Што мислите за Жан Митрев?

  • Креатор на темата Креатор на темата Непознат
  • Време на започнување Време на започнување
Не навлегувам во детали, во МК на доктор последно пред 12 години бев, така да не ги знам кои се познати кои се непознати, колку се добри или лоши. Поентата ми е само, како е ова нешто позитивно? Пола минута преглед 20 наредени ко овци стрижење па рекорд ќе правиме. Секаде каде што сум бил за позитивно се смета кога доктор ќе одвои време да те сослуша, основно е тоа. За пола минута колку информации може да прими човек за да има основа за анализа и дијагноза? Да не е видовит случајно? Кој ја прави дијагонозата врз основа на која припишува терапија за 30 секунди? Што уствари е смислата на тој 30 секунден преглед, да се поздрави само со пациентите? Не го сфаќам принципов и зошто истиот е за фалење толку.
Другар прегледот беше контролен после операционен зафат, докторот кога влезе го знаеше пациентот со име презиме, што работи си направија смешка шала, го прегледа и му препиша терапија... ти погрешно си сфатил дека требало дијагноза да му поставува за една минута, во мој случај веќе оперативниот зафат беше успешно завршен и пациентот беше пуштен дома, при што нормално имаше контроли на одреден временски период.
 
Рецимо Караѓозов во Систина е далеку помалку извикан и изрекламиран, но човекот е машина, мој близок беше негов пациент му правеше операција на аорта или како и да се вика тоа, нешто околу крвни садови, го среди го направи тип топ, но ме фасцинираше кога еднаш го водев на контрола, 20 пациенти чекаат за контрола тој доаѓа ги распоредува во посебни простории и започнува со контролата, кај секој пациент се задржува пола минута до минута и веќе знае што треба да му препише и завршува... едноставно за секој пациент е запознаен со име презиме, дијагноза и при преглед веќе знае која терапија да му препише, јас вака со отворени уста гледам и не ми се верува каква рутина и брзина во работата има... по тоа што слушнав на крај не знам колку е точно, човекот лапа 20.000 евра на месечно ниво, ќути и работи без да се експонира, што е за скидање капа.
Овој е причината заради која веќе не сум стапнал во Систина, уште еден лопов кој има да ви ги испумпа до денар од џеб, а за преживување палете си кандилце.
 
Караѓозов е прав касап, сече нозе, раце, партал ги прави пациентите без милост. Тој е на работа од јутра до сутра, зема и по 50000 евра плата во еден месец, дома не се прибира, додека жена му маме им ебава на парите, секој ден е во шопинг.
 
Не навлегувам во детали, во МК на доктор последно пред 12 години бев, така да не ги знам кои се познати кои се непознати, колку се добри или лоши. Поентата ми е само, како е ова нешто позитивно? Пола минута преглед 20 наредени ко овци стрижење па рекорд ќе правиме. Секаде каде што сум бил за позитивно се смета кога доктор ќе одвои време да те сослуша, основно е тоа. За пола минута колку информации може да прими човек за да има основа за анализа и дијагноза? Да не е видовит случајно? Кој ја прави дијагонозата врз основа на која припишува терапија за 30 секунди? Што уствари е смислата на тој 30 секунден преглед, да се поздрави само со пациентите? Не го сфаќам принципов и зошто истиот е за фалење толку.
...сосема си во право, пациентот одсекогаш сака разговор и објаснување, не само плукни залепи терапија, ама да се оправдат тие 20 000 Е плата мора повеќе пациенти да му помине во текот на денот, тоа му доаѓа како патарина на таков кардиоваскуларен хирург (доктор).
lens-mitko.jpg

...златен ланец на откопчена бела работна униформа кажува за карактерот или не? :toe:

...куј знае која е вистината!? :nesumjas:
 
Последно уредено:
...сосема си во право, пациентот одсекогаш сака разговор и објаснување, не само плукни залепи терапија, ама да се оправдат тие 20 000 Е плата мора повеќе пациенти да му помине во текот на денот, тоа му доаѓа како патарина на таков кардиоваскуларен хирург (доктор).
Прегледај го приврзокот 343367

...златен ланец на откопчена бела работна униформа кажува за карактерот или не? :toe:

...куј знае која е вистината!? :nesumjas:
Чоекот има златен ланец, ваљда со крст како голем верник па сака така раскопчан и со крагња тип "Саво Милошевич на европско" да манифестира дека е спремен дури и Чак Норис да го победи у мода, плус и да сее вуна било каде со неговиот вуњаст тепих.
 
