Мојата приказна,
Отидов на брод (
Norwegian Cruise Line) преку Мајоми, се излезе супер со нив, сепак, Мајоми се претставници на Employment Power од Хрватска (?), така да се што стигаше од Хрватска, Мајоми ми пренесуваа.
Бродот моментално (12ти Декември) беше на Канарски Острови, па во лето (од 17ти Април) шета по медитеран.
Работев како фотограф во тим кој константно се менуваше. Се менуваа вработени, препраќаа од еден на друг брод, се откажуваа... Сепак е се до човекот, нема викенди и слободни денови, скоро секој ден се станува рано и дневно се работат од 10 до 12 саата.
Првиот ден од крузот е Embarkation Day, ги чекавме гостите во терминалот каде што ги сликавме пред зелено платно, па после
сликите ги монтираа во
Darkroom.
Следниот ден се укотвувавме, и тогаш на сцена рано настапуваат маскотите (дали
пирати, витези,
тореадори,
мускетари,
али баби,
гладиатори и што се не, се зависи од местото каде што се укотвувате), во парови обично, една маскота со еден фотограф. Тоа го викаат
Gangway. Први излегувавме надвор, за да ги чекаме гостите и да направиме колку што може повеќе фотографии. Тоа трае некои 3 саати, или додека не останат помалку од 200 гости на бродот, али тоа е одлука на менаџерот, или на асистент менаџерот.
После gangway-от, имавме слободно време, дали ќе шетаме низ градовите, или ќе останевме на бродот..
Во 4, или во 4ипол, (обично) тие што требаа да прават
SetUp на светлата и позадините за вечерта се враќаа на бродот, другите почнуваа дали од 5, дали од 6.
Вечерта тимот се делеше на три дела.
Првиот дел од тимот сликаше портрети, секогаш има 4 позадини, 2 се менуваа дневно, а другите две беа скалите и пијаното во средината. Гости доаѓаат да се сликаат, јас како фотограф требаше да ги знам сите пози на памет, и да експериментирам до некој степен, да сум комуникативен со гостите, да знам да фрлам по некоја смешка за да ги релаксирам, и се разбира, да сликам. Во глобала беше релаксирано на портрети, освен на Формалната Вечер. Е тогаш беше хаос, требаше да се работи брзо и ефикасно, да ги знаеш тие неколку пози складни со позадината и да ги проаѓаш гостите побрзо, затоа што беше преполно.
Вториот дел од тимот беше во
галеријата, продажба. Големите слики (8x10") беа 20$, малите (6х8") беа 13$. Цело време се нудеа и други производи,
папки за слики, албуми,
канваси,
метал принтови и
принтови на стакло. Им помагавме на гостите да си ги најдат сликите, да им објасниме какви понуди имаме и на некој начин да им ги собереме парите.
Третиот дел од тимот (двајца или еден) беше по рестораните, на бродот имаше два главни (
1,
2) и четири (
1,
2,
3,
4) споредни ресторана. Обично правевме по две тури од вечер, и гледавме да направиме што повеќе слики.
Има и други обврски и сликања, еднаш на круз имаше
White Hot Party, слики со капетанот, VIP, слики по палуба...
Малце за бродскиот живот,
Време за одмор имаше, секоја вечер барот за екипажот е отворен, опција беше пиво и вино, квалитетни и не баш многу, ама колку да се истурка вечерта со друштво. Луѓе од цел свет. Храната не беше којзнае што, сарма, пунети пиперки и гравче само на сон. Платата стигаше на време, на крај на месец, 29ти, 30ти. Попуст за екипажот имаше од 10% до 20%.
Лично мислење,
Работата не е тешка, туку е монотона, тоа убива. Имав проблем со првиот менаџер бразилец, кај него се беше квантитет, а за квалитетот само мрчеше, а тие две некако не одат заедно во фотографијата. Неможе никој да испука 500 слики во рок од два саата и на сите тие гости да им посвети доволно внимание. Толку брзо се шалтаа рестораните за да имаме повеќе слики, така да по сликите се гледаа вилушки и шпагети. После се смени менаџерот, и дојде еден енглез кој ги промени работите, повеќе внимание и квалитет, помалце слики.
Се спријателив со еден куп луѓе. Држете се на страна од филипинци, индијци, тајланѓани и малезијци 90% од нив ќе ве чекаат на грешка, завидливи се и дволични.
Светла точка се парите и местата што ги видов. На првиот договор потрошив бајаги од парите, затоа и бев отиден, си испазарив леќа за апаратот, таблет, телефон.. ура ура ура. На пола договор ме унапредија во Лаб Менаџер, полесно ми беше да зборувам со компјутерите отколку со гостите. Следен договор пак почнувам како фотограф, ама на тренинзи цело време во лабараторија. Слушнав дека пак стариот менаџер се вратив, па со среќа нека ми е, некој од нас ќе се врати порано дома
Прикачив линкови од слики на многу места а и пропуштив многу работи да спомнам, па ако има прашања бујрум.