка со подземјето мора да има. Ако знаат надлежните за разузнавање дека картелите сега се слабички, тоа е шанса да ги маваат со сета сила.
 
Последно уредено од модератор:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.739
Поени од реакции
4.497
Ти кажав пример од историјата, со првите нарко картели во минатиот век. Ниту било забрането производство, ниту била забранета конзумација, но сепак нарко картелите постоеле. А ти тука викаш историјата го покажува спротивното.

Проблемот со нарко картелите е што ги гледаш само нив како одговорни за таа појава. Како што кажав, САД може за неколку дена да го сосече секој канал кој и носи наркотици во државата, но тоа не го прави. Како што кажа @Solaire of Astora цела фармаколошка индустрија се базира на „лекови“ кои се самите по себе проблематични и самиот здравствен систем ги (зло)употребува. Истото ќе се случи кога би се легализирале тешките дроги, со таа разлика што тогаш тие дроги ќе бидат ултра достапни и ќе бидат злоупотребувани од здравсвениот систем.

И разликата ќе биде во тоа што од една страна ќе бидат подостапни наркотиците, а од друга страна луѓето ќе плаќаат данок.

Добар пример ти се цигарите. Цела индустрија се родила од оваа болест. Во нашите предели не се знаело што е цигара, што е тутун. Но ете индустријализацијата довела до тоа да доведе зависноста на никотин до пандемски размери. Замисли си да бил никотинот криминализиран, нема да имало пасивно труење, нема да пушеле луѓето кај стигнеле и ќе се криеле, нема да имало дискретни реклами за цигарите, а вака сега имаме ситуација каде што 50% од населението е навлечено на никотин. Воала, паметна работа, важно даноци се плаќаат.

Ти реков, ајде да ја легализираме и дечјата проституција, можеме да мантраме дека така ги штитиме децата од болести или од лоша судбина, и како чери он топ, ќе се плаќаат даноци.

Многу либтард аргументи даваш. Ти реков, ако нема корупција, престанокот на производството би бил инстантен, конзумацијата би се намалила на левел од пред 50 години, и автоматски не би имало потреба да се трошат пари за рехабилитација.

Не е проблемот во криминализацијата на наркотиците, туку е проблемот до искреноста на системот да се справи со нив.
Автоматски споено мислење:

Зошто не?

Затоа што цела општество е конзумерско и општото познавање за опасноста на овие материи ќе биде во рацете на тие што имаат пари за маркетинг. Познавајќи како функционира маркетингот во денешно време, можам со глава да ти тврдам дека кокаинот преку ноќ ќе стане едно од не толку опасните супстанци. Како што има пример со Хероинот како лек за кашлица од 30тите од минатиот век.

Прегледај го приврзокот 361657

Кој ќе ни ги заштити децата од ова?
Велам поради тоа што го покажува историјата. Суштината не е само дали постоеле туку колкав бил размерот.

Дали пред за време и после прохибицијата ја имале истата моќ и размер.

Како Португалија од бр 1 џанкери и хив позитивни за само 10 години се бр 1 по најмалку корисници и најмалку хив позитивни.

Друга работа е што иако посочив упорно го игнорираш економскиот аспект.

Велиш дека УСА ако сакаат можат, а го игнорираш влијанието на парите.

Како аналогија земи го Скопје и урбаната мафија каде можеш да го набљудуваш истиот ефект.

Толку е исплатливо да се гради Скопје што не е проблем било каква сума за мито да се даде, воедно и самиот град се финансира од тие пари.

Суштината тука е судирот на интереси.

Така и во УСА и на други места ако мафијата/картелот има милијарди долари секогаш ќе се најде некој што ќе замиже или пак ќе му се закануваат, ќе му киднапираат блиска личност итн.

Ти пишав во другиот пост и објанив што како и пак кажуваш неповрзани работи со дечја проституција барем потруди се да прочиташ пред да зборуваш глупости.

Класичен think of the children аргумент.

Освен тоа како што пишав претходно битни се деталите. Тоа што нешто е легално не значи дека ќе биде дозволено да се рекламира.

Еве цигарите се легални па маркетинг е забранет.

За пасивно пушење си во право и тука се согласуваме ама истото го кажав во прошлиот пост државата треба да интервенира ако трета особа е оштетена така да дома нека си пуши некој колку сака ама за јавни места треба да има забрана.

Ние и имавме веќе таков закон ама се смени со смена на власта.

П.С Мислам дека имаш заблуда што се подразбира под легализација на наркотици.
Автоматски споено мислење:

верувам дека твоите совети ќе му помогнат ако кристал мет се конзумира на ист начин како алкохол со кој што го споредуваш.
Буквално ништо не си прочитал од тоа што го напишав.
Автоматски споено мислење:

верувам дека твоите совети ќе му помогнат ако кристал мет се конзумира на ист начин како алкохол со кој што го споредуваш.
Кој им помага на еден куп Американци кои се зависници и покрај тоа што постои забрана?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.572
Поени од реакции
27.403
Ти пишав во другиот пост и објанив што како и пак кажуваш неповрзани работи со дечја проституција барем потруди се да прочиташ пред да зборуваш глупости.
Накратко истите тие бенефити кои ги спомна за легализирање на тешките дроги можат да се набројат и за дечјата проституција. На пример, децата ќе добиваат обука и здравствена заштита и ред други работи.