Не знам што да речам, не сака да го правдам али ако умирал луѓе зошто ред се чека кај него? Мислам добар глас на далеку се слуша, лош уште подалеку.
 
Samiot gest sto go primil mladiot decko na besplatno lekuvanje - e za pozdravuvanje.

Ama, kolku deca ima sto nemaat potrebno finansii a imaat potreba od itni operacii? Za kolku luge postojano ima otvoreno donatorski smetki? Kolku luge be mozat da si dozvolat itni lekarski intervencii?

Ako ova e voobicaena praktika na bolnicata I ako I prethodno lekuval pro bono - sekoja cest!
Ama ako ova mu e edinstven slucaj, I toa tokmu koga my frcat krivicni prijavi, koga e pod lupa na site inspekcii I koga ugledot mu e seriozno narusen - togas (bez razlika na blagorodniot slucaj), jas ova go dozivuvam samo kako dobar PR marketing.

Mme, ako godisno zarabotuvaat 8 mil evra cist profit, kolku % bi gi kostalo ako, primer, ednas mesecno lekuvaat besplatno pacient koj nema dovolno finansii?
 
Овој е причината заради која веќе не сум стапнал во Систина, уште еден лопов кој има да ви ги испумпа до денар од џеб, а за преживување палете си кандилце.
јас имам спротивно искуство... али секој со своето.
 
Жан Митрев... Што да се мисли за човеков... Доктор, професионалец, приватњак... како и многу други... кој скапо ги наплаќа своите услуги, е сега тоа што народот нема пари за приватно да се лечи, за тоа не е виновен Жан... Колку пари, толку музика !
 
Пример како еден идол на секој студент на медицина во МК, ќе стане таргет на рекетари и сега не само што апсаана ќе го стават, туку и се ќе му земат пошто општеството ни е вистинка калакурница.

Ако го судат и најдат вина во него, ќе се согласам само ако и министерот за смрт Фиљипче му праи друштво во ќелијата за знаење за сето ова и за непостапување на својата службена должност!
 
... а ќе ги судат новопечени судии со 3 години правен факултет, на кои Статут и статус им е исто! :pos:
 
Скапи услугите лапач за пари... Што и да прашаш цена втаван... Кој им даде онакво право цени од ракав да тресат, несме Германија у пм
 
Скапи услугите лапач за пари... Што и да прашаш цена втаван... Кој им даде онакво право цени од ракав да тресат, несме Германија у пм
Такви цени им дозволила државата, да имаше капацитет јавното здравство, немаше да има потреба народот да тропа на тие порти и да се моли!
 
Пример како еден идол на секој студент на медицина во МК, ќе стане таргет на рекетари и сега не само што апсаана ќе го стават, туку и се ќе му земат пошто општеството ни е вистинка калакурница.

Ако го судат и најдат вина во него, ќе се согласам само ако и министерот за смрт Фиљипче му праи друштво во ќелијата за знаење за сето ова и за непостапување на својата службена должност!
Тоа што одредени студенти идолизираат одредена јавна личност, успешна во своето поле, не го става ниту над законот, нути му дава слобода, во овој случај, да експериментира повикувајќи се на своето име (реноме) и статус. Тоа ти е исто како еден еминентен кривичар или социолог, со цел имплементирање некој нов (научен) метод (или техника, технологија, производ...) за ресоцијализација на затворениците, без нивна согласност, а притоа во спроведување на истиот да постои потенцијална опасност по нивниот живот и/или здравје, да започне тест експирементални студии кои, во пракса, навистина даваат или би дале одлични резултати! Или можеме со уште попрост, реален и секојдневен, пример од сферата на медицината.

Докторите се секогаш заштитени како бели мечки, последно со експертите на Лекарската комора, која застанаа зад Асани. Претпоставувам и дека, Асани, е ваш идол. Покорисен е на слобода отколку во затвор. Нели?

Ако најдат вина, односно ако го прогласат за виновен, Митрев, може да добие условна казна, парична казна и/или алтернативна мерка. Кривичната постапка не секогаш резултира само и само со казна затвор (ако обвинетиот е прогласен за виновен). Прашањето е дали јавното обвинителство ќе покрене нови обвинителни акти, или дали ќе ја прошири истрагата кон други лица, гледам, Митрев, го товарат само за измама. Ако остане на ова, сметам дека ќе изеде дебела парична казна. Ништо повеќе.

Скандалот пукна, медиумите гладно ја следат истрагата во чекор, има меѓународен интерес, во прашање беа ставени и човечки животи, а и пристапи кон трупање на рекордни профити во време на пандемија, со што се навали и јавната тежа против него. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom