Пример како еден идол на секој студент на медицина во МК, ќе стане таргет на рекетари и сега не само што апсаана ќе го стават, туку и се ќе му земат пошто општеството ни е вистинка калакурница.
Ако го судат и најдат вина во него, ќе се согласам само ако и министерот за смрт Фиљипче му праи друштво во ќелијата за знаење за сето ова и за непостапување на својата службена должност!
Тоа што одредени студенти идолизираат одредена јавна личност, успешна во своето поле, не го става ниту над законот, нути му дава слобода, во овој случај, да експериментира повикувајќи се на своето име (реноме) и статус. Тоа ти е исто како еден еминентен кривичар или социолог, со цел имплементирање некој нов (научен) метод (или техника, технологија, производ...) за ресоцијализација на затворениците, без нивна согласност, а притоа во спроведување на истиот да постои потенцијална опасност по нивниот живот и/или здравје, да започне тест експирементални студии кои, во пракса, навистина даваат или би дале одлични резултати! Или можеме со уште попрост, реален и секојдневен, пример од сферата на медицината.
Докторите се секогаш заштитени како бели мечки, последно со експертите на Лекарската комора, која застанаа зад Асани. Претпоставувам и дека, Асани, е ваш идол. Покорисен е на слобода отколку во затвор. Нели?
Ако најдат вина, односно ако го прогласат за виновен, Митрев, може да добие условна казна, парична казна и/или алтернативна мерка. Кривичната постапка не секогаш резултира само и само со казна затвор (ако обвинетиот е прогласен за виновен). Прашањето е дали јавното обвинителство ќе покрене нови обвинителни акти, или дали ќе ја прошири истрагата кон други лица, гледам, Митрев, го товарат само за измама. Ако остане на ова, сметам дека ќе изеде дебела парична казна. Ништо повеќе.
Скандалот пукна, медиумите гладно ја следат истрагата во чекор, има меѓународен интерес, во прашање беа ставени и човечки животи, а и пристапи кон трупање на рекордни профити во време на пандемија, со што се навали и јавната тежа против него.