ако сакаш да отидеш, ќе отидеш ако не се тегнеш со “еј, утре“, “ај да видам на работава тука како ќе ми оди“, “чекај пролет нека дојде“ и слично. Гасиш се тука, се активираш за себе, резимиња, портфолија таму што бараат сега, не знам, и пичиш. Дали ќе отидеш на еден договор, или на повеќе, тоа ќе си знаеш после првиот договор. Првиот и вториот месец ќе ти биде интересно, нови луѓе, цимери, бар, журки... третиот месец веќе почнуваат да се кршат стварите
те фаќа носталгија. Четвртиот месец ги мрзиш сите. Петиот месец ги мрзиш сите и себе, а шестиот месец чур ти куе пошто си одиш дома набрзо. Е сега, се враќаш дома, имаш пари у џеб, и или не ти се враќа никогаш повеќе, или си навлечен и ќе се вратиш одма после месец ипол (или колку и да ти е одморот тука).