Не сакам ни да набројувам за дечја проституција, пошто ми е гад и да помислам. А од друга страна ти воопшто немаш проблем да се легализираат супстанци кои можам да кажам дека се виновни за тоа што Македонија го поминуваше во девеесетите и што остави тешки последици кои и ден денеска се чувствуваат. Незнам колкави ти се децата и дали воопшто си женет и со деца, но незнам дали ќе се осеќаш добро кога детето ќе ти дојде дома и ќе ти извади цигари на маса. И незнам колку ќе можеш да му помогнеш во спознанието дека кокаинот е штетен по здравје, во оној момент кога фармацијата ќе го рекламира како нешто позитивно. Ти најверојатно си растен во некое мало изолирано парче од Македонија или во некое село, кајшто ве одминала дрогата, за да размислуваш вака. Не верувам дека некогаш си бил во допир со некој кој имал сериозен проблем со дрога, ниту пак си имал некој близок што го однела матната.

Велиш дека УСА ако сакаат можат, а го игнорираш влијанието на парите.
Така и во УСА и на други места ако мафијата/картелот има милијарди долари секогаш ќе се најде некој што ќе замиже или пак ќе му се закануваат, ќе му киднапираат блиска личност итн.
Значи одговорот е место да се бориме против корупцијата, ќе ги отвориме вратите на девијацијата. Поготово нарко аспектот и така, наместо државата да се бори со недозволените супстанци едноставно заради корупција ќе се откаже од борбата и ќе заработува од нив. Кога сме веќе кај тоа, пак ќе се навратам за дечјата проституција.... каде што важи истото ова што го кажуваш.

Па ајде тогаш следно што да биде... Да отвориме ценовник за убиства. Па така на пример секој да има одредена сума пари казна за кои може да биде убиен. За да направиме тоа да биде поисплатливо за државата, едноставно казната за човек ќе биде онолку колку што плаќа данок во рок од 3 години. Замисли колку заштедува државата така за пензии и колку би заработувала од казни. Не ми се свиѓаш метак у чело и фино лепо одам утре у станица, добар ден, добар ден, Јас сакам да пријавам убиство на тој и тој, сакам да платам казна. Дури може на пример и инсентив, ако платиш првите 8 дена, попуст 30%. Тоа воедно ќе биде и мотивација да се плаќа данок, да не може секоја будала да си приушти да те убие.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.324
Поени од реакции
7.680
Ти реков, ако нема корупција,
За да нема корупција, тргни ги регулации и законите. Докажано во повеќе наврати.

Во Македонија еден нарко бос (дон Мијале) заменивме со друг, народ мува не го лази, а ти фантазии пишуваш:

Битно некој што решил да смири живците наместо со дијазепам зел марихуана да му го сјебеме животот по затвори.

реков, ајде да ја легализираме и дечјата проституција, можеме да мантраме дека така ги штитиме децата од болести или од лоша судбина, и како чери он топ, ќе се плаќаат даноци.
Зашто мешаш баби и жаби, наркотици со кои сам се сјебуваш и детска проституција, каде друг уништуваш?

Најбитното ти го напишаа:
Go pisav kako predlog za da konecno lugeto sfatat deka treba da pocnat sami da se grizat za sebe i da prevzemat odgovornost, koga toa i koja toa drzava nekogas se grizela za obicniot covek? Ete, mozebi idejata da bidat iskluceni od zdravstveniot sistem ke gi potikne lugeto da sfatat deka treba da se grizat za sebe, ma da od toa nisto nema da bide, lugeto po priroda se mrzlivi pretezno. Krajno, zosto jas i ti da plakame za nekoj sto resil da se drogira i si tera kejfovi?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.572
Поени од реакции
27.403
За да нема корупција, тргни ги регулации и законите. Докажано во повеќе наврати.

Во Македонија еден нарко бос (дон Мијале) заменивме со друг, народ мува не го лази, а ти фантазии пишуваш:

Битно некој што решил да смири живците наместо со дијазепам зел марихуана да му го сјебеме животот по затвори.

Зашто мешаш баби и жаби, наркотици со кои сам се сјебуваш и детска проституција, каде друг уништуваш?

Најбитното ти го напишаа:
Хммм
Сега гледам и ти си се загрижил за даноците...интересно.

Реков тешки дроги, не реков Марихуана, прво и основно.

Второ викаш баби и жаби мешам. И ти изгледа си во саксија растен во девеесетите. Што знае дете од 13-14-15 години повеќе од тоа да биде кул? Знае што е штетно за него? Баш нема никаква разлика помеѓу дечјата проституција и дрогата. Во 90тите години имаше деца од 12 години зависници, многу од нив уствари завршија со дечја проституција. Според вас, да беше легална дечјата проституција, многу од нив ќе се најдеа на време и ќе се заштитеа од болести, и ете ќе се плаќаше данок. Па ако сакаш тргни и од марихуаната, каде се конзумира повеќе, таму кај што е легална или нелегална? Каде е подостапна за децата? Али важно данок се плаќа, нели?

Ете трамадолите се легални во Македонија и се регулирани со закон. Лесно достапни и евтини. 20 денари.

И не ми е воопшто јасно како може да има некој став, нешто што е штетно за поединецот, па и за нацијата да биде легално. Па згора на тоа со дебилни изговори, попут нема потреба да се бориме со корупцијата, ајде ќе ги легализираме тешките дроги. Линија на помал отпор. Реков претходно, ајде нека се легализира све и да се вратиме неколку милениуми наназад, што има да постојат ограничувања за човекот, тој треба сам да се пази.

Кога сме веќе таму, во еден став аргумент се користи дека човекот треба сам да се пази(да оддолее на кокаинот), а за истата работа да користиш аргумент дека човекот не може да оддолее на парите (за корупцијата). Оксиморон.

И значи да ја изигнорираме цела еволуција на цивилизацијата и да се вратиме во камено доба, најарно ќе да е според вашите аргументи.

И башка кој треба да ги регулира дрогите ? Оние кои ти воведоа задолжителни неколку дози за вакцинирање и локдаун, против кои толку се извика. Почињаш на тенеќе на личиш.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.324
Поени од реакции
7.680
Сега гледам и ти си се загрижил за даноците...интересно.
А да си идеш на очно, оти не знам кај виде дека сум загрижен за даноците ....

И ти изгледа си во саксија растен во девеесетите. Што знае дете од 13-14-15 години повеќе од тоа да биде кул? Знае што е штетно за него?
Да де, 13год не знаат дека дрогата е штетна. Ти на 13г не знаеше дека дрога не треба да земаш, родителите не ги учат своите деца што е ок, а што не ....

Па згора на тоа со дебилни изговори, попут нема потреба да се бориме со корупцијата, ајде ќе ги легализираме тешките дроги.
Ти да не си му близнак на Ванлок ? Не реков дека нема потреба да се бориш против корупција, туку корупција секогаш имало и ќе има, а за да немаш лажна надеж, а успех во иднина, тргни ја причината за корупција. Штом имаш закон, регулација, каде што треба да идеш " на баци рака" или за да ти се прогледа низ прсти, тогаш се јавува и корупцијата.

Линкот што го пратив е доказ дека нема шанси да ја победиш корупцијата, ниту една држава, кралство, империја не успеала во тоа, се додека имале 100ци закони и регулации. Бидејќи имаш одговорни (Мијале и Заеви) кои гледаат дали законите и регулациите се почитуваат, ама и тие имаат уста и стомак, луѓе се, па кркаат на велико злоупотребувајќи ја моќта. Плус сите пари идат кај нив, па со тие пари имаат моќ цела држава да ја сјебат.

Кога сме веќе таму, во еден став аргумент се користи дека човекот треба сам да се пази(да оддолее на кокаинот), а за истата работа да користиш аргумент дека човекот не може да оддолее на парите (за корупцијата). Оксиморон.

И значи да ја изигнорираме цела еволуција на цивилизацијата и да се вратиме во камено доба, најарно ќе да е според вашите аргументи.
Оксиморон твоето е. Сакаш човек кој не може да одолее на пари и моќ, да се грижи за другите.
Дај пример за твоево тврдење: еволуцијата на цивилизацијата зависи од законите и регулациите. Детска проституција и сега имаш, во Холандија педофилите некако слободно се чувствуваат, а цивилизирана држава нели. Светов доживеал развој во моменти кога немало мешање на државата, а секогаш имаш пропаст кога има се повеќе закони и регулации.

Закон и регулација можеби мал % од луѓето спречило да земат дрога или да имаат секс со тинејџер, мнозинството се свесни дека тоа не е добро и затоа не го прават. Според твоиве пишувања, ти во тој мал % си, а сигурен сум дека не си таква личност.
Јасно ми е како родител сакаш се најдобро за децата, ама да очекуваш друг да се грижи за твоите деца да не прават глупости, не е реално дека ќе биде така.

И башка кој треба да ги регулира дрогите ? Оние кои ти воведоа задолжителни неколку дози за вакцинирање и локдаун, против кои толку се извика. Почињаш на тенеќе на личиш.
Никој не треба да регулира дрогите, тоа пишувам, не знам како се поразилично прочита :toe: . Ти кажаа предности од легално се да е, ти дадоа примери со такви држави, а самиот си свесен како е сега, кога се нелегални. Работата е да израснеш деца, да знаат што е добро за нив, што да сакаат, а што не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom